Мицкоски: Постигнавме историски договор со банките за унгарскиот кредит

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека е постигнат договор со банките за унгарскиот кредит од 250 милиони евра и очекува дека од понеделник партите да им бидат доделени на ониое на кои им се потребни.

Мицскоски рече дека со банките е постигнат договор за каматна стапка од 1,95% , до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите.

„Ценам дека ова е исторски договор со историски најниска каматна стапка , рече Мицскоски и додаде дека условите се да се има минимум 20% сопствено учество, што значи дека ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра.“, рече Мицскоски.

Британски министер: Русија е агресивна и безобѕирна, ние сме следните на удар

Русија е „исклучително агресивна и безмилосна во сајбер-сферата“ и „никој не треба да ја потценува“ заканата за НАТО, е пораката што британскиот министер планира да ја нагласи во говорот на утрешната конференција на НАТО во Лондон .

Пат Мекфејден, чие портфолио ја вклучува националната безбедност, на конференцијата на НАТО за сајбер безбедност ќе каже дека Москва „нема да размислува двапати за таргетирање на британски фирми“, според извадоци од неговиот говор објавен денеска од неговото министерство, пренесе Гардијан.

„Никој не треба да ја потценува руската сајбер закана за НАТО. Заканата е реална. Минатата година руската војска и нејзината неофицијална армија сајбер криминалци и хакери не само што ги зголемија своите напади, туку и ги проширија своите цели за да вклучат бројни членки и партнери на НАТО. Овие групи се непредвидливи, тие дејствуваат без оглед на потенцијалните геополитички последици и со само една погрешна проценка можат да направат хаос на нашите мрежи“, напиша тој во говорот.

Британски министер планира да ја „повика“ руската воена единица - наречена Единица 29155 - која наводно извршила сајбер напади во Британија и Европа, според Кабинетот.

Мекфејден планира да предупреди дека Русија може да користи таква тактика за да остави милиони луѓе без струја.

„Ова е скриена војна што Русија ја води со Украина“, напиша тој во својот говор.

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

„Новото раководство на СДСМ ќе биде исправено пред голема одговорност да ги разобличи лагите, популизмот и опасните политики на актуелната власт“, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче на 30-от Конгрес на партијата.

Денеска партијата го одржува својот 29 и 30 конгрес на кој одбира новото раководство односно новите членови на Централниот и Надзорниот одбор кои ќе се спротивстават на партизацијата на институциите, режимското владеење, селективната правда, заробеништвото на медиумскиот простор и кочењето на евроинтеграцискиот напредок кој СДСМ го направи изминатите години.

„ВМРО-ДПМНЕ не само што ги изневери очекувањата на граѓаните, туку и ја турка Македонија во нова ера на режимско владеење. Добиваме режим во ново руво. Во моментов се случува партизацијата на институциите која е без преседан. Секојдневно сме сведоци на брутална чистка во која се заменуваат професионалци со партиски послушници. Ова се прави дури во клучните сектори како безбедноста и полицијата, но и секаде во администрацијата. ВМРО-ДПМНЕ систематски планира да ја уништува независноста на судството, да го заробува медиумскиот простор преку создавање на атмосфера на страв, измислени дестабилизации и поделби“, порача Филипче.

Претседателот Филипче на Конгресот на СДСМ исто така истакна дека при секој катастрофален потег на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски исфрла медиумски бомби за да го одвлече вниманието преку создавање вештачки кризи, до пласирање стравови за „надворешни и домашни непријатели“ по што власта игра на картата на поделби и заплашувања. Истото сценарио потсети Филипче се случувало и кога беснееја шумски пожари и која се влошуваше економската состојба во државата. Притоа во конгресното излагање тој напомена дека со ВМРО-ДПМНЕ улиците повторно се претворени во бојно поле за пресметки на бандите и убиства но наспроти реалноста дома Мицковски упорно глуми национално единство.

„Мицкоски продолжува дома да проповеда „горд отпор“ и „национално достоинство“, додека пред европските политичари ветува дека ќе ги исполни сите услови. Ваквиот двоен аршин не само што го подрива кредибилитетот на Македонија, туку ја прави земјата заложник на неговиот политички калкулус. ВМРО-ДПМНЕ историски секогаш бил кочничар на напредокот, а оваа гарнитура не е различна. Додека се прогласуваат за големи „Европејци“, нивните дела говорат спротивно. Македонија е заглавена на патот кон ЕУ поради недостигот од акција на оваа влада. Наместо да ги продолжат преговорите, блокираат клучни реформи и ја користат европската перспектива за дневно-политички поени“, порача Филипче.

Претседателот Филипче повика да не се заборави дека сегашната власт во опозиција ги блокираа договорите со Грција и Бугарија, договори кои ја отворија вратата за НАТО и ЕУ. Притоа тој истакна дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во многу нешта потсетува на периодот 1998-2002.

„Претставниците на власта упорно се трудат и сакаат да го минимизираат оствареното во евроатлантските интеграции. Не обвинуваат дека сме ги предале националните интереси. Служејќи се со гол популизам и евтин национализам лажно ветуваа дека можат да издејствуваат нова преговарачка рамка со ЕУ. Да се потсетиме. Со истата жестина како што во опозиција го напаѓаа Преспанскиот Договор, ја напаѓаа и Времената спогодба од 1995, за во 2009 да им стане врвна дипломатска придобивка и главен аргумент во пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Исто како што сега на Христијан Мицкоски Преспанскиот Договор му стана ремек дело на европската дипломатија. ВМРО-ДПМНЕ тогаш во опозиција тврдеше дека ќе ги врати Струга и Кичево во старите општински граници, а потоа во периодот 2006-2016 заборавија што ветувале. На НАТО Самитот во Букурешт во 2008 прифатија ново име на државата, а нас не обвинуваат дека сме го предале името. Ги слушавме и по телефонските разговори. Не случајно нашиот народ вели: Волкот влакното го менува, но ќудот не!“, истакна Филипче на конгресот.

Тој исто така потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ се истите лицемери кои себеси се нарекуваат „народни“, а никогаш немале храброст да го подметнат грбот во клучните моменти за државата. Тоа се истите кои секогаш бегале од одговорност криејќи се во комфорните зони. Затоа ВМРО-ДПМНЕ биле и ќе останат политички кукавици.

„Граѓаните не се наивни. Точно ги читаат неискрените политичари кои ја освоија нивната доверба со веќе видените политички измами“, порача Филипче од 30 Конгрес на кој партијата го избра новото раководство.

Бред Пит падна среде снимање, снимката го обиколи светот (ВИДЕО)

Најзгодниот актер во Холивуд, Бред Пит, моментално се наоѓа во Лас Вегас, каде што снима филм за Формула 1.

Во оваа продукција Пит ја игра една од главните улоги, Сони Хејс, а на социјалните мрежи почнаа да кружат снимки од снимањето.

Пит со помош на двојник ја снимил сцената во која нивниот лик (Сони Хејс) удира во автомобилот APX GP, по што тој излегува од возилото и паѓа во несвест.

Луѓето ги споделуваат овие сцени, шокирани од она што го гледаат.

Како што пишуваат светските медиуми, филмот на Џозеф Косински за возачите на Формула 1 треба да пристигне во кината следното лето, со маестрална актерска екипа е предводена од Бред Пит.

Филмот се снима веќе неколку години, а на целата екипа ѝ помага организациониот тим на Формула 1, сите возачи и љубители на овој спорт.

притисни ентер