Јокиќ и Џордан го полија тренерот со кофа вода, Мелоун прослави голем рекорд (ВИДЕО)

Денвер Нагетс го победија Лос Анџелес Лејкерс со 127:102, а ова беше посебна вечер за тренерот Мајк Мелоун.

Имено, победата му донесе на Мелоун рекордни 433 победи на клупата на Денвер, со што стана најуспешен тренер во историјата на франшизата.

Сепак, вистинското изненадување за Мелоун дојде кога тој влезе во соблекувалната, каде беше пречекан од своите играчи. Меѓу нив во водство беше Никола Јокиќ, а потоа тренерот беше полеан со вода, што беше само увертира за уште поголемо изненадување.

Деандре Џордан, кој често се шегува дека е „Џордановиќ“ поради пријателството со српските кошаркари, дојде одзади и го поли Мелоун со кофа со ладна вода, убаво разладувајќи го Мелоун.

Потоа следуваа честитки, но и подарок, кошаркарска топка од натпреварот, која тренерот ќе го потсетува на овој рекорд.

Јанчев: Наскоро ги очекуваме сите вљубеници на скијањето во Михајлово

Наскоро ги очекуваме сите вљубеници на скијањето, во Михајлово, за заедно да го прославиме почетокот на оваа зимска сезона!

Имено, веќе се во завршна фаза активностите за изградба на скијачкиот центар во Михајлово!

Деновиве следува монтажа на геоплатно и церада за акумулација на вода за вештачки снег со капацитет од 3200 м3.

Инаку, овој скијачки центар ќе располага со:

Ски лифт во должина од 370 метри и капацитет од 600 лица на 1 час

Скијачки појас со капацитет од 800 лица

Четири сезонски вртелешки

Мобилна пумпа

Црево со висок притисок 5 броја по 20 метри мах 20 бар

Филтри 4 броја

Хидрант 4 броја

Снежни топови 2 броја

Заштитна мрежа 20 броја

Комплетната опрема е во фаза на изработка од страна на полска компанија, која се очекува доколку дозволат временските услови да се монтира на крајот на овој месец. Инвестицијата вредна околу 240 илјади евра е донација, дел од Кожувчанка, дел од Комерцијална банка, додека градежните активности се донација од општествено одговорната компанија ЈА-МИ во висина од 50.000 евра.

Ги очекуваме сите љубители на снег и планина да ни се придружат и уживаат во преубавиот амбиент кој ни го нуди Кожуф планина.

Кавадарци за сите, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Илјадници на протест во Валенсија – властите да ги обноват училиштата по поплавите (ВИДЕО)

Илјадници луѓе, вклучително и семејства и наставници, синоќа протестираа во Валенсија барајќи брза реконструкција и чистење на училиштата оштетени од поплавите.

Илјадници луѓе, вклучително и семејства и наставници, синоќа протестираа во Валенсија барајќи брза реконструкција и чистење на училиштата оштетени од поплавите, наведувајќи дека поради недостиг на капацитети, 13.000 деца во регионот моментално немаат настава.

Демонстрантите држеа плакати со кои бараа оставка од лидерот на Валенсија Карлос Мејсон, обвинувајќи ја регионалната влада дека чистењето на училиштата им го препушта на наставниците и учениците, пренесува Ројтерс.

Триесет училишта сè уште се затворени, а 13.000 деца во Валенсија не одат на училиште поради тоа, според регионалниот синдикат на наставници СТЕПВ.

Шпанската влада соопшти дека околу 5.000 луѓе учествувале на протестот, додека портпаролката на регионалната влада на Валенсија рече дека околу 32.000 ученици од областите погодени од поплавите се вратиле на училиште од 11 ноември.

Карлос Мејсон се соочува со критики дека предоцна испратил предупредување за поплави до локалното население, но одбил да поднесе оставка, велејќи дека телото одговорно за мерење на протокот на вода, управувано од националната влада, не испратило доволно предупредувања.

Во поплавите што на крајот на октомври ја погодија Шпанија, загинаа 223 лица, од кои најголем број жртви има во регионот на Валенсија.

Петрушевски: ЕСМ во 2017 година имаше 20 милиони евра на сметка, а во 2024 минус од 80 милиони

СДС ги уништи енергетските претпријатија. И како последица на тоа струјата во нивно време се зголеми за над 50%.

ЕСМ беше оставено во 2017 година со 20 милиони евра на сметка, за во 2024 година, кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт го затекне со минус од 80 милиони евра.

7 години власта на СДС не изгради ниту еден нов енергетски објект, а од сметката на буџетот префрлени над 370 милиони евра на ЕСМ.

Очигледно е недомаќинското работење на власта на СДС, која заради бизнис профит на поединци организираше скап увоз на јаглен и на струја.

Милиони евра народни пари се потрошени заради бизнис зделки на малкумина, а сето тоа народот го плати не само од буџетот, туку и преку поскапи сметки за струја.

На криминалното работење во енергетиката се стави крај. Одговорност ќе има. А новото раководство на ЕСМ работи на консолидација на претпријатието, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

притисни ентер