Трошоците на живот во 2024 година зголемени за 3.5 %, а цените на мало за 3.8 %

Трошоците на животот во 2024 година, во однос на 2023 година, бележат пораст од 3.5 %, а цените на мало од 3.8 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во декември 2024, пак, во споредба со истиот месец од 2023 година, трошоците на живот се зголемени за 4.4 %, а цените на мало за 4.3 %.

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2024 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката.

Пораст на индексите е забележан во сите групи: Ресторани и хотели за 9.9 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици

за 7.6 %, Здравје за 5.3 %, Разновидни стоки и услуги за 5.1 %, Рекреација и култура за 4.9 %, Мебел, покуќнина и

одржување на домаќинствата за 3.8 %, Облека и обувки за 3.1 %, Комуникации, Храна и безалкохолни пијалаци за

2.9 %, Транспорт, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1.4 % и Образование за 0.2 %.

Движењето на индексот на цените на мало во 2024 година, исто така, беше различно кај одделни групи производи.

Пораст на индексите е забележан во сите групи: Земјоделски производи за 7.1 %, Услуги за 5.0 %, Пијалаци за 4.0 %,

Индустриско-прехранбени производи за 3.5 %, Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 2.1 %.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2024 година, во однос на ноември 2024

година, изнесуваше 0.3 %. Зголемувањето на инфлацијата во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 4.8 %, рекреација и култура за 1.7 %,

ресторани и хотели за 0.4 %, облека и обувки за 0.2 %, разновидни стоки и услуги за 0.1 %.

Во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во

следните групи: комуникации за 0.4 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0.3 %, мебел, покуќнина и одржување на

домаќинствата за 0.2 %.

Трошоците на животот во групите: алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други

горива, здравје и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во декември 2024 година во однос на ноември 2024 година бележат раст од 1.2 %, објави ДЗС.

Се срамел да признае што му се случува ноќе, а после две години дијагнозата била поразителна

Бил убеден дека се работи за привремен проблем, а сега се бори за живот.

Дилан Пател (26) е фитнес тренер од Лондон кој со месеци имал проблем со ноќното потење, но му било срам да признае. Меѓутоа, ситуацијата се влошувала, кожата почнала да го чеша и конечно отишол на лекар, а дијагнозата била ужасна - Хочкинов лимфом (форма на тумор на крвта) во четврта фаза.

- Се будев среде ноќ облеан во пот, буквално бев облеан. Мојата облека, постелнината, сè беше влажно, ова ми се случуваше два-три пати во ноќта. Сепак, мислев дека тоа е само треска, а дури две години подоцна отидов на лекар – вели Дилан во објавеното видео на Тикток.

Кога слушнал дека има вкупно пет тумори во телото, вклучително и еден на белите дробови и дека е во четврта, терминална фаза, Дилан бил во шок.

- Потта била само еден од знаците. Кожата неверојатно ме чешаше, толку многу што цело време носев лосион со себе бидејќи мислев дека имам проблем со сува кожа. Забележав и израстоци на вратот, но сметав дека тоа е поради интензивното вежбање - вели Пател.

Иако Хочкиновиот лимфом е исклучително агресивен, тој исто така се смета за излечив, статистиката вели дека 75 проценти од пациентите живеат најмалку 10 години по дијагнозата.

Хочкинов лимфом најчесто се јавува кај луѓе на возраст од 20 до 40 години и постари од 75 години.

- Ако научив нешто од ова искуство, тоа е дека треба да обратам внимание на своето тело. Малите знаци и симптоми? Тие се таму со причина. Не чекајте да биде предоцна – заклучил Пател, пренесува Дејли меил.

https://www.tiktok.com/@dnafitnessuk/video/7195849151379279110

Лоеб: Нема издржани аргументи за нашето исклучување

Деветкратниот светски шампион во рели, Себастиен Лоеб, објасни дека одлуката на ФИА да го дисквалификува од релито Дакар страдала од „недостаток на цврсти аргументи“ и призна дека е разочаран од неговото предвремено отпаѓање.

Вчера, Лоеб и неговиот совозач Фабијан Луркин имаа тешка несреќа на самиот старт на третата етапа од релито, но успеаја да продолжат и да го доведат својот прототип „Дачија Сандрајдер“ до целта и покрај тоа што загубија повеќе од еден час.

Сепак, последователната проверка на автомобилот откри дека дел од ролната на автомобилот е свиткана и затоа екипажот е исклучен, а „Дачија“ изјави дека ќе се жали на одлуката.

-Навистина е разочарувачки што мораме да се вратиме во Џеда наместо да ја продолжиме борбата. Видовте што се случува со болидите. Еден час и 15 минути од лидерот ништо не е загубено. Да, ќе почневме поназад, но ќе имавме шанса да постигнеме нешто, изјави Лоеб.

Легендарниот возач вчера потроши време и на самата несреќа - превртувањето со голема брзина.

-Немам зборови да објаснам што се случи. Не притискав многу, но беше многу непријатна компресија и задникот отскокна, едноставно е. Во овој момент не можев многу да направам. Се случуваат такви работи, но тоа не ја прави ситуацијата помалку непријатна, призна Французинот.

Тој даде мислење и за одлуката на ФИА по проверката на неговиот болид.

-Вчерашната одлука е многу тешко да се прифати. За мене ова е непријатно и разочарувачко, бидејќи според мене на оваа одлука и недостасуваат цврсти аргументи. Се разбира, безбедноста е супер важна, тоа го разбирам. Но, лимитот поставен од ФИА се чини дека не е многу погоден за нашата дисциплина бидејќи се натпреваруваме во екстремни услови. Нашиот тим обезбеди докази за да докаже дека ролната останува цврста и силна, имам целосна доверба во тимот. Дури и со голо око, можете да видите дека нема компромис за безбедноста. Да, ова е тешко да се прифати, изјави уште Лоеб. /МИА

Невработеноста во САД останува 4,2 отсто, помал број Американци пријавиле невработеност

Бројот на Американци кои примаат надоместок за невработеност неочекувано се намалил минатата недела, а тоа укажува на стабилност на пазарот на трудот на почетокот од годината, додека стапката на невработеност се предвидува да остане 4,2 отсто.

Иако на почетокот од годината бројот на барања за надоместок за невработеност обично е нестабилен, годинава овој показател можеби е поврзан со ниското ниво на отпуштања. Стабилноста на пазарот на трудот е потврдена со податоците објавени во синоќа што кои покажуваат раст на бројот на работни места во ноември: на секој невработен имало 1,13 отворени работни места, споредено со 1.12 во октомври.

Се очекува дека состојбата на пазарот на трудот во САД да овозможи Федералните резерви (американската Централна банка) во јануари да не вршат интервенција со каматните стапки.

Во САД во ноември биле отворени 227.000 нови работни места. Се прогнозира дека стапката на невработеност ќе остане непроменета и ќе изнесува 4,2 отсто.

Сепак, иако нивото на отпуштања останува ниско споредено со историските податоци, вработувањето во САД е забавено. Некои од оние што останале без работа бараат нова работа со месеци./МИА

притисни ентер