Верстапен се расплака од радост на пат кон боксот: Каква сезона, четири пати (ВИДЕО)

Четврта година по ред, Макс Верстапен е светски шампион во Формула 1.

Тој ја одбрани титулата со две трки до крајот на Големата награда на Лас Вегас, каде што му беше дозволено да освои само два поени помалку од единствениот преостанат натпреварувач, Ландо Норис и со петтото место освои бод повеќе и ја зголеми предноста на недостижни 63 бода.

Дури и да не успееше, обезбедувањето на титулата ќе беше обична формалност во Катар следната недела или во Абу Даби следната недела, но сепак го направи многу потешко од минатата година, кога целосно доминираше во конкуренцијата и освои 18 од 21. трки. Веројатно затоа вообичаено кул Холанѓанец многу емотивно ја доживеа титулата.

"О Боже, каква сезона... Четири пати! Ви благодарам на сите. Беше малку потешко од минатата година, но се извлеков, дадов сѐ од себе", рече Верстапен плачејќи од болидот, кога беше вклучен во преносот и му честитаа додека возеше кон боксот.

Неколку моменти подоцна беше снимено неговото обраќање до неговиот тим Ред Бул. "Не мислев дека ова е можно, но го направив тоа благодарение на вас. Фала уште еднаш", рече тој со шмркање, а гласот му трепереше. Видеото можете да го погледнете овде.

Верстапен се израмни со Ален Прост и Себастијан Фетел со четвртата шампионска титула, а пред него се само Михаел Шумахер и Луис Хамилтон со по седум титули и легендарниот Хуан Мануел Фанџо со пет.

@skysport 𝐔𝐍 👏 𝐅𝐎𝐔𝐑 👏 𝐆𝐄𝐓𝐓𝐀𝐁𝐋𝐄 👏 📹 @Red Bull Racing #F1kyMotori #F1 #Formula1 #LasVegasGP #Verstappen #RedBullRacing ♬ suono originale - Sky Sport

Јаневска: Во училиштата нема место за какво било насилство, ја јакнеме законската заштита

Насилството и училиштето не одат заедно. Министерството за образование и наука е посветено да ги заштити децата и младите, преку градење на безбедна и поддржувачка средина.

Насилството и училиштето не одат заедно. Министерството за образование и наука е посветено да ги заштити децата и младите, преку градење на безбедна и поддржувачка средина каде што ќе можат да растат, учат и да напредуваат, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на настанот организиран од Мисијата на ОБСЕ „Насилство врз млади жени и девојки: сексуално вознемирување и следење“.

„Системот на воспитување и образование има воспоставено механизми за спречување и справување со насилство, вклучително и насилство врз девојчињата и младите жени. Првиот механизам е преку регулативата, што сега е предмет на ревизија, со цел да зајакнеме повеќе сегменти, меѓу кои и заштитата од секакви форми на дискриминација и насилство. Во делот на превентивата, воведуваме одредба дека во училиштата се остваруваат и програми за заштита од насилство и за спречување дискриминација, низ различни наставни и воннаставни активности кои се организираат со родители/старатели, општини, граѓански здруженија и така натаму“, посочи министерката.

Во воспитно-образовниот процес, местото на наставникот е клучно и од аспект на градење свест кај учениците дека никој не смее да биде жртва на насилство, а доколку се случи, за насилството не треба да се молчи. Наставниците посетуваат и обуки за препознавање и спречување на родово базирано насилство. При секое несоодветно однесување на ученик, наставникот прво се труди сам да го надмине предизвикот, по што може да се вклучи и стручната служба во училиштето, а понатаму и Педагошката служба при министерството.

„Како Министерство, ги охрабруваме сите ученици и ученички да пријавуваат насилство во каква било форма, и тоа го прават на електронската адреса [email protected], директно во Педагошката служба или во Државниот просветен инспекторат“, укажа Јаневска.

Во контекст на превенирање на какви било несакани однесувања, министерството на почетокот на оваа учебна година до училиштата достави насоки да се организираат повеќе активности наменети за подигање на свеста за важноста од градење мирни и хармонични училишни заедници. Меѓусебното разбирање, почит и емпатија се темелите на таквата средина и тие се вредности кои сакаме да ги всадиме кај нашите млади луѓе уште од рана возраст.

