Таравари: Од 16 септември пациентите од аптеките ќе ги земаат бесплатно деветте нови лекови

 Деветте нови лекови на позитивната листа пациентите во аптеките ќе можат бесплатно да ги земаат од 16 септември, потврди денеска министерот за здравство, Арбен Таравари. 

-Токму така, позитивната листа веќе од 16 септември пациентите можат тие девет нови лекови да ги земаат во аптека бесплатно. Значи, влегува во сила од понеделник.Ние подготвуваме платформа заедно со СЗО која што ќе обезбеди транспарентност на целиот процес при идното проширување на лековите. Исто така, препораки ќе имаме од СЗО, меѓутоа и од експертите внатре во државата. Ние би сакале сето тоа проширување на позитивната листа да биде што потранспарентно и што посеопфатна, тоа што најмногу им треба на граѓаните со што би ги намалиле, што помалку трошоците на нашите пациенти и граѓани, вели Таравари.

Тој истакна дека не може да вети дека во наредниот период на оваа позитивна листа ќе се најдат уште 10 лекови, но како што вели, гарантира оти на секои три-четири месеци ќе има надополнување од плус еден, два или три лека.

- Видете, ова е револуција на проблеми коишто 10 години не се решени. Последната позитивна листа е 2009 година, 2014 година само еден лек е надополнет и сега имаме девет лекови за 50 дена. Јас се надевам дека одма после Нова година ќе имаме проширување на листата. Велам многу сум среќен што наши партнери се претставниците од СЗО, ќе се обидеме да се придржуваме на платформата и на препораките што ни ги даваат, рече Таравари.

Тој ги повикува сите заинтересирани фармацевтски фирми, производители да конкурираат и да бидат активни, да им сугерираат за да како министерство и Влада бидат што потранспарентни и резултатот да биде што подобар за сите граѓани во државата.

Прашан дали некоја фирма се има јавено на тендерот за компресорките станица во Клинички центар –Скопје, а кој истекува утре, Таравари вели дека сигурно утре ќе добие информации за оваа постапка.

- Утре е 12 септември и ќе добиеме сигурна информација и ќе побараме и како Министерство сме обврзани да излеземе пред јавноста и да кажеме колку фирми конкурирале, дали повторно ниедна фирма не конкурирала. Јас не би сакал да не конкурирала ниедна фирма. Би сакал да има барем еден минимум, а камо среќа и два-три за да започнеме со уредување, средување на компресорската станица, вели Таравари.

Посочи дека оваа тендерската постапка е важна за да продолжат инвестициите особено во хируршките сали и во Скопје и во другите Клинички болници.

- Така што многу ни е битно ова да го средиме па да започнеме со реновирање на хируршки сали и во „8 Септември“, и во Клинички центар, и во Тетово, премиерот кажа и болници се надевам Струмичката болница набргу да ја промовираме, а во меѓувреме да започнеме што побргу и во болниците во Штип и во Тетово, изјави Таравари.

Министерот за здравство, Таравари е дециден дека економски директори на Клиниките нема, но како што вели доколку некој директор смета дека некој од поранешните економски директори бил експерт и смета дека треба да го земе како советник тоа е негова работа.

-Меѓутоа, ние законски го регулиравме, сега клиниките имаат по еден директор, а наскоро сите клиники ќе имаат само еден директор, така што ние одиме по рационализирање, а тие коишто сметаат дека некои одредени луѓе се експерти и им требаат може да ги примаат и по министерства и по различни здравствени установи и по други компании, за што јас не можам да се мешам во тоа. Воопшто не е моја работа, рече Таравари.

Три болници во Либан ја прекинале работата по израелските напади- докторите избегале

Три болници во Либан, меѓу кои и една во близина на јужните предградија на Бејрут, денеска објавија прекин на нивните активности поради израелските напади врз земјата, пренесува либанската новинска агенција АНИ.

Приватната болница Сент Тереза ​​во близина на јужните предградија, каде што е седиштето на Хезболах, соопшти дека ги прекинува услугите поради блиските бомбашки напади и пријави голема штета во објектот со кој управуваат калуѓерки.

Две јавни болници во јужен Либан исто така најавија прекин на нивните активности. Болницата Маис ал Џабал во близина на границата ги „прекина сите услуги“ поради израелските напади и тешкотиите во снабдувањето и пристапот.

Директорот на болницата Марџајун, трета установа, изјави за АФП дека бил принуден да се евакуира и да ја затвори по израелскиот напад врз спасувачите од организација поврзана со Хезболах која оперирала надвор од влезот на болницата додека ги транспортирале повредените.

„Во израелскиот напад на удар беше возило на брза помош пред главниот влез, што предизвика паника кај персоналот“, изјави д-р. Муенес Калакес. Убиени се четворица вработени во Исламскиот здравствен одбор, поврзан со Хезболах, пренесува ANI.

„Поради недостаток на персонал и бомбардирањата, моравме да ја затвориме болницата“, рече тој, иако неговиот објект е отворен откако израелските напади почнаа да се интензивираат на 23 септември.

„Четири дена немавме анестезиолог или лабораториски експерти затоа што многу луѓе избегаа“, продолжува Калакеш.

Вчера министерот за здравство Фирас Абијад изјави дека повеќе од 40 спасувачи и пожарникари загинале во израелските напади за три дена. Според него, од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах пред речиси една година загинале 97 спасувачи.

Повеќе од 1.110 луѓе се убиени од 23 септември, според извештајот на АФП заснован на официјални либански податоци. Либанскиот премиер Наџиб Микати денеска ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел „да им дозволи на спасувачите да стигнат до бомбардираните локации за да ги евакуираат“ повредените.

Швајцарци собирале печурки во Германија- ќе платат казна од 7.000 евра

Германската царина казни четворица швајцарски државјани со 7.000 евра затоа што се обиделе преку граница да пренесат речиси 70 килограми печурки што ги набрале во близина на Шварцвалд.

Како што пренесува порталот „Тагесхау“, при царинскиот преглед биле пронајдени печурки, меѓу кои бил и заштитениот вргањ.

Властите соопштија дека швајцарските граѓани значително ја надминале дозволената количина на печурки што може да се берат. Имено, според Законот за заштита на природата, едно лице може да собере само еден килограм печурки дневно.

Така, патувањето до Шварцвалд се покажало како скапа екскурзија, бидејќи наведените биле казнети со вкупно 7.000 евра. Еден килограм печурки во Швајцарија чини 80 евра, што доволно говори колку овој бизнис е вносен. Запленетите печурки се уништени.

Официјалните лица истакнале дека и претходно се случувало собирачите на печурки, особено оние од Швајцарија, да ги игнорираат правилата, поради што се зајакнати контролите.

Двајца пијани тинејџери украле автобус во Германија, во полициската потера се забиле во куќа

Две момчиња, наводно на 19 години, украле автобус во алкохолизирана состојба во Ахен и удриле во куќа во Северна Рајна за време на полициската потера.

Несреќата се случила во текот на ноќта, а од куќата каде што завршило возилото за среќа немало повредени.

Како што пренесува „Ахенер цајтунг“, пожарникарите биле повикани околу 2 часот и 30 минути по полноќ, кога автобусот веќе удрил во куќата. Брзата помош чекала на местото на настанот и во украдениот автобус пронашла две лица.

Возачот останал заробен во возилото и со тешки повреди е пренесен во болница, пишува Билд.

Повреден е и неговиот сопатник кој е пренесен во болница. Според првичните полициски информации, во автобусот во моментот на несреќата немало патници.

По проверка на статичката стабилност, експертите им дозволиле на жителите да се вратат во зградата.

притисни ентер