Филипинскиот совет за безбедност ќе расправа за заканата за убиство на претседателот на земјата

Филипинскиот совет за безбедност официјално ќе расправа за наводната закана за убиство на претседателот на земјата, Фердинанд Маркос Јуниор, упатена од потпретседателката Сара Дутерте, изјави денеска советникот за национална безбедност Едуардо Ано.

Тој тоа го опиша како „прашање на националната безбедност“.

Сара Дутерте, на тензичен утрински брифинг вчера, рече дека разговарала со лице кое таа го опиша како иден атентатор и на кое, како што рече, му дала инструкции да ги убие Маркос, неговата сопруга и претседателот на филипинскиот парламент во случај таа да биде убиена.

Советникот за национална безбедност Едуардо Ано рече дека владата ги смета сите закани за претседателот за „сериозни“ и најави блиска соработка со органите за спроведување на законот и разузнавачките агенции, кои ќе ја истражат заканата и можните сторители.

„Сите закани по животот на претседателот ќе бидат проверени и ќе се сметаат за прашање на националната безбедност“, се наведува во соопштението на Ано.

Како одговор на заканата на Сара Дутерте, претседателската команда за безбедност на Маркос соопшти дека ги заострила безбедносните протоколи.

Дутерте и Маркос беа политички партнери во 2022 година, но нивниот сојуз се распадна поради разликите во политиката, вклучително и различните ставови за смртоносната војна против дрогата на поранешниот претседател Родриго Дутерте.

Бред Пит падна среде снимање, снимката го обиколи светот (ВИДЕО)

Најзгодниот актер во Холивуд, Бред Пит, моментално се наоѓа во Лас Вегас, каде што снима филм за Формула 1.

Во оваа продукција Пит ја игра една од главните улоги, Сони Хејс, а на социјалните мрежи почнаа да кружат снимки од снимањето.

Пит со помош на двојник ја снимил сцената во која нивниот лик (Сони Хејс) удира во автомобилот APX GP, по што тој излегува од возилото и паѓа во несвест.

Луѓето ги споделуваат овие сцени, шокирани од она што го гледаат.

Како што пишуваат светските медиуми, филмот на Џозеф Косински за возачите на Формула 1 треба да пристигне во кината следното лето, со маестрална актерска екипа е предводена од Бред Пит.

Филмот се снима веќе неколку години, а на целата екипа ѝ помага организациониот тим на Формула 1, сите возачи и љубители на овој спорт.

Борел: Да се изврши притисок врз Израел и Хезболах да го прифатат американскиот предлог

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на денешната прес-конференција во Бејрут апелираше да се изврши притисок врз израелската Влада и либанското движење Хезболах да го прифатат американскиот предлог.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на денешната прес-конференција во Бејрут апелираше да се изврши притисок врз израелската Влада и либанското движење Хезболах да го прифатат американскиот предлог за прекин на огнот.

За да се постигне примирје помеѓу Израел и Хезболах потребно е да се имплементира резолуцијата 1701 на Обединети нации, според која либанската армија треба да се распореди во јужен Либан и да се консолидира нејзиното присуство во пограничната област. Според Резолуцијата 1701 Хезболах треба да се повлече северно од реката Литани на околу 30 километри од границата со Израел. Израел и Либан во рок од 60 дена мора да разговараат и за целосно спроведување на резолуцијата 1701 на ОН.

Шефот на европската дипломатија вети и 200 милиони евра за поддршка на либанската армија.

Борел, исто така ги повика и либанските лидери да изберат претседател, со цел да го надминат двогодишниот вакуум.

Либанското милитантно движење Хезболах од почетокот на војната во Појасот Газа лансира ракети врз Израел, како поддршка на палестинската група Хамас. Израелската војска одговори со масовна кампања на воздушни напади и копнена инвазија во Либан.

Петрески за РСЕ: Нејасно е кои фирми и со која намена ќе земаат пари од унгарскиот кредит

Се уште е рано да се предвиди каков ефект ќе има унгарскиот кредит за економијата, оценува Благица Петрески од Фајнанс тинк во интерју за Радио Слободна Европа.

Според неа, во дискусија недостасува дообјаснување каква ќе биде намената на кредитите и кои компании ќе бидат таргет..

притисни ентер