Верстапен: Ред Бул треба да се подобри ако сакаме да ја зачуваме лидерската позиција

 Актуелниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен ја оцени позицијата на тимот пред неделната трка за Големата награда на Унгарија.

Холанѓанецот од тимот на Ред Бул се надева на добри перформанси и победа на „Хунгароринг“.

- Во последните неколку дена бев со тимот и работев многу на симулаторот како подготовка за претстојното унгарско Гран при. И завршивме одлична работа. Трката во Силверстоун се покажа како тешка за нас. Иако донесовме правилни одлуки, сепак треба многу да се подобриме ако сакаме да останеме лидери во вториот дел од сезоната. Имавме силна трка во Унгарија минатата година и имам одлични спомени. Впрочем, таму ја извојувавме дванаесеттата победа во низа. Се надевам дека оваа година ќе имаме силна трка и ќе постигнеме добар резултат, изјави Верстапен.

Во Генералниот пласман за возачи, Верстапен е водечки со 255 бодови, пред Ландо Норис од Мекларен кој има 171, Шарл Леклер од Ферари е трет со 150 бода.

ФИФА го казни Шкупи

Поранешниот шампион на Македонија, Шкупи нема да може да регистрира нови фудбалери до 2026 година, одлучи Светската фудбалска централа (ФИФА).

Одлуката објавена и на интернет страницата на ФИФА.

Ваква забрана се изрекува на клубови поради неподмирени финансиски обврски кон поранешни или сегашни членови.

Огромни бранови високи до четири метри на бреговите на Еквадор и Перу

Огромни бранови високи до четири метри се појавија на бреговите на Еквадор и Перу, оставајќи десетици пристаништа затворени, а најмалку едно лице загина, соопштија властите.

Пристаништата и јавните плоштади практично беа потопени во некои делови на Перу, поради што жителите побегнаа во повисоките, побезбедни области.

Брановите, според перуанската морнарица, се создадени од ветровите долж површината на океанот кај американскиот брег.

Овие големи бранови „се генерираат илјадници километри од Перу, во близина на американскиот брег“, рече капетанот на морнарицата Енрике Вареа.

Многу плажи долж централниот и северниот дел на Перу се затворени поради безбедност, соопштија властите.

Оштетени се десетици рибарски чамци, а оние кои беа поштедени се уште не можат да работат во опасни услови.

Канаваро фаворит за нов тренер на Динамо Загреб

Фабио Канаваро е фаворит за нов тренер на Динамо Загреб. За ова информираше трансфер гуруто Фабрицио Романо. Хрватскиот клуб не е задоволен од досегашниот тренер Ненад Бјелица и е во потрага по негова замена.

Во провизорното рангирање Динамо ја зазема третата позиција и заостанува 7 бода зад лидерите Ријека и Хајдук Сплит.

Шефовите на тимот од Загреб го сметаат Канаваро за идеален кандидат за оваа позиција. Последното место на работа на поранешниот италијански репрезентативец беше Удинезе.

Динамо ја започна сезоната под водство на поранешниот играч на ЦСКА, Сергеј Јакирович, кој беше отпуштен од тренерската функција по поразот од Баерн Минхен со 2:9 на стартот од Лигата на шампионите.

притисни ентер