Власта и опозицијата продолжуваат со меѓусебните прозивки за предвремени парламентарни избори

Власта и опозицијата продолжуваат со меѓусебните прозивки за предвремени парламентарни избори заедно со локалните догодина. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

„Тему“ обвинет за кршење на законите на ЕУ за заштита на потрошувачите

До „Тему“ е испратено барање за усогласување на своите практики со законите за заштита на потрошувачи на Европската Унија.  

Мрежата за соработка во заштита на потрошувачите (ЦПЦ) и Европската комисија по спроведената координираната истрага на европско ниво, заклучија дека сајтот за онлајн трговија „Тему“ користи голем број на практики со кои ги прекршува правата на потрошувачите на ЕУ.

До „Тему“, кој веќе е под истрага на Европската комисија поради продажба на нелегални производи, е испратено барање за усогласување на своите практики со законите за заштита на потрошувачи на Европската Унија.

Истрагата заклучи дека „Тему“ користи широк опсег на практики кои може да ги доведат потрошувачите во заблуда или несоодветно да влијаат на нивните одлуки за купување на стоки преку оваа е-продавница.

Како конкретни практики со кои се кршат законите на ЕУ се посочени наведувањата да се добие впечаток за намалени цени на одредени производи иако тие всушност не се на попуст, ставањето на потрошувачите под притисок купат одреден производ со лажни тврдења за ограничени количини или рокови, присилувањето на корисниците да играат игра на среќа, изнесување нецелосни и неточни информации за враќање на стоките и добивањето поврат на платените средства, како и оневозможувањето на лесно контактирање со „Тему“ за прашања или поплаки.

Дополнително, од „Тему“ се побарани информации околу исполнувањето на обврската за информирање на потрошувачите дали продавачот на одреден стока е трговец, за обезбедување на точна пресметка на наведените попусти, како и за утврдување на веродостојноста на наведените прегледи и оценки и на тврдењата за почитување на еколошките стандарди.

Со истрагата против „Тему“ раководеа белгискиот Генерален директорат за економска инспекција, германската Федерална агенција за животна средина и ирската Комисија за конкуренција и заштита на потрошувачите во координација на Европската комисија.

„Тему“ има еден месец да одговори на наодите од истрагата, по што врз основа на добиените одговори ќе се донесе одлука за следните чекори, кои може да вклучат и казни.

Мрежата ЦПЦ ја сочинуваат институциите за заштита на потрошувачите во 27-те земји членки на ЕУ, Норвешка и Исланд и нејзина задача е да го следи почитувањето на законите на Унијата за заштита на потрошувачите и таа има можност во координација со Еврокомисијата да иницира заеднички истражни и извршни постапки./МИА

Џонатан Пауел назначен за нов советник за национална безбедност на Велика Британија

Џонатан Пауел, поранешен шеф на кабинетот на поранешниот премиер Тони Блер и клучен преговарач во мировниот процес во Северна Ирска, денеска беше назначен за нов советник за национална безбедност во Владата на Велика Британија.

Пауел, кој исто така служеше 10 години како дипломат во британското Министерство за надворешни работи, беше еден од творците на Договорот за Велики петок, кој во голема мера стави крај на тридецениското насилство што ја потресе Северна Ирска од доцните 1960-ти.

„Со искуство во помагање да се преговара за Договорот од Белфаст (Велики петок) и работејќи на некои од најсложените конфликти во светот, тој е квалификуван да ја советува владата за предизвиците што претстојат и да се ангажира со колегите ширум светот за заштита и унапредување на британските интереси“, се вели во соопштението на британскиот премиер Кир Стармер. /МИА

Орбан предвидува дека новата американска влада на Доналд Трамп ќе ја прекине помошта за Украина

Новата американска администрација на Доналд Трамп ќе прекине да дава помош за Украина во нејзината борба против руската инвазија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан пред состанокот на Европскиот совет во Будимпешта.

Орбан е домаќин на самитот на ЕУ еден ден по состанокот на Европската политичка заедница, на кој присуствуваа лидери на ЕУ и највисоки претставници од 47 европски земји.

На денешниот состанок на Европскиот совет војната во Украина ќе биде една од главните теми.

Повеќето од највисоките функционери на 27-те земји на ЕУ веруваат дека снабдувањето на Украина со оружје и пари е клучно за безбедноста на континентот. /МИА

притисни ентер