Турција ја користи состојбата по падот на Асад за да се пресмета со Курдите во Сирија (ВИДЕО)

Во тек се борби меѓу протурските сили и курдските милиции во северна Сирија, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.

Сириската опсерваторија за човекови права, воен мониторинг, соопшти дека Сириските демократски сили (SDF) предводени од Курдите во текот на ноќта истрелале ракети врз позициите на Сириската национална армија (СНА) поддржани од Турција во близина на браната Тишрин.

СНА одговориле со силен оган врз курдски цели во близина на пограничниот град Кобане. СДФ соопшти дека имало тешки борби на неколку фронтови и дека биле убиени 17 припадници на СНА. Тие тврдат дека меѓу убиените има најмалку еден командант.

Воен мониторинг со седиште во Обединетото Кралство рече дека неколку цивили исто така биле повредени во нападите на СНА.

СНА напредува кон областите под контрола на Курдите во северна Сирија. Турција е обвинета дека се обидува да го искористи вакуумот на моќта во Сирија за да ги уништи областите под контрола на Курдите во северниот дел на земјата.

Курдската СДФ е поддржана од САД, но Турција ја смета за огранок на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), а со тоа е терористичка организација.

Студено со услови за магла по одделни котлини, температурите од -7 до 11 степени

Времето утрово ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје наутро со услови за појава на магла, а во текот на денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст, поради што снежната покривка на планините постепено ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури.

Дневен хороскоп за 29. декември 2024 година

Дневен хороскоп за недела, 29. декември 2024 година

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Уживањата во друштвото на саканата личност ќе ги споите со гурманско уживање. На дневен ред е скара.

Кариера

Пред вас се многу нови амбициозни планови кои ве радуваат. размислувате што уште можете да постигнете.

Здравје

Искористете го денот.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Можеби ќе се измачувате од своите црни мисли , но ако и се препуштите на ведрината на саканата личност, се ќе биде во ред.

Кариера

Пред вас доаѓа нова работна недела,откако оваа ја завршивте со половичен резултат. За следната знаете дека ќе има предизвици. Подгответе се и вежбајте дипломатија.

Здравје

Побарајте хумористични содржини.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Загриженоста поради состојбата на еден пријател ќе биде главна тема за разговор со саканата личност.

Кариера

Верувате дека следните работни денови ќе може да се потпрете на своите колеги. Делумно сте во право.

Здравје

Вежбајте јога.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе успеете да се опуштите од малите љубовни грижи. Денешниот ден ќе ја врати ведрината во вашите интимни односи.

Кариера

Денеска една млада личност од работа би можела да ви ги довери своите стравови и сомневања.

Здравје

Наполнете ги батериите со лесна гимнастика.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно е дружење со по малку мистични луѓе на необично место.

Кариера

Оние чија работа е поврзана со настапи или со публика , денеска ќе имаат шанса за да ги покажат своите таленти.

Здравје

Вежбајте правилно дишење.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно ќе бидете растргнати меѓу саканата личност и еден член на своето семејство .

Кариера

Денеска ќе се обидете да се оддалечите од деловните теми , колку е можно повеќе. Некои ќе заминат во теретана , а некои на пливање.

Здравје

Време е за релаксирање.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Цел ден со леснотија ќе воспоставувате контакти со луѓето , па секако излезете на кафе и прошетајте се. Тоа ќе ви го освежи денот.

Кариера

Знаете дека добро ви оди и немате потреба премногу да размислувате за работата.

Здравје

Минете го денот во друштво.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашата љубовна самодоверба ќе биде на завидно ниво. затоа малку ќе ве збуни чувствителноста на партнерот.

Кариера

Можете да преминете преку се што ќе ве снајде. Затоа не правете проблеми таму каде што всушност и ги нема.

Здравје

Имајте доверба во себе.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вешите лични односи денеска ќе бидат во чувствителна фаза кога треба да покажете толеранција, внимание и сочуство.

Кариера

Опуштањето пред крајот на работната недела навистина ве радува Сосема ќе заборавите на работата.

Здравје

Почнете да спортувате.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во вториот дел од денот ќе сфатите дека не е потребно да инсистирате на своите барања. Ќе бидете во рамнотежа , а врската ќе се подобри.

Кариера

Не ви е сосема јасно што се очекува од вас , па ќе размислувате за тоа и за своите цели.

Здравје

Пијте повеќе течности.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Денеска конечно ќе дојде до подобрување на приватните односи , а тоа ќе ви разбуди надеж дека може да биде уште подобро.

Кариера

Работата никако не ви се вклопува во денешниот ден кога сакате да се посветите на себе, на она што го сакате или на некои внатрешни превирања.

Здравје

Не се споредувајте со другите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот љубовен живот ќе продолжи да се развива на многу убав начин . Тоа ќе ве мотивира на уште повеќе активности.

Кариера

Се чини дека се се равива и подобро од очекувањата. Малку повеќе ангажман денеска ќе биде поврзан со колегите.

Здравје

Внимавајте на настинка.

Човек тврди дека девет години непотребно примал хемотерапија:Таа дијагноза ми го смени животот

Медиумите пишуваат за Е.Олсон, кој тврди дека примал хемотерапија девет години, бидејќи по грешка му бил дијагностициран миелодиспластичен синдром (МДС).

Тој ја добил мрачната дијагноза во 2011 година во болница во Монтана (САД). Тогаш лекарот, како што тврди, му рекол дека ќе биде „мртов пред крајот на годината“ доколку не започне со лекување.

„Таа дијагноза ми го промени текот на животот“, вели Олсон, кој денес има 47 години.

Тој наведува дека лекарот побарал две биопсии на коскена срцевина, од кои на првата „се покажале знаци на МДС“. Втората, направена 10 месеци подоцна, била „чиста“.

И покрај позитивниот резултат од втората биопсија, тој бил подложен на третман - и така девет години, рече тој.

Тој тврди дека лекарот му рекол да ги „игнорира резултатите од втората биопсија“ и дека тоа е знак дека „лекувањето е ефикасно“, пренесува Унилад.

На убедување на специјалистот кој го придружувал Олсон за време на процедурата за дијализа, човекот побарал второ мислење. Тогаш приказната добила драматичен пресврт.

Кога медиумите го контактирале докторот од Монтана и го прашале за негативниот резултат од биопсијата, тој одговорил: „Тоа не значи дека болеста не постоела, туку дека лекувањето било успешно. Тоа не значи дека на почетокот не бил болен“.

Оттогаш болницата повторно го тестирала оригиналниот примерок и утврдила дека Ослон никогаш немал МДС, пренесува ProPublica.

Олсон не ја прифатил ситуацијата. Прво го прекинал лекувањето во 2021 година, а потоа ја тужел болницата. Сѐ завршило со исплата на непозната сума надвор од судницата.

Не мирувал ниту лекарот на Олсон, кој во меѓувреме добил отказ. Тој ја тужел болницата за клевета и, како што смета, незаконски прекин на работниот однос.

Судот во Монтана ја отфрлил тужбата, но поднел жалба. Од 20 декември годинава жалбата е во тек пред државниот Врховен суд.

притисни ентер