Украина тврди дека Русија лансирала интерконтинентална балистичка ракета

Русија денеска лансирала интерконтинентална балистичка ракета „Кинџал“ од нејзиниот јужен регион Астрахан и седум крстаречки ракети, соопшти украинската војска.

Русија го употреби ова оружје со долг дострел за прв пат откако ја почна војната.

Нападот следуваше откако Украина оваа недела употреби американски и британски ракети за да нападне цели во Русија, за што Москва со месеци предупредуваше како потенцијална ескалација.

Цел на нападот биле бизниси и критична инфраструктура во централно-источниот украински град Дњепар, соопштија властите.

Не е познато што конкретно е погодено од интерконтиненталната ракета или дали има голема штета.

Руските ракети имаат дострел од неколку илјади километри и можат да носат нуклеарни боеви глави.

Украинскиот систем за противвоздушна одбрана собори шест крстосувачки ракети Кх-101 за време на нападот.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека ракетата била лансирана од областа Астрахан во Русија, но не прецизираа за каков тип на интерконтинентална балистичка ракета се работи.

Ласовска: Во 2018 поднесовме 35 илјади амандмани за законот за јазици

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска на Комисијата за финансирање и буџет,  говореше за правата на малцинствата, како и за Законот за јазиците.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска на Комисијата за финансирање и буџет, говореше за правата на малцинствата, како и за Законот за јазиците, посочувајќи дека дотичниот пратеник Сали Мурати, кој бил Уставен судија, кога ВМРО-ДПМНЕ поднело 35 илјади амандмани за Законот за јазиците, за на крај да завршат во контејнер.

„35 илјади амандмани, тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ поднесе на Законот за јазици, и беа фрлени во контејнер. Што Вие како експерт, како Уставен судија мислите за таквиот начин на практицирање на демократијата. Тоа е флагрантно кршење на правата на пратеникот и практицирање на демократијата“, посочи Ласовска кон Мурати.

Пратеничката го праша пратеникот Мурати, дали кога тој бил претседател на Уставниот суд, за прекршената процедура и на каков начин бил донесен тогаш Законот.

„Дали тогаш се заинтересиравте да видите за прекршената процедура и начинот на којшто тој Закон се донесе и начинот на којшто беше спречено правото да биде дискутирано за тие амандмани“, додаде Ласовска, посочувајќи дека доколку искрено се залага пратеникот Мурати за турскиот јазик, имал време таа можност да ја претвори во реалност, се наведува во партиското соопштение.

Поранешниот замок и студиото на легендарната Кејт Буш се продава за 13,8 милиони евра

Поранешниот дом и студиото за снимање на британската музичарка Кејт Буш во Беркшир, каде таа ги напиша и ги сними своите албуми „Aerial“ и „50 Words for Snow“, се продава за 13,8 милиони евра.

Буш поседуваше куќа позната како Шенфилд Мил на реката Кенет од средината на 1990-тите до 2011 година, кога беше купена од основачот на компанијата Fulmar Color Printing, Мајк Тејлор за околу 2,9 милиони евра.

Тејлор тогаш изјавил дека неодамна се пензионирал и сакал дом во кој ќе може да поминува часови на риболов, но 13 години подоцна решил да се отсели за да биде поблиску до своите деца и внуци во Кент, па ја дал куќата на продажба за 11,5 милиони фунти, пренесува Блумберг.

Покрај тоа, купувачот добива 23 хектари земја покрај реката, главната џорџијанска куќа со четири спални, студиото за танцување и снимање на Кејт Буш претворено во гостинска куќа со три дополнителни спални соби и одвоена куќа со две дополнителни спални соби.

Купувачот ќе добие и „зелена куќа“, бидејќи имотот произведува сопствена енергија, бидејќи Тејлор ја ангажирал инженерската консултантска компанија Renewables First да инсталира спирална турбина Архимед со дијаметар од три метри (хидроелектричен уред погодна за риби) во реката, што генерира 40 киловати енергија на час од водата што постојано минува низ неа, што е повеќе енергија отколку што користи имотот, поради што тековните трошоци на куќата се многу мали.

Турбината обезбедува енергија за топла вода, клима уред, подно греење и полнач за електрични возила.

Тејлор изјавил дека проучувал историски документи во кои се споменува куќата, која била недалеку од воената воздухопловна база од која пилотите летале во окупирана Франција, врз основа на кои заклучил дека таму за време на војната престојувал и поранешниот француски претседател Шарл де Гол.

Главната куќа од 7.000 квадратни метри е двокатна џорџијска зграда од црвена тула која датира од почетокот на 19 век.

Сите спални соби се горе, приземјето има главна кујна и странична кујна со простор за појадок, библиотека, работна соба и дополнителни простори за живеење како што се соби за одмор и дневна соба.

Имотот „Шенфилд Мил“ се наоѓа на работ на селото Теле, на околу 13 километри од Рединг и околу педесет километри од лондонскиот аеродром Хитроу.

Главната куќа и две помошни згради се наоѓаат покрај реката, а имотот е вкрстен со приватни водни патишта. Поголемиот дел од земјиштето околу куќата се оградени земјоделски полиња.

Парцелата содржи и урнатини на историска воденица со водени тркала, која изгорела во 1890-тите. Агентите за недвижнини велат дека во мелницата некогаш биле вработени околу 100 луѓе.

Јанчев: Реконструкција на дел од ул. ,,Страшо Пинџур’’ што се категоризира како регионален пат

Реконструкција на дел од ул. ,,Страшо Пинџур’’ која се категоризира како регионален пат!

Започна гребењето на дел оваа улица, по што следува и асфалтирање со кое ќе се заокружи комплетната реконструкција на оваа улица.

Инвеститор е Македонија пат со поддршка на Јавното претпријатие за државни патишта на Македонија.

Кавадарци за сите!, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

притисни ентер