Јапонците измислиле машина за перење- луѓе: Го прочистува и умот (ВИДЕО)

Компанија од Осака претстави револуционерен уред кој може да го промени начинот на кој ја доживуваме хигиената и релаксацијата.

Станува збор за футуристичка машина за перење луѓе, наречена „Mirai Ningen Sentakuki“, која ги комбинира луксузот и технологијата.

Оваа машина, која наликува на авионска кабина, му овозможува на корисникот уникатно искуство. Кога некое лице седи на седиштето во центарот на уредот, просторот се полни со вода со соодветна температура. Сензорите го следат отчукувањата на срцето и другите биолошки параметри, обезбедувајќи максимална удобност.

Покрај тоа, внатрешната страна на проѕирната обвивка проектира релаксирачки слики, така што корисникот ќе доживее целосно освежување, пишува Асахи.

Засега машината е дел од изложбата што ќе се одржи во Осака во април следната година. Посетителите ќе можат да доживеат 15-минутна сесија на капење и сушење со претходна резервација. Планирано е да се обезбедат до осум сесии дневно.

Иако ова е моментално промотивен концепт, компанијата посочи дека е во развој и верзија за домашна употреба. Нивната визија е дека машината го „мие умот“ на корисникот, заедно со телото, обезбедувајќи не само хигиена туку и ментално освежување.

Иако сè уште не е познато кога и дали овој производ ќе биде достапен на пазарот, неговата иновација и потенцијал веќе привлекуваат внимание ширум светот. Доколку домашната верзија стане реалност, таа би можела да постави нови стандарди во личната хигиена и велнес технологијата.

Од Нова година Македонија ќе биде дел од единствената област за плаќање во евра, СЕПА

Од Нова година Македонија ќе биде дел од единствената област за плаќање во евра, позната како СЕПА, најавуваат од Народната банка... 

Македонија очекува заедно со Албанија и Црна Гора, да биде меѓу првите земји од регионот кои од Нова Година ќе приклучат на СЕПА – единствената област за плаќање во евра, која ќе озвоможи побрзи и поевтини трансакции во евра кон европските земји и за граѓаните и за фирмите. Од Народната банка велат викендов на состанкот на вицегуврненри од Западен Балкан кој се одржа во Будимпешта, три централни банки од регионот вклучително и нашата доставиле официјално барање за чланество во СЕПА до Европскиот совет за плаќања, додека останатите земји се во процес на подговотка на барањата.

Вицегувернерката Емилија Нацевска, која беше дел од состанокот, пред околу еден месец во интервју посочи дека бенефит од приклучувањето во СЕПА ќе имаат сите, а на ниво на регионот од Западен Балкан од страна на Светска банка е проценето дека годишно ќе се заштеди околу половина милијарда евра.

„Со пристапувањето во СЕПА и елиминирањето на скапите коресподентски банкарски релации за извршување на дознаките се очекува, според студијата на Светска банка, се очекува дека трошоците за дознаките кои тековно изнесуваат околу 6-7% од износот на дознаката да се преполоват и да се сведат на околу 3% од износот на самата дознака, што значи и голема заштеда за домаќинствата...“

СЕПА трансакциите имаат пониски надоместоци од традиционалните меѓународни трансакции. А нивната обработка е побрза и трае околу два дена. При исплаќање на пари преку СЕПА се користат едноставни банкарски процедури тоа значи дека наместо секоја земја различно да ги обработува трансакциите, иницијативата дозволува парите да се испраќаат и примаат како да се работи за домашна исплата, односно во иднина нема да има банки посрденици.

Дополнително, со членството во СЕПА, како што посочуваат од Народната банка, според анализите за 2 процентни поена би се намалила и сивата економија во регионот на Западен Балкан. А членството е значаен чекор на земјите и кон финансиска интеграција во Европската унија. Дел од СЕПА се 36 земји со над 7 илјади банки и преку 500 милиони сметки.

Неделен хороскоп за 25.ноември до 2. декември 2024 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 25. ноември до 2. декември 2024 година. 

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе комбинирате дискреција и гласност.Така , еден ден ќе живеете како кротка личност , врзана за својот дом и доблестите, а веќе следнито ден ќе бидете главна личност на забава , каде сите добро ќес е забавуваат. Оние во врска се добро.

Кариера

Ќе функционирате како спортист , кој своите тренинзи ги одработува со леснотија. Многумина на работното место ќе усовршуваат нови вештини и ќе откриваат детали од професијата. Ќе биде тоа уште една фаза во учењето и напредувањето.Секако добивате.