Министерката посочи и дека МОН спроведува мерки и активности не само за да ги заштити девојчињата од насилство, туку и за нивна поголема вклученост во повеќе аспекти и сегменти на образовниот систем. Како примери ги наведе поддршката за вклучување во СТЕМ областите и предноста при аплицирање за стипендии доколку поголема конкуренција се момчињата.

Изразувајќи благодарност до Мисијата на ОБСЕ за поддршката што ја дава на МОН, порача дека само со заеднички напори може да се создаваат квалитетни генерации, вклучително и девојки и жени подготвени да предводат нови општествени промени кон подобро.

Министерство за образование и наука

Николоски: Промовираме зимско асфалтирање, до летово ќе биде пуштен за сообраќај Врбјани- Охрид

До почетокот на летата сезона ќе бидат пуштени 40 километри од автопатот Кичево-Охрид, на делницата од Врбјани до Охрид, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, при денешниот увид во работите на автопатот... 

Автопатот Кичево – Охрид ќе се заврши до крајот на 2026 година, се решава проблемот со експропријацијата, а за прв пат во земјава ќе се асфалтира и преку зима, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со првиот човек на ЈПДП Коце Трајановски извршија увид во градежните активности на авотпатската делница. Николоски вели на терен секојдневно се околу 300 машини и 600 луѓе, кои ќе работат и во ноќните часови. На целата траса ќе има и алтернативен пат, а најави дека од утре стартува и рехабилитација на превојот Пресека.

Трајановски појаснува асфалтирањето во зима се овозможува преку додавање на адитив во асфалтот, кој овозможува асфалтирање на минусни температури, но не и во услови на врнежи од дожд или снег. Дополнително вели со оглед дека проектот е правен во 2014 година, оттогаш до сега се променти стандардите можно е неговата цена која досега од 400 скокна на 600 милиони евра и натаму да расте.

Се очекува до пролет да се избере и изведувач за автоаптот Кичево – Букојчани, со што тој дел ќе се поврзе со Гостивар – Букојчани, делница на која конзорцуимот Бехтел и Енка, почна со работа пред околу еден месец. А по комплетирање на автопатот од Скопје до Охрид и Струга ќе се патува максимум час и половина. Од ЈПДП велат меѓувреме интензивно се работи и на санација на косините и завршување на експропријацијата на потетог Кичево – Врбјани. Според ЈПДП левата страна од патот од Врбјани до Охрид очекуваат да биде завршена до почетокот на туристичката сезона, а се прават напори за да се заврши и десната страна. 57 километарската делница кинески Синохидро почна да ја гради во 2014 година, рокот досега неколкупати беше пролонгиран за што беа потпишани 6 анкес договори, а со дел од нив порасна и цената. А последно работата ја закочија 13 те свлечишта кои се појавија на автопатот. Пред околу еден месец со градежни активности се започна и на делницата Гостивар Букојчани дел од Коридорот 8, кој треба да се поврзе со овој автопат, но оваа и останатите делници од Коридорите 8 и 10 Д ги гради конзорциумот Бехтел и Енка.

Владата и банките се договориле за унгарскиот кредит: Каматата за компаниите ќе биде 1,95%

Владата и поголем дел од банките се договориле за условите за пласман на 250-те милиони евра од унгарскиот кредит - каматата за компаниите ќе биде 1,95%, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.. 

Владата и поголемиот дел од банките се договорија околу условие за поделбата на 250 милиони ерва од унгарскиот заем до стопанството. Според премерот Мицкоски засега согласнот има од неколку помали и неколку поголеми банки за тоа парите да стигант до крајните корисници во сотпанството под камата од 1,95% а оние што нема да ги прифатат овие услвои нема да бидат дел од овој проект.

Според премерот договрени се и останатите сулови под кои парите ќе бидат достапни за сите компании независно дали се од мал, среден или голем обем. Она што е главно е дека ќе мора да имаат 20% сосптвено учество односно на 250 милиони евра тоа се уште 50 милиони евра кои ќе треба да ги инвестираат компаниите.

Она е што е значајно е дека компаниите најнапред со проетките ќе аплицираат кај банките и откако тие ќе бидат одобрени тогаш ќе се префрлат пари од унгарскиот заем за оваа намена со тоа што максимално една компанија под овие исклучително поволни услови може да искорисити до 10 милиони евра. Претходно од владата сооштија дека основната камата до 3,25% во целост ќе ја плати државата а не банките со цел стопанството да добие финансиска инјекција под најповолни услови.

притисни ентер