Николовски: ВМРО-ДПМНЕ лаже, не се точни објавите

Бројките изнесени од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ се неточни и со истите манипулираат, како само еден пример ќе кажам дека цената на хотелското сместување во Вермонт беше препорачано од тамошните власти и не изнесуваше повеќе од 150 долари по вечер.

Ние повторно сме сведоци на небулозни и смешни обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ, кои во рекордно време успеаја да ги влошат односите со сите соседи и да ги расипат напорите за изградба на соработки во последните седум години. Овие напори резултираа со зголемен извоз на вино и земјоделски производи, учество на врвни саеми и промоција на нашите производи.

На пример, за прв пат во историјата, Македонија беше претставена на престижниот саем Белавита во Чикаго, што е причина за гордост. Понатаму, посетата во Вермонт вклучуваше највисоки претставници, меѓу кои и Секретарот за земјоделство на Вермонт, комесарот за шумарство и генералот на војската, кој е голем пријател на Македонија.

Посетата на Италија, беше заедно со Претседателот на Република Србија со кои заеднички се претставивме на уште еден престижен саем.

Во врска со цените на хотелските соби, сите се во согласност со нашите правилници, а хотелите се препорачани од нашите амбасади и претставништва во странство. Никогаш не сум одлучувал јас дирекно за моето сместување.

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ не се способни да се претстават на ниту еден саем во странство нити да ги промовираат нашите производи, доказ за тоа е испуштеното учество на саемот АГРА во Република Словенија, патем за кој актуелниот Министер ги купил авионските карти меѓутоа не бил присутен а тоа е поради нивната неспособност да организираат достојно претставување на нашите производи во странство.

Став на пратеникот Љупчо Николовски од СДСМ

Заедно имаат 156 години: Најголемата противничка на бракот во воз го запроси партнерот

78 годишната актерка Марин Липман го запроси својот партнер на прилично уникатен начин.

Марин Липман е позната по своето големо противење кога е бракот во прашање, но сега се предомисли.

Таа го запросила својот партнер Дејвид Тарнер додека биле во воз.

Двајцата се во врска од минатата година, а актерката решила да се омажи додека била во воз.

„Подоцна таа ноќ, мојот партнер Дејвид и јас решивме да им кажеме на децата дека се венчавме, иако имавме 156 години заедно“, рече таа.

„Да бидам искрена, отсекогаш сум била против бракот, но во возот од Единбург тој спомна дека малиот еврејски фестивал е Ту Б'Ав, денот кога жената може да побара маж да се омажи за неа“, рече таа, шегувајќи се. дека „не можеше да одолее“.

"Се спуштив на едно колено и го запросив. На мое изненадување и паника, тој се согласи", додала таа.

Овој пар првпат се појави во јавноста во ноември минатата година.

Додик тврди дека ОБА планирала атентат врз него и врз Вучиќ

 Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека е „општо познато“ дека Разузнавачко-безбедносната агенција (ОБА) на Босна и Херцеговина  планирала негова ликвидација како и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тој рече дека тоа е една од причините поради која поранешниот директор на ОБА Осман Мехмедагиќ Осмица е во затвор.

„Тоа беше целосно разработена шема во која тие прво развија мрежа за мониторинг во Србија на претседателот Вучиќ и неговите активности. Тие ги подготвија медиумите за се, од Федерацијата на Босна и Херцеговина до Вучиќ и мене“, рече Додик.

Според него, сега има „доказ од организациски карактер“ дека групи се подготвувале за егзекуција, пренесе Бета.

Фото: Бугарската пејачка Камелија за забавата со Ѓоковиќ и Димитров: Епско искуство!!!

Најдобриот светски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ уживаше во Софија, на егзибициски меч против најдобриот бугарски тенисер неговиот голем пријател Григор Димитров.

Уживаше во Ноле на теренот, но уживаше и надвор од него на забава која беше организирана во една од дискотеките во Софија.

Мегапопуларниот Ноле полн со впечатоци се врати од Софија во Белград. Тој одигра егзибиција со Григор Димитров во Бугарија и одлично се забавуваше не само на теренот, туку и надвор од него.

По одигрувањето на егзибицијата, Ѓоковиќ и Димитров заминаа во ноќен клуб во Софија, а таа вечер сè им беше подредено на двајцата тенисери.

Вирално стана видеото на кое Ѓоковиќ бара од диџејот на да ја пушти песната „Луда за тобом“, која тој ја вежбал, но желбата не му се исполнила, па мораше сам да ја отпее со помош на публиката.

На егзибицијата Ноле ја воодушеви публиката и со стриптиз на теренот, кој потоа мораше да го направи и Димитров.

Во дискотеката истата нумера му ја исполни пејачката која беше задолжена за забава, атрактивната Камелија, која само за Новак го отпеа добро познат хит.

Бугарската музичка ѕвезда имала подготвено и подарок за двајцата тенисери. На новак и Григор убавата Камелија подарила рачно ткаена табла од училиштето Чипровак.

Таа сподели и фотографија со тенисерите со опис:

- Тоа беше епско искуство. Ви благодарам момци. Овие панели нека бидат потсетник за Бугарија, каде и да сте во светот. Бидете здрави и грижете се за себе.

притисни ентер