Здравје и совет

Научете некоја од техниките за релаксација.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно понекогаш ќе се чувствувате осамено , освен ако тоа не е ваш личен избор. Оние во врска ќе минуваат уште еден динамичен период во кое ќе има доста забава , но многу помалку длабоки чувства. Сепак , нема да биде лошо. Само да не очекуваат совршенство.

Кариера

Некои ќе почнат мали работи низ домот и ќе земат неколку дена одмор за да ги завршат. Тоа ќе се покаже како полн погодок. Оние кои остануваат на работното место , ќе ги доработуваат заостанатите обврски , но не е страшно.

Здравје и совет

Батериите ќе ги полните со спорт.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, зашто сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. Не подлегнувајте на искушението за надмудрување. Секогаш кога ќе можете , бидете толерантни и духовити. Ако партнерот ве испровоцира, не го земајте тоа при срце. Тоа е минливо.

Кариера

Некои ваши соработници отворено ќе ви покажат наклонетост , додека ќе има такви кои отворено ќе ви кажат дека не ве сакаат. И едното и другото прифатете го на мирен начин. Барем ќе знаете со кого си имате работа. Држете се до зацртаните правила и не се грижите.

Здравје и совет

Одете на прошетка и добро наспијте се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Издржете го на мир првиот дел од неделата . Другата половина носи подобри љубовни влијанија , кога повторно лесно ќе најдете заеднички јазик со саканата личност. Сепак , внимавајте повремено да не реагирате премногу бурно. Со мала самоконтрола , се ќе биде подобро.

Кариера

Соработката со угледни или стручни лица полека доаѓа во прв план. Вие ќе бидете главното тркало во целата конструкција. Затоа не биодете премногу скромни , туку дозволете си да ги кажете своите амбиции. Искористете ја својата позиција , а уште повеќе можноста.

Здравје и совет

Понекогаш е подобро да се молчи.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Недостигот на интерес за љубов е резултат на премногу забава со пријателите. Оние кои се во подолги врски ќе забележат дека се дистанцираат од саканите поради пријателите. Ништо не ве попречува за сето тоа да го поврзете и споите. Ќе биде забавно во секој случај.

Кариера

Нема да бидете задоволни од приходите , зашто мислите дека можете повеќе. Ограничувањата ќе доаѓаат подари надворешни фактори и засе га никој не може да ги забрза работите. Согледајте што е реалноста и прилагодете се.

Здравје и совет

Тактичноста и дипломатијата се вредни особини.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас се нови љубовни можности , а некои од нив ве очекуваат на сосема невообичаени места. Како на пример уметнички им слично.Ќе биде интерсно. Вашата страст ќе биде поголема од вообичаено , а вие ќе бидете привлечни за лицата од спротивен пол.

Кариера

Сакате да видите конкретни резултати , а токму тие ќе се појавуваат деновиве. Можеби нема да биде ништо сензационално , но вие ќе препознаете дека во работата сте тргнале по вистински пат. Ќе биде добро.

Здравје и совет

Препознавате што ви треба , а што не ви е потребно.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Повремено ќе ви изгледа како љубовта да е на некоја друга планета. Чувството на осаменост ќе се засили , но објективно вашата врска е во ред. најдобро е да побарате весели луѓе и да ги заборавите грижите , работејќи го она што навистина го сакате.

Кариера

Работната атмосфера на работното место ќе се засили , а од вас ќе се очекува поголем ангажман. Вашите работни навики некаде заспале , па ќе мора под итно да ги разбудите. Не прашувајте премногу , туку држете се до правилата на работата. Бидете професионални.

Здравје и совет

Опуштајте се со убава музика.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Голем дел од слободното време ќе минувате со сосема обични активности, уживајќи во нечија привлечност. Без голем напор ќе знаете да ги цените ситните уживања , а саканата личност ќе ви возврати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без големи барања.

Кариера

Времето е добро за интроспекција , истѕражување во мир и повлечена работа. Иако и натаму сте поврзани со колегите, многумина нема да ве препознаат кога ќе ве видат како мирно седите и вредно работите без многу фалење и зборување.

Здравје и совет

Кој има уметнички идеи , нека се изрази.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашите љубовни апетити ќе бидат големи , а објективните можности малку помали. Сепак , ќе најдете рамнотежам и задоволство. Понекоја фрустрација ќе споделите со пријател или пријателка. Саканата личност ќе се воздржи од критики. Ќе биде главно добро.

