Срцето престанало да му чука дури 20 минути!

Кога ги отворил очите рекол: Имам порака од Исус!

Зак Клементс имал само 17 г. кога доживеал страшна незгода на часот по физичко.

Седумнаесетгодишниот тинејџер Зак Клементс доживеал драматичен инцидент за време на часот по физичко. Додека трчал, неговото срце наеднаш застанало и немал пулс цели 20 минути. Тој долг период би значел или дека починал или дека ќе се разбуди со некоја здравствена последица. Сепак, ниту едно од двете сценарија не се случило.

Откако Зак падна, следеле напорни часови, како за лекарите кои се бореле за неговиот живот, така и за неговото семејство кое се надевало дека сè ќе биде во ред.

По цели 20 минути без пулс, лекарскиот тим на крајот некако успеал да го врати. Момчето потоа со хеликоптер било пренесено во болница. Овој исклучително долг период без срцева активност бил предизвик дури и за искусните медицински професионалци. Меѓутоа, по неколку дена поминати во кома, Зак ненадејно се разбудил на одделот за интензивна нега, а она што го кажал ги запрепастило сите.

Зак открил што видел во текот на тешкиот период кога срцето не му работело. Имено, тинејџерот тврди дека за време на клиничката смрт доживеал средба со Исус и дека токму Тој му помогнал да се врати во живот. Неговата изјава ги изненадила лекарите, а потоа приказната се проширила и сега за неа знае целиот свет. Иако е тешко да се поверува неговото брзо закрепнување, приказната што ја споделува е подеднакво неверојатна.

-Кога бев надвор од реалноста тие 20 минути, видов човек кој имаше долга разбушавена коса и густа брада и не ми требаше многу да сфатам дека тоа е Исус - рекол тинејџерот.

Присутните лекари и членовите на неговото семејство занемеле од шок.

- Му пријдов, а тој ја стави раката на моето рамо и ми рече дека сè ќе биде во ред... Да не се грижам - тврди Зак.

Таткото на момчето, Били Клементс, рече дека знае оти е тешко да се поверува во зборовите на Зак, но тоа е единственото нешто што има смисла бидејќи неговиот син бил во животно загрозувачка состојба.

-Кога се разбуди ни кажа нешто што доживеал. Едноставно, тоа не може да се објасни. Човечки не е можно да се објасни – изјавил неговиот татко Били Клементс, а пишува Fox 43 (Fox43).

Евакуација на домаќинства во Лондон поради радиоактивен отпад пронајден во вреќи

Отпад за кој се верува дека е радиоактивен е пронајден во вреќи со ѓубре во близина на основно училиште во Хамерсмит, Лондон, што предизвика евакуација на најмалку дванаесет домаќинства.

Дејли Мејл пришува дека сомнителниот радиоактивен отпад го открил работник во градската чистота.

Специјална единица ја блокирала улицата и ги евакуирала жителите од околните домови предупредувајќи ги да не влегуваат на улицата додека не се смири ситуацијата.

Еден од градските работници за чистење, кој се претставил како Џорџ, рекол дека верува оти во домот пред кој бил пронајден отпадот живеела 90-годишна жена која починала, додека машкиот жител бил сместен во дом за стари лица. Тој додаде дека секоја соба во куќата е преполна со работи кои не биле фрлени со години.

-Онесов еден круг ѓубре на депонија и кога го скенираа, ми рекоа дека не можам да ги оставам работите бидејќи се радиоактивни. Не ни знаев што има во нив, имаше толку многу ѓубре. Не знаев што да правам, рече Џорџ.

Еден од полициските службеници кој пристигнал на местото на настанот изјавил дека предметот бил проверен и констатирано е дека е безбеден.

Стоилковиќ со честитката по повод 22 Ноември - Денот на албанската азбука

Јазикот, како што посочува вицепремиерот Стоилковиќ, е моќна алатка и идентитет на еден народ. 

Чествувајќи го Денот на албанската азбука уште еднаш ја потврдуваме посветеноста кон негувањето на соживотот во мултиетничкото и мултијазичното општество, напиша вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ во честитката по повод 22 Ноември - Денот на албанската азбука.

- Овој ден е потсетник за богатството на различностите и за важноста на зачувувањето на јазичните и културните вредности на сите етнички етнички заедници кои живеат во земјава. Потсетник дека Македонија и понатаму, и покрај фактот што живееме во едно комплексно време, останува пример за заедништво, почитување и заемно разбирање меѓу граѓаните, па затоа чествувајќи го Денот на албанската азбука уште еднаш ја потврдуваме посветеноста кон негувањето на соживотот во мултиетничкото и мултијазичното општество, итакнува Стоилковиќ.

Јазикот, како што посочува вицепремиерот Стоилковиќ, е моќна алатка и идентитет на еден народ.

-Тој е сеопштиот сврзен елемент на сите човечки култури. Алатка која обединува и овозможува напредок, но во исто време и потсетник дека и покрај разликите делиме иста судбина и мораме да градиме заедничка иднина. На сите припадници на албанската заедница им го честитам Денот на албанската азбука, напиша Стоилковиќ во честитката.

Честитка од Ахмети по повод Денот на албанската азбука

Али Ахмети го честита 22 ноември: До вчера го напредувавме, денеска мора да го браниме албанскиот јазик 

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети на сите Албанци им го честита 22 ноември, денот на Конгресот во Битола и азбуката на албанскиот јазик.

„За мене денеска е ден на албанскиот јазик, не само денот на азбуката на нашиот свет јазик и на конгресот во Битола.

Мора да го негуваме и промовираме нашиот древен јазик, да се здружиме и да се ставиме во првите редови на напорите да го заштитиме од секојдневните напади.

До вчера работевме на унапредување на употребата на нашиот јазик, а денес сме во позиција да го штитиме постигнатото.

Националното прашање, јазикот, знамето, унијата и интеграцијата бараат посветеност од мажи и жени-идеалисти и мисионери!

Денеска сум во Швајцарија, покрај нашите иселеници, заедно да ги прославиме албанските ноемвриски празници и уште еднаш да се ставиме на чело на националните процеси, заедно да го заштитиме постигнатото и да одиме напред.

Честит 22 ноември, денот на азбуката на албанскиот јазик!“ пишува Али Ахмети.

ДУИ

притисни ентер