Огромни бранови високи до четири метри на бреговите на Еквадор и Перу

Огромни бранови високи до четири метри се појавија на бреговите на Еквадор и Перу, оставајќи десетици пристаништа затворени, а најмалку едно лице загина, соопштија властите.

Пристаништата и јавните плоштади практично беа потопени во некои делови на Перу, поради што жителите побегнаа во повисоките, побезбедни области.

Брановите, според перуанската морнарица, се создадени од ветровите долж површината на океанот кај американскиот брег.

Овие големи бранови „се генерираат илјадници километри од Перу, во близина на американскиот брег“, рече капетанот на морнарицата Енрике Вареа.

Многу плажи долж централниот и северниот дел на Перу се затворени поради безбедност, соопштија властите.

Оштетени се десетици рибарски чамци, а оние кои беа поштедени се уште не можат да работат во опасни услови.

Фото: Лепа Брена одржа концерт на патерици

Големата балканска музичка ѕвезда Лепа Брена синоќа настапи во белградскиот Сава центар. 

Таа на концертот пристигна на патерици откако неодамна го повреди зглобот на концертот во Арена Загреб.

За време на концертот Брена седеше на специјално дизајнирано столче, а за новогодишниот концерт се одлучи да облеже елегантен долг фустан со светки.

Инаку, Брена се повреди на концерт во Загреб поради што заврши на загрепската клиника за трауматологија во Драшковиќева, каде што по концертот заврши на операција.

Концертите што таа требаше да ги одржи на 10 и 16 декември се одложени. Новите датуми се 21 и 22 март.

Видео- фото: Карлеуша како секси Баба Мразица на новогодишниот настап

Популарната и атрактивна пејачка Јелена Карлеуша ја дочека Новата година на градскиот плоштад во Крагуевац.

Провокативната Карлеуша како вистинска секси Баба Мразица околу 23 часот се појавила на сцената и веднаш ја „запали“ атмосферата во студената јновогодишна ноќ.

Мегапопуларната Карла на сцената се појавила во црвен латекс костим на жешкиот Дедо Мраз.

Отворен скијачкиот центар „Михајлово“

Зимски центар каков што заслужува Тиквешијата. Официјално пуштен е во употреба скијачкиот центар „Михајлово“, на околу 35 километри оддалечен од Кавадарци во густите предели на Кожув.

Отворањето на центарот и официјалното пуштање во употреба на скијачката патека „Македонија“ го привлече вниманието на љубителите на снежните спортови. Од деца со санки и скии, до поискусни скијачи, но и луѓе кои решиле својот прв ден од новата година да го поминат на прекрасното планинско сонце.

На отворањето на центарот, покрај градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и членови на општинскиот совет, присуствуваа и премиерот Мицкоски, и министрите Тошковски и Димитриоска Кочоска.

Овој центар ќе привлече туристи од околината и дополнително ќе го развие туризмот во овој крај од земјава, сметаат Јанчев и Мицкоски.

Официјалното користење на стазата „Македонија“ пак го најави Дедо Мраз кој со моторна санка се спушти по патеката. Потоа свечено беше пресечена лента, а на крај следеше пробното скијање.

Дел од присутните задоволни што во овој крај ќе имаат ски центар. Велат, „Михајлово“ ќе биде идеално место за викенд-прошетка.

На настанот, беа доделени и плакети за општествено-одговорните компании кои помогнале за пуштање во употреба на центарот.

притисни ентер