62,8% од жените во Македонија барем еднаш се соочиле со онлајн насилство –студија на UN Woman

Две од три млади жени или девојки во земјава барем еднаш се соочиле со сексуално вознемирување, демнење и контролирачко однесување, покажуваат истражувањата... 

62,8% од жените во Македонија барем еднаш се соочиле со онлајн насилство –покажува студија на UN Woman направена во 13 земји од регонот. Студијата на глобално ниво покажува дека над 700 милиони жени биле изложени на физичко или сексуално насилство барем еднаш во животот..Истражување пак, спроведено во 3 средни училишта во земјава покажало дека 78% од испитаниците биле жртви на вознемирување во онјалн просторот – податоци кои претседателката на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите Жаклина Пешевска ги оцени како страотни..Според неа бавна е импелентацијата на законите кои ги заштитуваат жените, па поради институционите лавиринти тие често се откажуваат од својата борба против насилниците.

„Пред секој од нас се исправува предизвикот за активна улога во борбата за препознавање на формите на насилство, осуда на насилството, пријавување, охрабрување на жртвите да го пријавуваат насилството и на крај казнување на насилниците. Првиот чекор за да го постигнеме тоа е законски да го дефинираме дигиталното насилство.“

Од почетокот на учебната година до сега на електронската адреса на министерството за образование и наука имало 15тина пријави за насилство од ученици – информира министерката Весна Јаневска. По нив вели министерството веќе соодветно постапило и ги ограбува сите ученици кои се соочуваат со било каков вид на насилство тоа веднаш да го пријават.

„Во контекст на превенирање на несакани однесувања меѓу кои и насилството меѓу младите девојчиња и жени министерството редовно комуницира со сите училишта и ги презема сите законски предвидени чекори, а уште на самиот старт на учебната година дадовме јасни насоки да се организираат повеќе активности наменети за подигање на свеста за важноста од градење мирни и хармонични ученички заедници.“

Дека социјалните мрежи се место каде жените често се вознемирувани и експлоатирани согласна е и претседателката Гордана Сиљановска - Давкова. Според неа законите сами по себе не се доволни, туку е клучна нивната имплементација, но и помошта која ќе биде пружена откако жртвата ќе се охрабри и го пријави насилството.

„Не им треба ним само наша емпатија, им требаат конкретни услуги, засолниште, бесплатна правна помош, им треба социјално економска помош, поддршка за повторно да си го изградат животот што без нивна воља бил урнат.“

Во рамки на Мисијата на ОБСЕ во Македонија во 2025 година, денеска претседателката Сиљановска Давкова, министерката за образование Јаневска, претставници од локални училишта, младински и невладини организации потпишаа Декларација која содржи десет точки со конкретни мерки за борба против насилството врз младите жени и девојки.

Најновиот Jeep нѐ враќа во 1941 година, но во хибридна верзија (ФОТО)

За многумина Jeep е синоним за теренско возило, а сето тоа може да се припише на познатиот Willys.

Многумина го гледаат како духовен наследник на Wrangler, пред сѐ поради визуелните сличности, а потоа и теренските својства. Сепак, Wrangler драстично порасна во последните децении, а со најновата генерација влезе и во посложените хибридни води. Да не зборуваме за достапноста.

Jeep сега лансираше специјална верзија која визуелно наликува на оригиналниот Willys. Целосното име на моделот е Wrangler 4xe Willys ’41 Special Edition. Со ова, Jeep јасно ја поврзува својата поврзаност со воената намена, а ќе се обиде да ги привлече клиентите со ретро изгледот.

Единствениот логичен избор беше маслинесто зелената боја, која ја среќаваме и на челичните бандажи од 17 инчи. Има и налепници во сиво-сина нијанса кои потсетуваат на некогашните воени обележја. Внатрешноста го следи ретро шмекот на надворешноста, но во многу помодерен израз.

Дека оригиналот и оваа изведба се одвојуваат со децении со драстично зголемување на димензиите најдобро покажува состојбата под хаубата. Наместо поранешниот 2,2-литарски бензински мотор со 54 КС, сега има комплексен plug-in хибрид.

Во основа се работи за 2.0 турбо бензински мотор кој со помош на два електромотори има дури 380 КС. Дополнително, има електричен досег од околу 34 километри.

И сега што ќе изненади некои, а тоа е цената. Почнува од 59.390 долари, а листата е отворена за нарачки. Се разбира, само во Америка. Понудата на Wrangler во Европа, поточно во Германија, започнува од 69.900 евра, што е цената на подолгата верзија со бензинец 2.0.

Претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на централниот настан насловен „Насилство врз младите жени и девојки: сексуално вознемирување, демнење и контролирачко однесување“ .

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на централниот настан насловен „Насилство врз младите жени и девојки: сексуално вознемирување, демнење и контролирачко однесување“ што во организација на мисијата на ОБСЕ во Скопје се одржа во Културно-едукативниот центар Лабораториум, а во рамки на 16-те дена активизам против родово-заснованото насилство.

Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека овде се собрани за да се фрли светлина на едно прашање што предолго време фрла сенка на премногу животи, а тоа е родово-заснованото насилство, злосторство што ги надминува границите, ги надминува културите, го надминува социо-економскиот статус и бара обединета акција.

„Најважна за лекувањето на проблемот е идентификацијата, видливоста на оние кои се најранливите категории зошто идентификацијата тогаш е со нив и се чувствуваат покомотно и позаштитено“, истакна Претседателката повикувајќи ги сите, не само жената и децата да ја прекинат тишината и молкот.

„Треба да ја оспориме неправдата, треба да ја потврдиме посветеноста во свет кадешто безбедноста и достоинството не се привилегија на најголемите и најсилните, туку се права што мора да ги уживаат сите, и малите држави и запоставените и поинаквите по било кој основ, тоа е човечка обврска“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

„Овде како лидери, како креатори на политики, како застапници на сечии интереси, а најмногу на интересите на најранливите, имаме моќ да обликуваме еден свет во којшто нема да го толерираме ваквото насилство“, нагласи Претседателката додавајќи дека за да се постигне тоа треба да се отворат мировни фронтови на сите страни, мора да се оспорат, да се предизвикаат штетните стереотипи, мора да се посочува и да се спроведува еднаквост без оглед на припадноста, но најважно е мора да се почитуваат вредностите, да се промовира ненасилство уште од најрана возраст.

На настанот на којшто се обратија министерката за образование и наука, Весна Јаневска, пратеничката и претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска, а видео обраќање имаше шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал, беше прикажан видео материјал создаден во соработка со Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, по што се одржа панел дискусија со релевантните чинители.

Централен дел на настанот беше потпишувањето на Декларацијата на намери, како јавна заложба за борба против насилството врз младите жени и девојки и којашто содржи десет акциски точки со конкретни мерки кои Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе ги поддржи во 2025 година. Декларацијата беше потпишана од претседателката Сиљановска Давкова, министерката за образование, Весна Јаневска, претставници на локални училишта, младински организации и НВО-и активни во борбата за ставање крај на насилството врз жените, соопштуваат од Кабинетот.

Шефот на советот за бегалци: Кризата во Судан е потешка отколку во Украина, Газа и Сомалија

Хуманитарната криза во Судан е полоша од Украина, Газа и Сомалија заедно, изјави шефот на Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ).

„Овде во Судан, 24 милиони животи се загрозени“, изјави за ДПА Јан Егеланд, генерален секретар на НРЦ по патувањето во западен Дафур и други области.

„Гледаме немилосрдно одбројување до гладот ​​и очајот и колапсот на цела цивилизација“, рече тој.

Конфликтите како оние во Украина и на Блискиот Исток, тврди тој, не треба да го одвлекуваат вниманието од страдањата на луѓето во Судан.

„Ако сите се согласуваме дека човечкиот живот е подеднакво вреден каде и да сте во светот, тогаш Судан сега треба да биде на врвот на скалата на загриженост“, рече тој.

Егеланд беше сведок на последиците од конфликтот, кој трае речиси 600 дена.

Тој рече дека видел во многу населби - вклучително и оние каде што НРЦ претходно работела „многу јасни знаци на ужасна војна. И куќа по куќа, маало по населба, изгорени, уништени и ограбени“.

Од април 2023 година, Судан е вовлечен во крвава борба за власт меѓу шефот на привремената влада Абдел Фатах ал-Бурхан и неговиот поранешен заменик Мохамед Хамдан Дагл.

Повеќе од 11 милиони луѓе се во бегство во Судан и соседните земји. Конфликтните страни, наводно, извршиле сериозни злосторства против човештвото, вклучително и етничко раселување во регионот Дарфур.

Егеланд предупреди дека ситуацијата се влошува како во 2015 година, кога милиони бегалци од местата зафатени од војна, вклучително и Сирија, го преминаа Медитеранот и се појавија на европските врати.

„Мислам дека тоа не би го сакале Германија и Европската унија и Скандинавија и Франција“, рече тој.

притисни ентер