Премиерот Мицкоски во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ и премиерот Вучевиќ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Белград ќе има одвоени средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ..

Мицкоски ја предводи македонската делегација која ќе присуствува на третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на отворен Балкан“. Според информациите од македонската влада, премиерот ќе се обрати на отворањето на винскиот саем, како и на македонската вечер.

Средба Мицкоски - Вучиќ

Имав средба со Претседателот на Република Србија,Александар Вучиќ, објавина својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

Двете држави немаат отворени прашања, а односите се базираат на меѓусебно почитување и пријателство. Мора да создаваме мостови за економска и политичка соработка со сите соседи и да градиме иднина за нашите граѓани, стои во објавата на Мицкоски.

Преставен новиот електричен СУВ -„Hyundai Ioniq 9“

„Hyundai Ioniq 9“, најголемиот електричен автомобил на корејската марка, дебитираше на саемот за автомобили во Лос Анџелес. 

Овој автомобил официјално им се придружува на „Ioniq 5“ и „Ioniq 6“ како дел од целосно електричниот погон на корејската марка, а се базира на концептот „Hyundai SEVEN“ кој првпат беше прикажан пред три години.

Тоа е и најголемиот „SUV“ на „Hyundai“ со батерија.

Новиот електричен СУВ на Хјундаи е за околу 40 cm подолго од неговиот претходник, но доволно моќен да понуди автономија со погон на задните тркала од 540 километри благодарение на големата батерија од 110 kWh.

„Ioniq 9“ доаѓа на истата E-GMP платформа како и другите електрични автомобили на „Hyundai“.

Во внатрешноста има инфозабавен систем со заоблен „панорамски“ екран со дијагонала од 12 инчи, кој е комбиниран со дигитален екран на таблата со инструменти со истата дијагонала, кој дава футуристички изглед на внатрешноста.

Исто така, има и асистент на возачот со вештачка интелигенција. Се работи за теренец со три реда седишта, што доволно говори за неговата пространост.

Засега сè уште не е познато кога „Hyundai Ioniq 9“ ќе пристигне во Европа, но се појавија информации дека ќе биде достапен на јужнокорејскиот и американскиот пазар во првата половина на 2025 година.

Хрватска: Поранешниот министер Берош бара замрзнување на својот мандат во Саборот по апсењето

- Со барањето за замрзнување, тој нема да има активен мандат и нема да биде потребно да му се одзема пратеничкиот имунитет, објасни Јанковиќ.

Поранешниот хрватски министер за здравство Вили Берош, кој е во истражен затвор поради аферата „Микроскопи“, побара од претседателот на хрватскиот Сабор активација на својот пратенички мандат, но истовремено и негово замрзнување од лични причини. Ова го потврди претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања (МИП), Роберт Јанковиќ.

- Со барањето за замрзнување, тој нема да има активен мандат и нема да биде потребно да му се одзема пратеничкиот имунитет, објасни Јанковиќ.

Мандатот автоматски стапува во сила осум дена од поднесувањето на барањето, но соодветната комисија ќе го разгледува ова прашање на седница, која најверојатно ќе се одржи на 2 декември, додека гласањето е планирано за 6 декември.

притисни ентер