Видео:Во Техеран на воената парада Иран претстави нов камиказе дрон

Иран ја претстави најновата верзија на својот камиказе дрон на воената парада во Техеран, јави ДПА.

Државната телевизија ИРИБ денеска објави дека дронот Шахед 136-Б има домет од 4.000 километри и е еден од најнапредните дронови во светот.

Иран тврди дека направил голем напредок во производството на дронови во последните години. Се вели дека тие играат централна улога за рускиот агресор во војната во Украина, иако Техеран категорично ги отфрла обвинувањата дека ја снабдува Москва со оружје за нејзината инвазија на Украина, наведува германската агенција.

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека земјата работи со Москва на воено ниво, но тврди дека тоа не е поврзано со војната во Украина.

Техеран, исто така, вели дека секогаш се залагал за брз крај на војната во Украина и тврди дека ги поддржувал дипломатските мировни иницијативи.

Во Јужна Каролина извршена прва смртна казна по 13 години

Во првата егзекуција во Јужна Каролина по 13 години, Фреди Овенс (46), кој беше погубен, беше осуден за убиство на службеник во продавница во Гринвил во 1997 година за време на вооружен грабеж.

Додека траеше судската постапка против него, Овенс убил уште еден затвореник во окружниот затвор.

Неговото признание за нападот беше прочитано пред две различни пороти и судија, кои сите го осудија на смрт.

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ лаже, не се точни објавите

Бројките изнесени од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ се неточни и со истите манипулираат, како само еден пример ќе кажам дека цената на хотелското сместување во Вермонт беше препорачано од тамошните власти и не изнесуваше повеќе од 150 долари по вечер.

Ние повторно сме сведоци на небулозни и смешни обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ, кои во рекордно време успеаја да ги влошат односите со сите соседи и да ги расипат напорите за изградба на соработки во последните седум години. Овие напори резултираа со зголемен извоз на вино и земјоделски производи, учество на врвни саеми и промоција на нашите производи.

На пример, за прв пат во историјата, Македонија беше претставена на престижниот саем Белавита во Чикаго, што е причина за гордост. Понатаму, посетата во Вермонт вклучуваше највисоки претставници, меѓу кои и Секретарот за земјоделство на Вермонт, комесарот за шумарство и генералот на војската, кој е голем пријател на Македонија.

Посетата на Италија, беше заедно со Претседателот на Република Србија со кои заеднички се претставивме на уште еден престижен саем.

Во врска со цените на хотелските соби, сите се во согласност со нашите правилници, а хотелите се препорачани од нашите амбасади и претставништва во странство. Никогаш не сум одлучувал јас дирекно за моето сместување.

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ не се способни да се претстават на ниту еден саем во странство нити да ги промовираат нашите производи, доказ за тоа е испуштеното учество на саемот АГРА во Република Словенија, патем за кој актуелниот Министер ги купил авионските карти меѓутоа не бил присутен а тоа е поради нивната неспособност да организираат достојно претставување на нашите производи во странство.

Став на пратеникот Љупчо Николовски од СДСМ

Ердоган го обвини Израел дека сака да ја прошири војната во Газа во поширок регион

„Нападите против Либан во последните денови ја потврдија нашата загриженост за плановите на израелската администрација да ја прошири војната во регионот“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го обвини Израел дека планира да ја прошири војната во Појасот Газа во поширокиот регион поради стравувањата дека судирите со либанската милиција Хезболах би можеле дополнително да ескалираат, јави ДПА.

„Нападите против Либан во последните денови ја потврдија нашата загриженост за плановите на израелската администрација да ја прошири војната во регионот“, изјави Ердоган во Истанбул пред да замине за Њујорк за да присуствува на Генералното собрание на ОН.

Регионот се соочува со „огромна криза“, рече турскиот претседател, кој го обвини Израел дека „врши напади како терористичка група“, мислејќи на неодамнешните пејџер експлозии што ги користеше Хезболах во Либан, за кои широко се обвинува Израел.

Нападите на Израел во Либан се „провокација“ со цел да се спроведе „радикалната ционистичка идеологија“, рече и Ердоган.

притисни ентер