Зејн Малик ја расплака публиката на концерт, му оддаде почит на Лиам Пејн

Откако одложи неколку свои закажани настапи и ги загрижи своите обожаватели, Зејн Малик навистина одржа концерт во Лидс, Англија.

Тој ги расплака сите присутни на самиот крај од настапот кога му оддаде почит на трагично починатиот Лиам Пејн со кого пееја во популарниот бој бенд One Direction.

За време на изведбата на Зејн на Stardust, на екранот зад него се појави голем знак: „Лиам Пејн 1993-2024. Те сакам брат“.

„Плачев кога го видов ова“, „Честитки Зејн, ова ни требаше“, напишаа неговите фанови на социјалната мрежа Х.

Инаку, Зејн и Лиам беа членови на One Direction, заедно со Ниал Хоран, Луис Томлинсон и Хари Стајлс. Тие брзо постигнаа глобален успех и станаа еден од најпродаваните бендови на деценијата. Членовите на бендот направија пауза во 2015 година, но никогаш не се вратија заедно после тоа.

Потсетуваме, 31-годишниот Лиам Пејн трагично загина на 16 октомври, паѓајќи од балкон на хотел во Буенос Аирес. На 20 ноември се одржа погреб во неговиот роден Вулверхемптон. Покрај семејството и пријателите, се собраа сите членови на One Direction, а се појави и Сајмон Кауел, човекот кој го собра популарниот бој-бенд.

Владата и банките се договориле за унгарскиот кредит: Каматата за компаниите ќе биде 1,95%

Владата и поголем дел од банките се договориле за условите за пласман на 250-те милиони евра од унгарскиот кредит - каматата за компаниите ќе биде 1,95%, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.. 

Владата и поголемиот дел од банките се договорија околу условие за поделбата на 250 милиони ерва од унгарскиот заем до стопанството. Според премерот Мицкоски засега согласнот има од неколку помали и неколку поголеми банки за тоа парите да стигант до крајните корисници во сотпанството под камата од 1,95% а оние што нема да ги прифатат овие услвои нема да бидат дел од овој проект.

Според премерот договрени се и останатите сулови под кои парите ќе бидат достапни за сите компании независно дали се од мал, среден или голем обем. Она што е главно е дека ќе мора да имаат 20% сосптвено учество односно на 250 милиони евра тоа се уште 50 милиони евра кои ќе треба да ги инвестираат компаниите.

Она е што е значајно е дека компаниите најнапред со проетките ќе аплицираат кај банките и откако тие ќе бидат одобрени тогаш ќе се префрлат пари од унгарскиот заем за оваа намена со тоа што максимално една компанија под овие исклучително поволни услови може да искорисити до 10 милиони евра. Претходно од владата сооштија дека основната камата до 3,25% во целост ќе ја плати државата а не банките со цел стопанството да добие финансиска инјекција под најповолни услови.

Британски министер: Русија е агресивна и безобѕирна, ние сме следните на удар

Русија е „исклучително агресивна и безмилосна во сајбер-сферата“ и „никој не треба да ја потценува“ заканата за НАТО, е пораката што британскиот министер планира да ја нагласи во говорот на утрешната конференција на НАТО во Лондон .

Пат Мекфејден, чие портфолио ја вклучува националната безбедност, на конференцијата на НАТО за сајбер безбедност ќе каже дека Москва „нема да размислува двапати за таргетирање на британски фирми“, според извадоци од неговиот говор објавен денеска од неговото министерство, пренесе Гардијан.

„Никој не треба да ја потценува руската сајбер закана за НАТО. Заканата е реална. Минатата година руската војска и нејзината неофицијална армија сајбер криминалци и хакери не само што ги зголемија своите напади, туку и ги проширија своите цели за да вклучат бројни членки и партнери на НАТО. Овие групи се непредвидливи, тие дејствуваат без оглед на потенцијалните геополитички последици и со само една погрешна проценка можат да направат хаос на нашите мрежи“, напиша тој во говорот.

Британски министер планира да ја „повика“ руската воена единица - наречена Единица 29155 - која наводно извршила сајбер напади во Британија и Европа, според Кабинетот.

Мекфејден планира да предупреди дека Русија може да користи таква тактика за да остави милиони луѓе без струја.

„Ова е скриена војна што Русија ја води со Украина“, напиша тој во својот говор.

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

„Новото раководство на СДСМ ќе биде исправено пред голема одговорност да ги разобличи лагите, популизмот и опасните политики на актуелната власт“, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче на 30-от Конгрес на партијата.

