Премиерот Мицкоски очекува долгот на ФЗО до крајот на 2025 да биде еднаков на нула

 Премиерот Христијан Мицкоски попладнево изјави дека очекува до крајот на следната година, долгот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) да биде еднаков на нула.

Прашан дали Владата планира некако да помогне, бидејќи има информации дека ФЗО е во долгови, Мицкоски рече дека долгови има насекаде.

- Долгови има насекаде. Тие се бројат во милијарди денари. Состојбата со ФЗО беше долг од пет милијарди денари. Видовте дека за помалку од 100 дена, за нешто повеќе од 80 дена, со заштедите и со доброто менаџирање, обезбедени се две милијарди денари од тие пет милијарди, да биде вратен долгот. Очекувам следната година до крајот веќе таа состојба да биде еднаква на нула, одговори Мицкоски на новинарско прашање за време на посетата на општина Кавадарци.

Тој кажа и дека со ребалансот на буџетот, биле обезбедени една милијарда денари, наменети за исплата на К-15 на повеќе од 83.000 вработени во јавната администација, иако, како што рече, тие не биле предвидени претходно.

- Обезбедивме повеќе од 1,2 милијарди за исплата на земјоделците. Долгови стари покрај редовните, што тие не ги предвиделе. Обезбедивме пет милијарди денари редовна исплата на пензиите на пензионерите, што тие не ги предвидоа. Плус, од 1 октомври, пензионерите ќе добијат еднократно зголемување од две и пол илјади денари, што си продолжува и понатаму и уште две и пол илјади денари согласно Законот на 1 април за март. Практично цело време, ветувањето што го имавме од тие пет илјади денари во првата година, го реализираме во првите девет месеци, дури и порано. Ќе потсетам дека, тоа е многу значајно, особено овде, дека вработените во АД „Водостопанство“ и АД „Национални шуми“, кои немаа земено плата со месеци, добија плата. И тука од страна на ребалансот, беа обезбедени околу половина милијарда денари, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека мора одвреме-навреме да се повторува што било оставено, во случај „криминалци од поранешната влада“ да играат на таа карта и „повторно да го потценуваат сопствениот народ“.

- Ќе потсетам дека сметката на Владата на 24 јуни, што беше прв работен ден, беше минус двесте милиони евра, то ест, минус дванаесет милијарди денари. Тоа на ниедна влада, откако ние како држава, Македонија е независна, не ѝ се случило. Дури и по конфликтот во 2002 година, сметката беше позитивна, нагласи Мицкоски.

На 24 јуни, сметката била минус дванаесет милијарди денари, а тој најави дека очекува овој месец или прва половина на октомври, да се дојде до позитивна нула.

- Да го вратиме сето тоа и така се работи домаќински. И да се реализираат проекти и да се штеди, тоа е целта на оваа влада, истакна премиерот.

Фото: Бугарската пејачка Камелија за забавата со Ѓоковиќ и Димитров: Епско искуство!!!

Најдобриот светски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ уживаше во Софија, на егзибициски меч против најдобриот бугарски тенисер неговиот голем пријател Григор Димитров.

Уживаше во Ноле на теренот, но уживаше и надвор од него на забава која беше организирана во една од дискотеките во Софија.

Мегапопуларниот Ноле полн со впечатоци се врати од Софија во Белград. Тој одигра егзибиција со Григор Димитров во Бугарија и одлично се забавуваше не само на теренот, туку и надвор од него.

По одигрувањето на егзибицијата, Ѓоковиќ и Димитров заминаа во ноќен клуб во Софија, а таа вечер сè им беше подредено на двајцата тенисери.

Вирално стана видеото на кое Ѓоковиќ бара од диџејот на да ја пушти песната „Луда за тобом“, која тој ја вежбал, но желбата не му се исполнила, па мораше сам да ја отпее со помош на публиката.

На егзибицијата Ноле ја воодушеви публиката и со стриптиз на теренот, кој потоа мораше да го направи и Димитров.

Во дискотеката истата нумера му ја исполни пејачката која беше задолжена за забава, атрактивната Камелија, која само за Новак го отпеа добро познат хит.

Бугарската музичка ѕвезда имала подготвено и подарок за двајцата тенисери. На новак и Григор убавата Камелија подарила рачно ткаена табла од училиштето Чипровак.

Таа сподели и фотографија со тенисерите со опис:

- Тоа беше епско искуство. Ви благодарам момци. Овие панели нека бидат потсетник за Бугарија, каде и да сте во светот. Бидете здрави и грижете се за себе.

Норис ја освои пол-позицијата во Сингапур

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата на Големата награда на Сингапур.

Во квалификациите попладнево тој го извозе најбрзиот круг за 1 минута 29,525 секунди.

Возачот на Ред Бул и актуелен светски шампион Макс Верстапен имаше второто време (+0,203 секунди), додека трет беше Луис Хамилтон од Мерцедес (+0,316).

Пилотот на Ферари, Карлос Сајнц доживеа несреќа во третиот сегмент, па квалификациите беа во прекин со црвени знамиња. Шпанецот не доби време и заврши на 10. место. Шарл Леклер го ресетираше времето на кругот поради прекршување на границите на патеката во вториот свиок, заврши 9-ти.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Сингапур ќе се вози утре со почеток во 14 часот.

Фото: Холивудска убавица во необичен фустан за црвениот тепих

Холивудската заводничка, актерката Скарлет Јохансон присуствуваше на промоцијата на нејзиниот нов филм „Transformers One“ во Лондон.

На лондонската промоција на нејзиниот нов филм „Transformers One“, во кој игра со Крис Хемсворт, убавата Скарлет Јохансон се појави во прекрасен фустан без прерамки и покажа зошто е една од најбараните холивудски актерки.

Една од омилените холивудски ѕвезди за оваа промоција носеше фустан во најпопуларната боја - бордо, а нејзината шминка се совпадна со овој аутфит, а имаше „зачадени“ очи и нагласени усни.

притисни ентер