Томас го привлече вниманието на спортската јавност кога ја освои женската NCAA титула во март 2022 година, најголемата титула на колеџ во Соединетите држави.
Во летото истата година, WA ги смени правилата за да им забрани на секој кој, како што објаснија, поминал низ „кој било дел од машкиот пубертет“ да се натпреварува во женска категорија. Оттогаш на Томас ѝ е забрането да плива во женска категорија. Таа се обиде да ја поништи таа одлука да се натпреварува на најголемиот настан во спортот, но не успеа.
Судот за спортска арбитража (CAS) се обиде да ги поништи промените на правилата, тврдејќи дека тие се невалидни, незаконски и дискриминаторски. Нејзиниот случај беше отфрлен поради технички причини, со образложение дека таа „едноставно нема право да учествува на натпреварите на Светската организација за водни спортови, како што се Олимпијадата или Светското првенство“, бидејќи таа повеќе не е член на американската репрезентација.
WA ја поздрави одлуката на Судот и рече: „Ние веруваме дека ова е голем чекор напред во нашите напори да го заштитиме женскиот спорт“.
Томас пливаше за машкиот тим на Пенсилванија три години пред да започне со хормонска терапија на почетокот на 2019 година. Таа инсистира дека е жена и дека припаѓа во женското пливање, а во 2022 година во интервју за Sports Illustrated ги објасни своите мотиви:
„Многу е едноставно. Јас не сум маж, јас сум жена и припаѓам на женскиот тим. Трансродовите луѓе заслужуваат иста почит како и сите други спортисти“, рече Томас, која како пливач Вилијам Томас беше рангиран на 462-то место меѓу американските пливачи, а како пливачка беше убедливо прва.
Во февруари 2022 година, 16 нејзини колешки од универзитетот анонимно испратија отворено писмо до функционерите на колеџот и лигата во кое бараа да не ѝ биде дозволено да се натпреварува во женска конкуренција затоа што „може да ги собори сите рекорди на Универзитетот Пен, конференцијата Ајви лигата и NCAA воопшто , што таа никогаш не би можела да го направи како маж“.
„Целосно ја поддржуваме Лиа во нејзината одлука да го потврди својот родов идентитет и да направи транзиција од машко во женско. Лиа има целосно право да го живее својот живот автентично. Но, во спортските натпревари, родовата биологија е сосема поинаква тема од родовиот идентитет. Биолошки, Лиа има нелојална предност во женска конкуренција, за што сведочи нејзиниот скок од 462. на првото место“, се вели во писмото објавено од Вашингтон пост пред две години.
Томас, пак, тврди дека таа е како сите други пливачки во тимот. „Само сакам да им покажам на трансродовите деца и на помладите трансродови спортисти дека не се сами и дека не мора да бираат помеѓу тоа кои се и спортот што го сакаат“, изјави Томас тогаш за Sports Illustrated.