Ердоган го обвини Израел дека сака да ја прошири војната во Газа во поширок регион

„Нападите против Либан во последните денови ја потврдија нашата загриженост за плановите на израелската администрација да ја прошири војната во регионот“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го обвини Израел дека планира да ја прошири војната во Појасот Газа во поширокиот регион поради стравувањата дека судирите со либанската милиција Хезболах би можеле дополнително да ескалираат, јави ДПА.

„Нападите против Либан во последните денови ја потврдија нашата загриженост за плановите на израелската администрација да ја прошири војната во регионот“, изјави Ердоган во Истанбул пред да замине за Њујорк за да присуствува на Генералното собрание на ОН.

Регионот се соочува со „огромна криза“, рече турскиот претседател, кој го обвини Израел дека „врши напади како терористичка група“, мислејќи на неодамнешните пејџер експлозии што ги користеше Хезболах во Либан, за кои широко се обвинува Израел.

Нападите на Израел во Либан се „провокација“ со цел да се спроведе „радикалната ционистичка идеологија“, рече и Ердоган.

Фото: Холивудска убавица во необичен фустан за црвениот тепих

Холивудската заводничка, актерката Скарлет Јохансон присуствуваше на промоцијата на нејзиниот нов филм „Transformers One“ во Лондон.

На лондонската промоција на нејзиниот нов филм „Transformers One“, во кој игра со Крис Хемсворт, убавата Скарлет Јохансон се појави во прекрасен фустан без прерамки и покажа зошто е една од најбараните холивудски актерки.

Една од омилените холивудски ѕвезди за оваа промоција носеше фустан во најпопуларната боја - бордо, а нејзината шминка се совпадна со овој аутфит, а имаше „зачадени“ очи и нагласени усни.

Градоначалникот на Минхен официјално го отвори овогодинешниот „Октоберфест“

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер денеска го отвори годинешното издание на најголемиот фестивал на пивото во светот - Октоберфест, јави ДПА.

Тој го отвори првото буре пиво напладне по локално време. Тоа значи дека пенестата течност сега може слободно да се точи во многуте шатори што се поставени.

Годинава се очекуваат до шест милиони посетители на Октоберфест, што ќе трае до 6 октомври.

„Ќе го направиме Октоберфест што е можно побезбеден“, вети градоначалникот Дитер Рајтер за 189-тото издание на фестивалот.

Со металните детектори кои ги прегледуваат посетителите на сите влезови на Октоберфест и повеќе камери за надзор, властите во Минхен не штедат напор да спречат каква било потенцијална опасност, јави ДПА.

Видео: Снег во Африка

Јоханесбург и околните градови во Јужна Африканската Република беа целосно блокирани откако во овој дел од светот падна снег и создаде покривка висока два метри, јавуваат светските медиуми. 

Метеоролошката служба на Јужна Африка издаде повеќе предупредувања за сабота, истакнувајќи ја можноста за снег, силен дожд и силен ветер низ неколку провинции.

Заедниците може да се соочат со изолација, прекин на услугата и опасни услови за возење поради овие екстремни временски настани. Населението се препорачува да остане на штрек и да се подготви за евентуални прекини, пренесува news24.

Предупредувањето за снег синоќа беше на ниво 6, но од утрово е подигнато на ниво 8.

притисни ентер