Денеска партијата го одржува својот 29 и 30 конгрес на кој одбира новото раководство односно новите членови на Централниот и Надзорниот одбор кои ќе се спротивстават на партизацијата на институциите, режимското владеење, селективната правда, заробеништвото на медиумскиот простор и кочењето на евроинтеграцискиот напредок кој СДСМ го направи изминатите години.

„ВМРО-ДПМНЕ не само што ги изневери очекувањата на граѓаните, туку и ја турка Македонија во нова ера на режимско владеење. Добиваме режим во ново руво. Во моментов се случува партизацијата на институциите која е без преседан. Секојдневно сме сведоци на брутална чистка во која се заменуваат професионалци со партиски послушници. Ова се прави дури во клучните сектори како безбедноста и полицијата, но и секаде во администрацијата. ВМРО-ДПМНЕ систематски планира да ја уништува независноста на судството, да го заробува медиумскиот простор преку создавање на атмосфера на страв, измислени дестабилизации и поделби“, порача Филипче.

Претседателот Филипче на Конгресот на СДСМ исто така истакна дека при секој катастрофален потег на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски исфрла медиумски бомби за да го одвлече вниманието преку создавање вештачки кризи, до пласирање стравови за „надворешни и домашни непријатели“ по што власта игра на картата на поделби и заплашувања. Истото сценарио потсети Филипче се случувало и кога беснееја шумски пожари и која се влошуваше економската состојба во државата. Притоа во конгресното излагање тој напомена дека со ВМРО-ДПМНЕ улиците повторно се претворени во бојно поле за пресметки на бандите и убиства но наспроти реалноста дома Мицковски упорно глуми национално единство.

„Мицкоски продолжува дома да проповеда „горд отпор“ и „национално достоинство“, додека пред европските политичари ветува дека ќе ги исполни сите услови. Ваквиот двоен аршин не само што го подрива кредибилитетот на Македонија, туку ја прави земјата заложник на неговиот политички калкулус. ВМРО-ДПМНЕ историски секогаш бил кочничар на напредокот, а оваа гарнитура не е различна. Додека се прогласуваат за големи „Европејци“, нивните дела говорат спротивно. Македонија е заглавена на патот кон ЕУ поради недостигот од акција на оваа влада. Наместо да ги продолжат преговорите, блокираат клучни реформи и ја користат европската перспектива за дневно-политички поени“, порача Филипче.

Претседателот Филипче повика да не се заборави дека сегашната власт во опозиција ги блокираа договорите со Грција и Бугарија, договори кои ја отворија вратата за НАТО и ЕУ. Притоа тој истакна дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во многу нешта потсетува на периодот 1998-2002.

„Претставниците на власта упорно се трудат и сакаат да го минимизираат оствареното во евроатлантските интеграции. Не обвинуваат дека сме ги предале националните интереси. Служејќи се со гол популизам и евтин национализам лажно ветуваа дека можат да издејствуваат нова преговарачка рамка со ЕУ. Да се потсетиме. Со истата жестина како што во опозиција го напаѓаа Преспанскиот Договор, ја напаѓаа и Времената спогодба од 1995, за во 2009 да им стане врвна дипломатска придобивка и главен аргумент во пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Исто како што сега на Христијан Мицкоски Преспанскиот Договор му стана ремек дело на европската дипломатија. ВМРО-ДПМНЕ тогаш во опозиција тврдеше дека ќе ги врати Струга и Кичево во старите општински граници, а потоа во периодот 2006-2016 заборавија што ветувале. На НАТО Самитот во Букурешт во 2008 прифатија ново име на државата, а нас не обвинуваат дека сме го предале името. Ги слушавме и по телефонските разговори. Не случајно нашиот народ вели: Волкот влакното го менува, но ќудот не!“, истакна Филипче на конгресот.

Тој исто така потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ се истите лицемери кои себеси се нарекуваат „народни“, а никогаш немале храброст да го подметнат грбот во клучните моменти за државата. Тоа се истите кои секогаш бегале од одговорност криејќи се во комфорните зони. Затоа ВМРО-ДПМНЕ биле и ќе останат политички кукавици.

„Граѓаните не се наивни. Точно ги читаат неискрените политичари кои ја освоија нивната доверба со веќе видените политички измами“, порача Филипче од 30 Конгрес на кој партијата го избра новото раководство.

притисни ентер