Кариера

Пуштете ги другите да се изразуваат , а ако треба и да ве водат. Во овој момент не можете да направите ништо на своја рака. Бидете разумни , трпеливи и верувајте дека подоцна се ќе дојде на своето место.Поинаку не може.

Здравје и совет

Ништо не се случува случајно и вие тоа добро го знаете.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашата љубовна приказна ќе продолжи и покрај цашите сомнежи.Понекогаш ќе бидете навистина збунети од тоа што ви се случува , но реалноста ќе ви донесе задоволство. Ако и натаму ја барате својата љубов , дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Само не бидете нападни во настапите.

Кариера

На работа главно ќе се надмудрувате. Ќе наоѓате утеха во приватниот живот. Нема да стоите најдобро со авторитетите , особено не сега. Не инсистирајте на своите идеи , зашто сте во неповолна позиција. Издржете со разум и толеранција.

Здравје и совет

Опуштајте се со добро друштво.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе ви биде важно како да го организирате заедничкиот живот, но и како добро да се забавувате.некои ќе ја смируваат саканата личност и ќе ја расположуваатз ада и ги намалат проблемите. Ќе се покажете како добар и нежен забавувач.

Кариера

Можеби се уште не ги гледате предностите од новата фаза во која влегувате, но интуитивно ќе ги почуствувате. Токму интуицијата оваа недела ќе ви биде главниот водич. Ако се двоумите , само застанете и послушајте го внатрешниот глас. Нема грешка.

Здравје и совет

Побарајте си рекреација .

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Шарм и неофицијалност ќе бидат вашите главни адути за заведување оваа недела. Понекогаш за другите ќе бидете енигма , па сепак предајте му се на оној кого го сакате , најмногу зашто подоцна би пожалиле за можноста. Љубовта е се поблиску.

Кариера

Наредните денови веројатно многу нешта ќе ви се ветуваат. Понекогашѓ ќе ви изгледа како да ви нудат работа од бајките , но бидете реални и внимателни.Посебно проверувајте ја легалноста. Се што не е реално , оставете го. нека зборуваат што сакаат.

Здравје и совет

Не претерувајте со јадењето и пиењето.

30-ти конгрес на СДСМ: Фани Каранфиловска Пановска избрана за заменик претседателка

СДСМ го одржа 30-тиот конгрес... Поранешната директорка на фондацијата Сорос, Фани Каранфиловска Пановска е избрана за нова заменик претсетелка на местото на Сања Лукаревска, а избран беше и нов состав на Централниот одбор. 

Фани Каранфилова Пановска е новата заменик претседателка на СДСМ. Делегатите ја избраа на предлог на партискиот лидер Венко Филипче, а доаѓа на местото на актуелната пратеничка Сања Лукаревска, која поднесе оставка на функцијата по изборниот пораз. Каранфилова – Пановска долги години е активна во граѓанскиот сектор, а беше и директорка на Фондацијата Отворено општество-Македонија.

Конгресот го и избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ. Него го сочинуваат 113 лица, повеќето од нив се помалку познати за пошироката јавност, но има и екс пратеници, директори и други функционери. Во текот на следнава недела, Централниот одбор ќе избере и нов Извршен одбор, по што ќе следува и избор на потпретседатели, генерален секретар и двајца организациски секретари.

Филипче по завршувањето на конгресот, имиња за партискиот врв не сакаше да открие, но најави нова енергија во раководните органи - млади лица и оние, како што рече, што досега не добиле шанса во партијата, а кои ќе работат во интерес на граѓаните и членството.

Филипче на почетокот од конгресот ја претстави новата програма и идеолошки документ на партијата. Во подолго обраќање пред членството порача дека критиките ги прифаќа, но поразот според него не е крај, туку нов почеток за враќање на победничките патеки.

Лидерот на СДСМ призна дел од грешките кои довеле за лошите изборни резултати. Според него не смееле да дозволат речиси целата енергија да ја насочат на евроинтеграциите, рече дека ги научиле и лекциите од сервилноста кон коалициските партнери,а потфрлиле и во борбата со криминалот и корупцијата..

Пред овој Конгрес, социјадемократите го одржале и отчетниот кој почна летото, но беше пркеинат. Тој се одржа зад затворени врати, без присуство на јавноста..

притисни ентер