Верниците ги преплавија црквите – се слави Рождество на Пресвета Богородица

Со свеќи в рака и желби за здравје мир и спокој за своите најблиски православните Христијани денеска ги наполнија храмовите, одбележувајќи го големикот празник Рождеството на Пресвета Боргородица.

Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваа литургии, а централната света архијерајска литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан се одржа во храмот Рождество на Пресвета Борогодица во Скопје.

- Бројните верници се поклонија пред иконата на Пресвета Богородица и посакаа здравје, мир и единство на сите луѓе.

- Господ нека даде здравје и мир. Ни го трасира патот. Богородичка ни помогна и големиот Син нејзин, да тргнеме по правиот пат. Фала и на нејзе и фала и на синот Божји да ни даде среќа и здравје и љубов меѓу нас без разлика на вера.

- Здравје, напредок на луѓето, државата да биде во ред, да се спојуваат сите луѓе да бидат заедно.

- Сега дојдов да си запалам свеќа и да си посакам се најубаво, прво здравје после се. На овој голем ден само здравје, да дава на нас постарите, на фамилијата, на помладите синови снаи, ќерки.

Според Христијанските преданија Пресветата Богородица Дева Марија е дете на Јоаким и Ана, скромни луѓе кои помагале на сиромасите и болните. Долго време немале деца, а ќерката ја добиле по пет децении брак. Бог слушајќи ги нивните молитви, не им подарил само ќерка туку и Божја Мајка. Верниците денеска го празнуваат токму нејзиното раѓање , еден 3те родендени кои се слават во Православната црква - објаснува отец Спасе Таковски. Преку Божјата мајка, Спасителот Исус Христос примил човечко тело, за на верниците да им го покаже патот до спасението, но Богородица е и мајка и заштитничка на целото човештво- вели отец Спасе.

-Богородица е заштитница на сите и заштитничка и на градот Скопје. Секој православен Христијанин прво треба да се моли за сопствено здравје и спасение, потоа за здравје и спасение на сите останати блиски роднини и пријатели, знаени и не знаени , значи Богородица помага секому,- -отец Спасе Таковски.

Одбележувањето на празникот во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје започна вчера, каде во попладневните часови од стотици верници свечено беше пречекана Богородичната икона „Троеручица“ од светогорскиот манастир Хиландар. Идентичната копија на Иконата беше внесена во храмот на осветување, по што традиционално беше извршена Литија низ центарот на Скопје. Иконата беше донесена од свештеномонаси и хиландарскиот игумен архимандрит Методиј и трајно ќе остане во храмот.

Грција и Кипар потпишаа Рамка за разбирање за електричното поврзување

Од двете Министерства во заедничкото соопштение објаснија дека врз основа на потпишаното и по соодветните одлуки на регулаторните органи на двете земји се очекува проектот да започне во следните денови.

Рамка на разбирање меѓу двете земји за унапредување на електричното поврзување Кипар-Крит, потпишаа синоќа министерот за животна средина и енергетика на Грција Теодорос Скилакакис и министерот за енергетика, трговија и индустрија на Република Кипар Јоргос Папанастасиу, соопштија од грчкото и кипарското надлежно министерство, јави дописничката на МИА од Атина.

Од двете Министерства во заедничкото соопштение објаснија дека врз основа на потпишаното и по соодветните одлуки на регулаторните органи на двете земји се очекува проектот да започне во следните денови.

Паралелно посочија дека во Рамката за разбирање е наведено дека електричната интерконекција Кипар-Крит ќе придонесе во отстранувањето на енергетската изолација на Кипар, поврзувајќи го кипарскиот национален систем за пренос на електрична енергија со соодветните европски системи.

-Станува збор за проект од стратешко значење за Кипар, Грција, но и за целата Европска Унија, бидејќи овој проект не само што ќе го поврзе Кипар со електричниот систем на Европа, олеснувајќи ја енергетската транзиција, туку во исто време ќе ја промовира и целта на Грција да стане коридор за транспорт на чиста енергија, пишува во заедничкото соопштение на Министерството за животна средина и енергетика на Грција и Министерството за енергетика, трговија и индустрија на Република Кипар.

Дополнително е посочено дека потпишувањето на Рамката за разбирање е во продолжение на одлуките донесени на средбата во четвртокот во Атина на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и кипарскиот претседател Никос Христодулидис.

Со потпишувањето на Рамката се одблокира целиот процес за проектот „Great Sea interconnector“, а во изминатиот период беа интензивирани дискусиите и консултациите меѓу двете земји

Проектот „Great Sea interconnector“ во висина од околу два милијарди евра предвидува поврзување на Кипар со Европа преку Грција, а електричниот кабел во иднина да се прошири до Израел со што ќе биде најдолгиот подморски кабел во светот во вкупна должина 1.208 километри.

Во Италија вонредна сотојба во два региона погодини од поплави

 Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи.

Десничарската влада на премиерката Џорџ а Мелони, исто така, им обезбеди на регионите - Емилија-Ромања и Марче - итна помош од 20 милиони евра.

Поројните врнежи предизвикаа поплавени патишта во двата региона. Вкупно, повеќе од 2.500 луѓе мораа да бидат евакуирани од своите домови. Зафатени се неколку градови, вклучувајќи ги Болоња, Модена и Равена, како и приморското одморалиште Римини на јадранскиот брег.

Во меѓувреме, дојде до лута размена на зборови меѓу Рим и регионалните влади на поплавените подрачја. Нело Мусумечи, десничарскиот министер за цивилна заштита, ја обвини социјалдемократската администрација на Емилија-Ромања дека не ги искористила соодветно парите што веќе биле обезбедени, јави ДПА.

Во Џорџија рачно ќе ги пребројуваат гласовите на претседатечките избори во САД на 5 ноември

Поради тесната разлика од само 12.000 гласови што го одвои од демократот Џо Бајден пред четири години, Трамп, кој повторно се кандидира за Белата куќа, побара неколку пребројувања. Тој се уште не го признал тој пораз.

Изборната комисија на американската сојузна држава Џорџија одобри нова регулатива со која се бара од канцелариите рачно да ги бројат гласачките ливчиња за претседателските избори на 5 ноември во југоисточната американска држава каде Доналд Трамп го оспори неговиот пораз во 2020 година.

Поради тесната разлика од само 12.000 гласови што го одвои од демократот Џо Бајден пред четири години, Трамп, кој повторно се кандидира за Белата куќа, побара неколку пребројувања. Тој се уште не го признал тој пораз.

Според прописите, покрај машинското броење на гласовите, предвидено е и рачно пребројување, што може да го одложи објавувањето на резултатите во оваа клучна држава за претседателските избори во САД.

Целта, како што стои во текстот усвоен со три гласа „за“ и два „против“, е „да се гарантира безбедно, транспарентно и точно пребројување“.

притисни ентер