Вицегувернерката Нацевска на состанок за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Емилија Нацевска зеде учество на состанокот на вицегувернерите од Западен Балкан, посветен на пристапниот процес кон Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА).

Вицегувернерката Емилија Нацевска зеде учество на состанокот на вицегувернерите од Западен Балкан, посветен на пристапниот процес кон Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА), којшто се одржа во Будимпешта на покана на Народната банка на Унгарија. Високите претставници на централните банки од регионот имаа можност да се запознаат со унгарското искуство во процесот на пристапување кон СЕПА, како и со унгарската финансиска инфраструктура како можен модел за интегрирање во СЕПА. На средбата беше нагласена важноста од навремена подготовка од оперативен и технички аспект на давателите на платежни услуги од земјите од Западен Балкан за брзо приклучување во платежните шеми (платните системи) во СЕПА. Во тој контекст, беше истакната подготвеноста на Народната банка на Унгарија, во рамките на сегашното претседателство на Унгарија со Советот на Европската Унија, да помогне во соработката со Европската централна банка за да им се обезбеди поедноставен пристап на давателите на платежни услуги од земјите од Западен Балкан до европската платежна инфраструктура.

Вицегувернерите на централните банки од регионот истакнаа дека посветено работат на усогласувањето на правната рамка со европското законодавство и изразија очекување за успешно завршување на формалниот процес за пристапување во СЕПА. Притоа, три централни банки од регионот, вклучувајќи ја и нашата, официјално доставија барања за членство во СЕПА до Европскиот совет за плаќања, додека останатите земји се во процес на подготовка на барањата. Во очекување на позитивна оцена за поднесените барања за членство во СЕПА, вицегувернерите ја нагласија потребата од продолжување на добрата соработка помеѓу централните банки од регионот, како и со институциите на Европската Унија, заради ефикасна подготовка на давателите на платежни услуги во наредниот период за исполнување на барањата за оперативно приклучување во СЕПА, откако ќе заврши формалниот процес на оцена на барањата.

Членството во СЕПА ќе донесе бројни придобивки за граѓаните, фирмите и целокупната економија. Давателите на платежни услуги со приклучувањето кон платните системи во СЕПА ќе можат да понудат поевтино и побрзо извршување на плаќањата во евра, што ќе овозможи поголема финансиска интеграција меѓу земјите од регионот, како и со останатите земји од СЕПА. Воедно, со членството во СЕПА би се намалила сивата економија за 2 процентни поена во регионот на Западен Балкан, според процените на Светската банка.

Покрај вицегувернерката Нацевска, во македонската делегација учествуваше и Игор Величковски, директор на Секторот за операции на финансиски пазари и платни системи. На состанокот присуствуваа и вицегувернерите со своите тимови од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, соопштуваат од Народна банка.

Верстапен се расплака од радост на пат кон боксот: Каква сезона, четири пати (ВИДЕО)

Четврта година по ред, Макс Верстапен е светски шампион во Формула 1.

Тој ја одбрани титулата со две трки до крајот на Големата награда на Лас Вегас, каде што му беше дозволено да освои само два поени помалку од единствениот преостанат натпреварувач, Ландо Норис и со петтото место освои бод повеќе и ја зголеми предноста на недостижни 63 бода.

Дури и да не успееше, обезбедувањето на титулата ќе беше обична формалност во Катар следната недела или во Абу Даби следната недела, но сепак го направи многу потешко од минатата година, кога целосно доминираше во конкуренцијата и освои 18 од 21. трки. Веројатно затоа вообичаено кул Холанѓанец многу емотивно ја доживеа титулата.

"О Боже, каква сезона... Четири пати! Ви благодарам на сите. Беше малку потешко од минатата година, но се извлеков, дадов сѐ од себе", рече Верстапен плачејќи од болидот, кога беше вклучен во преносот и му честитаа додека возеше кон боксот.

Неколку моменти подоцна беше снимено неговото обраќање до неговиот тим Ред Бул. "Не мислев дека ова е можно, но го направив тоа благодарение на вас. Фала уште еднаш", рече тој со шмркање, а гласот му трепереше. Видеото можете да го погледнете овде.

Верстапен се израмни со Ален Прост и Себастијан Фетел со четвртата шампионска титула, а пред него се само Михаел Шумахер и Луис Хамилтон со по седум титули и легендарниот Хуан Мануел Фанџо со пет.

@skysport 𝐔𝐍 👏 𝐅𝐎𝐔𝐑 👏 𝐆𝐄𝐓𝐓𝐀𝐁𝐋𝐄 👏 📹 @Red Bull Racing #F1kyMotori #F1 #Formula1 #LasVegasGP #Verstappen #RedBullRacing ♬ suono originale - Sky Sport

Весна Бендевска „На кавга со Иван“

Утре во „На кавга со Иван“ гостува Весна Бендевска.

Понеделник почнуваше со класен час, сега почнува со

НА КАВГА СО ИВАН

каде гостува ЗНАМовката Весна Бендевска

Вистинска дама која како да има само едно USB во нејзиниот политички MP3 плеер - Не за Бугари во Устав, со дигнитет во ЕУ, не против шовинистичките уцени на Бугарија…има ли некој во ЗНАМ да и даде USB со песната Bella Ciao и да ја потсети што зборуваше пред повеќе од 10 год. во Собранието?

До кога партијата ќе ја именуваат како движење, небаре станува збор на модерни партизани?

Се скри ли навремено потпретседателката на Собранието кога завчера летаа кровови низ Битола, небаре се пуштени од авион како летки?

Се сеќава ли која химна ја пееше нејзиниот владин комрад, Зеќирија Ибраими, на злокобниот 27 април 2017 год?

ПОНЕДЕЛНИК КАНАЛ 5 ТВ, 23.00h.

НА КАВГА СО ИВАН

гостин: Весна БЕНДЕВСКА

Чаталику , паталику - со сите ли се?

#macedonia #kanal5tv #kavga #quarrel_with_Ivan #debate #television

Филипинскиот совет за безбедност ќе расправа за заканата за убиство на претседателот на земјата

Филипинскиот совет за безбедност официјално ќе расправа за наводната закана за убиство на претседателот на земјата, Фердинанд Маркос Јуниор, упатена од потпретседателката Сара Дутерте, изјави денеска советникот за национална безбедност Едуардо Ано.

Тој тоа го опиша како „прашање на националната безбедност“.

Сара Дутерте, на тензичен утрински брифинг вчера, рече дека разговарала со лице кое таа го опиша како иден атентатор и на кое, како што рече, му дала инструкции да ги убие Маркос, неговата сопруга и претседателот на филипинскиот парламент во случај таа да биде убиена.

Советникот за национална безбедност Едуардо Ано рече дека владата ги смета сите закани за претседателот за „сериозни“ и најави блиска соработка со органите за спроведување на законот и разузнавачките агенции, кои ќе ја истражат заканата и можните сторители.

„Сите закани по животот на претседателот ќе бидат проверени и ќе се сметаат за прашање на националната безбедност“, се наведува во соопштението на Ано.

Како одговор на заканата на Сара Дутерте, претседателската команда за безбедност на Маркос соопшти дека ги заострила безбедносните протоколи.

Дутерте и Маркос беа политички партнери во 2022 година, но нивниот сојуз се распадна поради разликите во политиката, вклучително и различните ставови за смртоносната војна против дрогата на поранешниот претседател Родриго Дутерте.

притисни ентер