Магла на патот Лисец – Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50м. има на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

НАТО: Руските ракети нема да не одвратат од поддршката за Украина

Северноатлантската алијанса го обвини претседателот на Русија, Владимир Путин дека се обидува да ги тероризира цивилите и да ги заплаши сојузниците на Украина.

Путин вчера изјави дека Русија изврши ракетен напад со нов проектил со среден дострел врз украинска воена локација како одговор на украинските напади во изминатите денови со западно оружје со голем дострел. Тој истакна дека Москва „има право“ да ги нападне западните земји кои го снабдувале Киев со оружје против цели во Русија.

Портпаролот на НАТО, Фарах Дахлалах изјави дека тоа нема да го промени текот на конфликтот или да ги одврати сојузниците на НАТО да ја поддржат Украина.

Додека претседателот на Украина, Володимир Зеленски наведе дека нападот врз Дњепар е „уште еден доказ дека не е заинтересирана за мир.

Русија треба да биде принудена на вистински мир, кој може да се постигне само со сила, посочи Зеленски.

Неименувани дипломати денеска најавија дека претставници на НАТО и на Украина следната недела во Брисел ќе разговараат за руското лансирање на експериментална хиперсонична ракета со среден дострел.

Фајненс Тинк: Постои ризик јавниот долг да достигне и до 70 проценти од БДП

Просечниот годишен раст на јавниод долг во период од 2008 до 2024 година изнесува 7% или 66,4 % од БДП.

Просечниот годишен раст на јавниод долг во период од 2008 до 2024 година изнесува 7% или 66,4 % од БДП, со можен ризик да достигне и 70% поради доспеани обврски - покажува последната анализа на институтот за економски истражувања и политики Фајненс Тинк. Со ова се надминуваат фискалните правила за обезбедување на финансиска стабилност воведени со Законот за буџети од 2022, кои дефицитот го ограничуваат на 3%, а јавниот долг на 60% од БДП. Анализата покажала дека експанзивно се трошело дури и додека економијата била во лоша состојба, буџетскиот дефицит останал висок и не се штедело во периоди кога економијата закрепнувала.

- Идентификувавме дека во целиот анализиан период фискалната политика била експанзивна, дополнително истата била проциклична односно кога на економијата и одела добро наместо штедење, напротив имало поголемо креирање на повисоки дефицити. Една од клучните препораки е кога економијата е во подем да генерираме бафери и да штедиме повеќе за истите да ги трошиме во периоди кога на економијата ќе и оди лошо. - Благица Петсески – фајненс тинк

Според министерката за финансии Гордана-Димитривска Кочоска надминувањето на дадениот лимит од 3% не е страшен, бидејки како што кажа Македонија била земја во развој. Проблемот вели не е тоа што било потрошено повеќе, туку дека се трошело за непотребни проекти, а според неа еден од нив бил проектот Скопје 2014. Според неа сериозен проблем било и тоа што во дел од институциите немало разбирање за финансиите, за што била формирана Академија за финансиска политика..

- Последните пресметки со оглед на тоа дека имаше корекции на БДП за 2023та велат дека на крајот на 2024та јавниот долг ќе биде 62,7%, да оставиме да видиме во тој дел. Сум ви кажала во повеќе наврати јавниот долг во многу голема мера зависи и од тоа колку останатите институции, акционерски друштва и.т.н ќе повлечат од веќе договорени кредити, ако не ги повлечат може нема да е ни 62,7.- Гордана Димитриеска – Кочоска

Согласно буџетот за 2025 година предвиден е раст на БДП од 3,7%, а буџетскиот дефицит е проектиран на 4%.

Автобусите на ЈСП се вратија на скопските улици - протест за проблемите со јавниот транспорт

Автобусите на ЈСП од утринава се вратија на скопските улици, откако им беше доставена нафта од државните резерви.

Во меѓувреме, поради колапсот со јавниот транспорт кој се случи во тек е и протест кој се одржува пред Град Скопје.

Таму е Дејан Трајкоски.

Кои се барањата на демонстрантите?

притисни ентер