Влада: Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Градскиот превоз во целосен колапс, Владата на вонредна седница најде привемено решение.. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Иран ја критикува резолуцијата на МААЕ

Иран ја критикува резолуцијата на МААЕ бидејќи се зголемуваат тензиите околу нуклеарната програма.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) вчера го засили притисокот врз Иран, усвојувајќи резолуција која бара одговори на нерешените прашања за нуклеарната програма на Техеран, јави ДПА.

Одборот на гувернери на агенцијата со седиште во Виена донесе резолуција со која му се наложува на шефот на агенцијата Рафаел Гроси да претстави детален извештај за прашањата во врска со нуклеарните активности на Иран.

Техеран брзо ја осуди резолуцијата, при што Министерството за надворешни работи и Иранската организација за атомска енергија издадоа заедничка изјава доцна синоќа.

Тие ја опишаа резолуцијата како „политички мотивирана“ и деструктивна, обвинувајќи ги нејзините западни поддржувачи дека ја користат како изговор за унапредување на „политички нелегитимните цели“ против Иран.

Како контрамерка, Иран ги објави плановите за воведување „голема колекција“ на напредни центрифуги за да се забрза збогатувањето ураниум.

Високо збогатениот ураниум е од суштинско значење за изградба на нуклеарни боеви глави, но Иран инсистира дека нема намера да создава нуклеарно оружје.

Инспекторите на МААЕ долго време бараа одговори од Техеран за нуклеарни траги кои навестуваат непријавени објекти или тајни минати активности.

Инспекторите на МААЕ долго време бараа одговори од Техеран за нуклеарни траги кои навестуваат непријавени објекти или тајни минати активности.

Сепак, постојаното одбивање на Иран да даде објаснувања предизвика „длабока загриженост“ кај одборот поради неговиот недостиг на соработка.

Резолуцијата, предложена од Германија, Велика Британија, Франција и САД, беше усвоена со 19 гласа „за“, 12 воздржани и против гласаа Русија, Кина и Буркина Фасо.

Иако самиот одбор на гувернери не може да спроведе казни, западните дипломати сугерираат дека извештајот на Гроси може да послужи како основа за поставување на прашањето до Советот за безбедност на Обединетите нации, кој има овластување да воведе нови санкции. /МИА

Магла на патот Лисец – Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50м. има на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

Премиерот Мицкоски во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ и премиерот Вучевиќ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Белград ќе има одвоени средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ..

Мицкоски ја предводи македонската делегација која ќе присуствува на третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на отворен Балкан“. Според информациите од македонската влада, премиерот ќе се обрати на отворањето на винскиот саем, како и на македонската вечер.

притисни ентер