Во Хрватска излезноста на претседателските избори околу 36 отсто, помала и од пред пет години

Во Хрватска и попладнево излезноста на претседателските избори во земјата е помала од пред пет години, покажуваат најновите податоци на Државната изборна комисија (ДИК).

До 16 часот и 30 минути излегле 1.195.377 гласачи или 36,09 отсто. Пред пет години во исто време гласале 38,82 отсто од гласачите или 1.343.000.

На претседателските избори во 2010 година до 16 часот на гласање излегле 36,36 отсто од запишаните избирачи.

ДИК наведе дека највисокиот одѕив во окрузите Вараждин и Меѓумурје бил над 40 проценти, а најмал во Вуковарско-сремската жупанија со околу 28 проценти.

Ова се трети избори во Хрватска годинава, претходно беа одржани парламентарни и избори за пратеници во Европскиот парламент.

Избирачките места се отворени од 7 до 19 часот, кога завршува изборниот молк. Потоа ќе бидат објавени првите резултати од излезните анкети, а ДИК ќе почне со објавување на првите резултати од 20 часот.

ФБИ: Смртоносниот напад со автомобил во Њу Орлеанс е „терористички чин“

Федералното истражно биро (ФБИ) соопшти дека смртоносниот напад со автомобил во Њу Орлеанс го смета за „терористички чин“.

Човекот кој го предизвика инцидентот на новогодишната прослава во Њу Орлеанс, беше убиен од полициските службеници, наведува ФБИ.

Инцидентот се случи на улицата Бурбон за време на новогодишната прослава околу 03:15 часот по локално време. Најмалку 10 лица загинаа откако човекот удри во толпа луѓе, а повеќе од 35 се хоспитализирани.

Николоски: Традиционално - колаж од најзначајните настани во 2024 година

Почитувани пријатели, позади нас е годината во којашто се случија промените и ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста за Македонија.

- Почитувани пријатели, позади нас е годината во којашто се случија промените и ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста за Македонија Погледнете ја мојата битка во 2024 година . Среќна Нова Година!

Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт

Две лица загинаа во нападот во центарот на Киев

Две лица загинаа, а шест се повредени денеска во Киев во напад на руската армија, која утринава лансираше бран од 111 беспилотни летала врз Украина.

Тоа е првиот руски напад на првиот ден од 2025 година, додека синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски во својот новогодишен говор рече дека Новата година ќе биде „година на преговори кои треба да стават крај на војната“.

Рускиот претседател Владимир Путин кон крајот на декември се закани дека ќе го нападне центарот на Киев како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел врз неговата земја.

-По утринскиот напад, бројот на жртви во Киев се зголеми: двајца загинати, шестмина повредени, четири лица се спасени, објавија украинските служби за итни случаи на Телеграм.

Спасувачите објавија и дека го ставиле под контрола пожарот кој ја оштети станбената и административната зграда во областа Печерск во историскиот центар на главниот град.

Пожарот е предизвикан од паѓање на остатоци од дронови соборени од противвоздушна одбрана.

Зградата и припаѓа на Народната банка на Украина, а се наоѓа на околу 300 метри од претседателските канцеларии.

-Дури и на новогодишната ноќ, Русија се грижи само да и наштети на Украина, рече Зеленски.

притисни ентер