Макс Верстапен шампион во Формула 1: Вива Лас Вегас !

Макс Верстапен е старо-новиот светски шампион во Формула 1!

Возачот на Ред Бул го освои 5то место на трката за Големата награда на Лас Вегас, што му беше доволно да ја „завери“ новата титула. Кога станува збор за самата трка, маестрални беа возачите на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон, кои остварија двоен триумф.

Вива Лас Вегас. Со овие зборови тимот на Ред Бул го прослави и му честиташе на популарниот Летечки Холанѓанец четвртата шампионска титула во Формула 1.

Макс Верстапен го направи она што се очекуваше од него во Лас Вегас и на крајот заслужено освои нова шампионска титула.

Кавадарци бара обиколница за да го намали загадувањето, да ги заштити мирот на кавадарчани

Околу 14 километри треба да биде заобиколницата од кај село Марена до висорамнината Витачево, најавена како капитален проект и стратешка инвестиција. 

Обиколницата би требало да придонесе кон намалувањето на загадувањето во градот Кавадарци, но и за поголема безбедност во сообраќајот, во кој сега учествуваат голем број возила, од кои многу тешки товарни возила, како и за зачувување на градската инфраструктура.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, во изјава за МИА, појаснува дека со заобиколницата се планираат и четири кружни тека, со можност за влез во градот од четири различни локации. Тој сподели дека според некои податоци што ги имале по метар должен и квадратен, ориентационо во пракса, во оваа инвестиција, само проектот би чинел околу 400 илјади евра, основен, изведбен, ревизиран проект. Цената за обиколница, вели, не би била помалку од 12 до 14 милиони евра. Ќе биде тоа регионален, државен пат. Се бара од државата стопроцентно да изнајде финансиски средства за оваа инвестиција за регионален транзитен пат или регионална артерија. Целосно да биде инвестиција на државата.

Идеја за обиколница уште во 1989 година

Јанчев за МИА појаснува дека во Општина Кавадарци имало идеја и била превидена заобиколница, уште во 1989 година.

-Уште тогаш се знаело дека во Кавадарци има тешки индустриски објекти, но и други производствени капацитети, со постојано движење на тешки товарни возила, па е потребен посебен режим на сообраќај, за да не се ремети секојдневниот живот на жителите во центарот на градот, предградијата и да не се уништува инфраструктурата со тие тешки товарни возила во централното градско подрачје, Ваташа, вели градоначалникот.

Во 1990 година бил направен и проект.

-Уште во првиот мандат, пред околу седум години, како локална самоуправа, инициравме и сега успеавме да се направи ажурирање на тој проект, бидејќи како таков беше неупотреблив, бидејќи беше направен пред многу години и многу работи се имаат сменето оттогаш наваму. Се прошириле градот и земјоделските површини, се изградиле други објекти, додава Јанчев.

Тој подвлекува дека интензивно се работи на реализација на овој капитален проект.

- Заедно со Владата и Министертвото за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта, Општина Кавадарци и Градежен институт, формирана е комисија што има за обврска, во рок од шест месеци, а изминати се веќе два месеца, со донесена одлука на Влада, траекторијата за движење на заобиколноицата да се определи на соодветна локација и да се даде идејно решение за самата заобиколница. Значи некаде околу април би го имале идејното решение. Штом го имаме идејното решение и помине ревизија како идејно решение, се дава на Градежен институт, затоа што станува збор за стратешки објект, заобиколница од 14 километри. Следуваат Градежниот институт преку негово одобрение, ЈПДП со рамковен тендер за проектирање, појаснува градоначалникот.

Притоа додава дека постапката продолжува со почеток на проектирањето, што немало да трае повеќе од седум месеци, доколку се има добро идејно решение со ревидирани податоци. После тоа се отпочнувало со изведба.

- Многу е битно што овој процес сега е отпочнат, со донесување на одлуки на Влади, по вистинскиот пат како што треба. Јас очекувам дека во наредните година и пол ќе се отпочне со градењето на заобиколницата. Тоа градење не би траело помалку од две до три години. Има и потежок и полесен терен, 14 километри што треба инфраструктурно да се уредат. Не смее да се згреши, вели тој.

Јанчев ја нагласува потребата од различни видови на испитувања. Гео и други испитувања, каде треба да се направи мост, потпорни ѕидови, решавање на поројници. Буквално сето тоа да се опфати.

-По завршувањето на обиколницата, Кавадарци ќе наликува на еден голем град. Тој што ќе се движи по обиколницата, ќе има можност да влезе во градот од четири локации. Марена, откај Росоман кај Дрекслмаер, Југокомерц накај Мелци, Витачево накај Ваташа. Така да и Витачево, Ваташа и Југокомерц, Возарци, откај Росоман и откај Неготино, буквално ќе имаме артерија главна за движење на возила од тешкиот сообраќај и оние што транзитираат низ градот, а не сакаат да влезат во самата гужва. Со тоа ќе имаме еден голем благодет. Општина Кавадарци драстично ќе го намали загадувањето, многу ќе се зачува инфраструктурата, затоа што уништувањето на инфраструктурата е претежно од тие тешки товарни возила, истакнува градоначалникот.

Сообраќајот втор по учеството во загадувањето во Кавадарци

Градоначалникот на Кавадарци нагласува дека и мирот и спокојот и безбедноста на граѓаните во делот на сообраќајот, со реализацијата на проектот за обиколница, ќе бидат на највисоко ниво.

