Светска премиера на две композиции на Дарија Андовска

Во Операта во Токио (Tokyo Opera) вечер е светската премиера на „Сношти минав“ за тенор, гудачки оркестар и пијано од македонската композиторка Дарија Андовска. 

Композицијата, како што информира Андовска, е напишана за нашиот светски реномиран тенор Благој Нацоски, кој ќе ја изведе со Tokyo Vranec Chamber Orchestra, под диригентската палка на љубителот на македонската музика Казухиро Котецу. Концертот е по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Македонија и Јапонија.

Во Скопје вечер е светската премиера на „Со маки сум се родила“ за сопран, флејта и пијано од Дарија Андовска. Композицијата е напишана за ансамблот „Алтус“ (Altus New Breath Ensemble), кој е на релација Франција - Македонија, а ќе ја изведат Гонца Богоромова-Краповски - сопран, Елена Стојческа - флејта и Маријана Николоска - пијано.

Дарија Андовска е една од најплодните, најреномираните и најизведуваните македонски композитори на светските подиуми. Таа е редовен професор на Факултетот за музичка уметност - Скопје при УКИМ, каде во моментов ја извршува функцијата декан.

Весна Бендевска „На кавга со Иван“

Утре во „На кавга со Иван“ гостува Весна Бендевска.

Понеделник почнуваше со класен час, сега почнува со

НА КАВГА СО ИВАН

каде гостува ЗНАМовката Весна Бендевска

Вистинска дама која како да има само едно USB во нејзиниот политички MP3 плеер - Не за Бугари во Устав, со дигнитет во ЕУ, не против шовинистичките уцени на Бугарија…има ли некој во ЗНАМ да и даде USB со песната Bella Ciao и да ја потсети што зборуваше пред повеќе од 10 год. во Собранието?

До кога партијата ќе ја именуваат како движење, небаре станува збор на модерни партизани?

Се скри ли навремено потпретседателката на Собранието кога завчера летаа кровови низ Битола, небаре се пуштени од авион како летки?

Се сеќава ли која химна ја пееше нејзиниот владин комрад, Зеќирија Ибраими, на злокобниот 27 април 2017 год?

ПОНЕДЕЛНИК КАНАЛ 5 ТВ, 23.00h.

НА КАВГА СО ИВАН

гостин: Весна БЕНДЕВСКА

Чаталику , паталику - со сите ли се?

#macedonia #kanal5tv #kavga #quarrel_with_Ivan #debate #television

Филипинскиот совет за безбедност ќе расправа за заканата за убиство на претседателот на земјата

Филипинскиот совет за безбедност официјално ќе расправа за наводната закана за убиство на претседателот на земјата, Фердинанд Маркос Јуниор, упатена од потпретседателката Сара Дутерте, изјави денеска советникот за национална безбедност Едуардо Ано.

Тој тоа го опиша како „прашање на националната безбедност“.

Сара Дутерте, на тензичен утрински брифинг вчера, рече дека разговарала со лице кое таа го опиша како иден атентатор и на кое, како што рече, му дала инструкции да ги убие Маркос, неговата сопруга и претседателот на филипинскиот парламент во случај таа да биде убиена.

Советникот за национална безбедност Едуардо Ано рече дека владата ги смета сите закани за претседателот за „сериозни“ и најави блиска соработка со органите за спроведување на законот и разузнавачките агенции, кои ќе ја истражат заканата и можните сторители.

„Сите закани по животот на претседателот ќе бидат проверени и ќе се сметаат за прашање на националната безбедност“, се наведува во соопштението на Ано.

Како одговор на заканата на Сара Дутерте, претседателската команда за безбедност на Маркос соопшти дека ги заострила безбедносните протоколи.

Дутерте и Маркос беа политички партнери во 2022 година, но нивниот сојуз се распадна поради разликите во политиката, вклучително и различните ставови за смртоносната војна против дрогата на поранешниот претседател Родриго Дутерте.

Мицкоски: Постигнавме историски договор со банките за унгарскиот кредит

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека е постигнат договор со банките за унгарскиот кредит од 250 милиони евра и очекува дека од понеделник партите да им бидат доделени на ониое на кои им се потребни.

Мицскоски рече дека со банките е постигнат договор за каматна стапка од 1,95% , до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите.

„Ценам дека ова е исторски договор со историски најниска каматна стапка , рече Мицскоски и додаде дека условите се да се има минимум 20% сопствено учество, што значи дека ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра.“, рече Мицскоски.

притисни ентер