Се уште нема официјална потврда за точниот број на жртви, но РТЦГ јавува дека убиени се седум лица, од кои две се малолетни.
Во крвавиот инцидент има и ранети. Во соопштението се наведува дека престрелката се случила во попладневните часови, кога А.М застрелал и убил неколку лица, а потоа побегнал, јавуваат црногорските медиуми. По убиството во Цетиње, осомничениот ги убил и децата на газдата.
РТЦГ пишува дека осомничениот се вика Ацо Мартиновиќ и дека претходно бил во конфликт со Д.К., кого го сретнал во кафана. Мартиновиќ потоа отишол дома да го земе пиштолот, се вратил во таверната, каде убил и ранил неколку лица. После тоа отишол во Хумци, каде ги убил децата на кафанаџијата и една жена.
Според нивните сознанија, Мартиновиќ не е поврзан со ниту една организирана криминална група, но од порано бил препознаен како лице со афективно однесување и бил уапсен за недозволено поседување оружје.