62,8% од жените во Македонија барем еднаш се соочиле со онлајн насилство –покажува студија на UN Woman направена во 13 земји од регонот. Студијата на глобално ниво покажува дека над 700 милиони жени биле изложени на физичко или сексуално насилство барем еднаш во животот..Истражување пак, спроведено во 3 средни училишта во земјава покажало дека 78% од испитаниците биле жртви на вознемирување во онјалн просторот – податоци кои претседателката на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите Жаклина Пешевска ги оцени како страотни..Според неа бавна е импелентацијата на законите кои ги заштитуваат жените, па поради институционите лавиринти тие често се откажуваат од својата борба против насилниците.
„Пред секој од нас се исправува предизвикот за активна улога во борбата за препознавање на формите на насилство, осуда на насилството, пријавување, охрабрување на жртвите да го пријавуваат насилството и на крај казнување на насилниците. Првиот чекор за да го постигнеме тоа е законски да го дефинираме дигиталното насилство.“
Од почетокот на учебната година до сега на електронската адреса на министерството за образование и наука имало 15тина пријави за насилство од ученици – информира министерката Весна Јаневска. По нив вели министерството веќе соодветно постапило и ги ограбува сите ученици кои се соочуваат со било каков вид на насилство тоа веднаш да го пријават.
„Во контекст на превенирање на несакани однесувања меѓу кои и насилството меѓу младите девојчиња и жени министерството редовно комуницира со сите училишта и ги презема сите законски предвидени чекори, а уште на самиот старт на учебната година дадовме јасни насоки да се организираат повеќе активности наменети за подигање на свеста за важноста од градење мирни и хармонични ученички заедници.“
Дека социјалните мрежи се место каде жените често се вознемирувани и експлоатирани согласна е и претседателката Гордана Сиљановска - Давкова. Според неа законите сами по себе не се доволни, туку е клучна нивната имплементација, но и помошта која ќе биде пружена откако жртвата ќе се охрабри и го пријави насилството.
„Не им треба ним само наша емпатија, им требаат конкретни услуги, засолниште, бесплатна правна помош, им треба социјално економска помош, поддршка за повторно да си го изградат животот што без нивна воља бил урнат.“
Во рамки на Мисијата на ОБСЕ во Македонија во 2025 година, денеска претседателката Сиљановска Давкова, министерката за образование Јаневска, претставници од локални училишта, младински и невладини организации потпишаа Декларација која содржи десет точки со конкретни мерки за борба против насилството врз младите жени и девојки.