Орбан предвидува дека новата американска влада на Доналд Трамп ќе ја прекине помошта за Украина

Новата американска администрација на Доналд Трамп ќе прекине да дава помош за Украина во нејзината борба против руската инвазија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан пред состанокот на Европскиот совет во Будимпешта.

Орбан е домаќин на самитот на ЕУ еден ден по состанокот на Европската политичка заедница, на кој присуствуваа лидери на ЕУ и највисоки претставници од 47 европски земји.

На денешниот состанок на Европскиот совет војната во Украина ќе биде една од главните теми.

Повеќето од највисоките функционери на 27-те земји на ЕУ веруваат дека снабдувањето на Украина со оружје и пари е клучно за безбедноста на континентот. /МИА

Американка отишла да пазари во маркет, дома се вратила како милионерка

Жителка на Елмхерст, во американската сојузна држава Илиноис, последните денови е во центарот на вниманието на медиумите, а нејзината приказна е неверојатна.

Таа на 20 октомври дошла во локалниот маркет „Џуел-Оско“ за да купи продукти. Некое време подоцна, таа се збогатила без воопшто да сфати.

„Бев на гости кај тетка ми и решив да застанам до продавница. Кога завршив, купив еден тикет за Lucky Day Lotto, го ставив во торбата и заминав“, открива таа.

Неколку дена подоцна се сетила на тикетот и решила да ги провери броевите. Следеше шокантно изненадување кога сфати дека е побогата за милион долари!

„Кога го видов бројот на екранот, целосно ме шокираа. Повторно ги проверив бројките и почнав да плачам. Ова е неверојатно“, им рече таа на претставниците на лотаријата.

Таа ги погоди сите пет извлечени броеви (2-3-24-25-28), а официјалните лица велат дека ова е деветти џекпот од милион долари во 2024 година.

Пресреќната жена има големи планови, вклучувајќи патувања во странство, пренесува People.

„Она што најмногу ме радува е тоа што можам да си дозволам годишен одмор во мојата омилена земја - Ирска“, заклучила таа.

Судот во Њујорк следната недела решава за пресудата против Трамп по аферата со порно ѕвездата

Судот во Њујорк следната недела ќе одлучи дали ќе ја отфрли пресудата против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во случајот за фалсификување деловни документи, поврзани со аферата со порно актерката Сторми Даниелс.

Судијата на Менхетен, Хуан Меркан, следната недела ќе одлучи дали ќе го прифати барањето на Трамп, кое го поднесе пред изборите, за отфрлање на оваа пресуда, јавува Би-Би-Си.

Во мај, поротата во Њујорк го прогласи Трамп за виновен за фалсификување деловни досиеја, што произлегува од обидот на Трамп да ги прикрие надоместоците на неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен, кој ѝ платил на Сторми Даниелс во 2016 година да молчи за наводната сексуална врска со Трамп.

Адвокатите на Трамп тврдат дека неодамнешната одлука на Врховниот суд на САД со која на претседателите им се доделува одреден степен на имунитет од гонење се однесува на одредени аспекти на овој случај, и затоа обвинението и осудата треба да бидат отфрлени.

Обвинителството тврди дека Трамп со фалсификувањето на овие документи всушност сакал да го прикрие своето влијание врз изборната кампања во 2016 година, односно да ја намали штетата што би била предизвикана од обелоденувањето на наводните афери.

Во текот на судењето, судијата Меркан не ги прифати аргументите на адвокатите на Трамп дека овој случај треба да биде отфрлен врз основа на неговиот претседателски имунитет.

Судењето се одржа неколку месеци пред претседателските избори претходно оваа недела, и пред Трамп да извојува убедлива победа над демократите.

Доколку судијата ја отфрли осудителната пресуда, случајот завршува таму, но доколку одлуката биде спротивна, пресудата ќе се изрече на 26 ноември.

Експертите тврдат дека има мали шанси за изрекување казна поради обврските на Трамп поврзани со транзицијата во Белата куќа пред инаугурацијата во јануари, како и сложеноста на изрекувањето на казната на актуелниот претседател.

„Мислам дека најверојатниот исход во овој случај е судијата да го одложи изрекувањето на казната до крајот на мандатот на Трамп“, рече Даниел Чарлс Ричман, професор на Правниот факултет во Колумбија.

На 10 години затвор е осуден поранешен албански министер за животна средина, ќе одлежи помалку

Специјалниот суд против организиран криминал и корупција,  попладнево ја соопшти одлуката за обвинетите во случајот „инценератор во Елбасан" меѓу кои и поранешниот министер за животна средина Лефтер Кока.

На Кока, кој беше уапсен во средината на декември 2021 година му е изречена затворска казна во траење од 10 години, но поради согласноста за скратен судски процес, казната е намалена на 6 години и 8 месеци.

Обвинението го товареше за неколку кривични дела, во врска со истрагата за процедурата за договорот за концесија за изградбата на пречистителната станица за урбан отпад и производство на енергија во Елбасан, централна Албанија, која никогаш не профункционира.

Истрагата покажала дека не е спроведена нормална законска процедура што се однесува до видот на постапката што е користена за доделување на концесијата за која станува збор.

Од фирмите корисници на договорот за концесија побарал, Кока прифатил и примил на индиректен начин неправилни парични поволности преку формирање фиктивна шема за извршување на работите на фирмата концесионер, користејќи некои други фирми што се индиректно контролирани од негова страна, од членови на неговото семејство, како и од страна на трговски субјекти во негова сопственост.

Министер за животна средина на Албанија беше од 2013 до 2017 година.

Во овој коруптивен случај осудени се и бизнисмените Клодијан Зото и Мирел Мертири, кои добија идентична казна како и Кока.

Алќи Блако, поранешен пратеник од Социјалистичката партија, за злоупотреба на службената должност, доби 4 но ќе одлежи 2,8 години.

Осудени се и петмина други носители на високи функции во министерството.

притисни ентер