- Јас како градоначалник заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на јавното преторијатие Коце Трајановски, нема да отстапам од тие средства. Премиерот веќе има одобрено за да се направи таа инвестиција, знаејќи ги сите проблеми на Кавадарци. За возврат на тоа, ние сме втора општина по полнење на државниот буџет. Така да имаме алиби и аргумент, дел од тие пари Кавадарци да си ги врати назад. Многу е легитимно и аргументирано тоа што го бараме, да ни се врати дел од тоа што се вложува во државниот буџет. Тоа ќе биде регионален пат, државен пат. Се бара од државата стопроцентно да изнајде финансиски средства за оваа инвестиција за регионален транзитен пат или регионална артерија. Значи целосно ќе биде инвестиција на државата, подвлекува Јанчев.

Според првото идејно решение што веќе се работело, станувало збор за пред Марена.

- Таму ќе има кружен тек. За оние што ќе сакаат да продолжат кон селото и кон градот, или да се вклучат во заобиколницата. Тие што ќе одлучат за да заобиколат, продолжуваат и меѓу Дрекслмаер и Слога пром има втор кружен тек, со можност за кон градот или Росоман, како и можност за продолжување по обиколницата. Доколку се продолжи со заобиколување, се продолжува кон сртот над индустриската зона во тој дел на градот и се продолжува до некаде кај Мелци, Југокомерц. Повторно кружен тек и можност за влез во Кавадарци или одење кон Возарци и Прилеп, или по заобиколница накај висорамнината Витачево. Идејно решение со три кружни текови, Моја желба би било тоа да биде комплатено осветлена заобиколница и Кавадарци да биде европски град, споделува тој.

Притоа, додава, придонесите ќе бидат неколкукратни.

-Придонеси од намалување на загадување од сообраќај. Придонес од зголемување на безбедноста во сообраќајот. Бидејќи засега, едно тешко товарно возило што се движи натаму сега, поминува низ целиот град, училишта, градинки, пешачки премини, тесни грла во градиот. Трето, поголем мир и спокој за населението што живее на потегот што сега се користи на дестинацијата што се настојува да се замени со обиколница. А на самите компании, возачи, камионџии, им се намалува и трошокот со заобиколницата, за пет километри ќе скратат во движењето, а за 20-30 минути ќе го забрзаат движењето на поминувањето на Кавадарци, појаснува градоначалникот.

На крај, потсетува дека неколку направени стручни анализи, говореле дека сообраќајот е втор по учество во ПМ честичките 2.5 и 10, при загадувањето на Кавадарци. После затоплувањето и загревањето со енергенси.

-Тоа е сериозно, ова е прав погодок да се тргне тој тежок сообраќај. Нема да биде нула, но лесните сообраќајни возила многу малку загадуваат, вели Јанчев.

Тој најавува исто така дека догодина, ја започнуваат и фазата за градење на гасификација.

Српската влада му го укинала имунитетот на министерот Весиќ пред два дена-тој штрајкува со глад

Владата на Србија во петокот на 22 ноември му го одзела имунитетот на министерот за градежништво во оставка, Горан Весиќ, по што му е одреден притвор, потврдиле за Танјуг во Владата.

Весиќ беше уапсен на 21 ноември со уште 11 лица поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, кога при уривање на настрешницата загинаа 15 лица.

На 23 ноември, Вишиот суд во Нови Сад на Весиќ и на поранешниот директор на железничката инфраструктура на Србија, Небојша Шурлан им одреди притвор до 30 дена, додека куќен притвор со електронски мониторинг добија директорката на Инфраструктура на железници на Србија во оставка, Јелена Танасковиќ и помошникот министер за железнички транспорт Анита Димовски.

Тие се приведени поради вознемирување на јавноста, а се сомничат за сторено кривично дело тешко кривично дело против општата сигурност во врска со кривичното дело предизвикување општа опасност.

Настрешницата на Железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември околу пладне, при што на лице место загинаа 14 лица, додека други тројца беа повредени.

Една девојка која била повредена, 17 дена по несреќата им подлегна на повредите во болница.

Над 170 демонстранти се уапсени- со кајаци блокираа пристаниште во Австралија (ВИДЕО)

Протест поради климатските промени на брегот на австралиската држава Нов Јужен Велс го принудија бродот што доаѓаше да сврти и да се врати од најголемиот терминал за извоз на јаглен во земјата, соопшти пристанишниот оператор.

Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека уапсила 170 демонстранти кои со кајаци не сакале да се тргнат од бродскиот канал во близина на пристаништето Њукасл, објави Скај Њуз.

Пристаништето, кое се наоѓа на околу 170 километри од главниот град Сиднеј, е најголемото пристаниште за транспорт на рефус товар на источниот брег на Австралија. Портпаролот на пристаништето во Њукасл рече дека прекинот на протестот бил „минимален“, но дека бродот што доаѓал „се откажал од пристан поради луѓето во каналот и го променил својот план за пловење“.

Операциите на пристаништето ќе продолжат како вообичаено во недела, доколку полицијата може да го одржи водниот пат чист, рече тој. Групата на климатски активисти Rising Tide, која го организираше 50-часовниот протест што започна во петокот, рече дека бродот што морал да сврти бил брод со јаглен. Климатските промени се проблем кој предизвикува поделба во Австралија, вториот најголем извозник на јаглен за горење во светот и најголемиот извозник на јаглен за коксирање. Сличен протест во ноември минатата година ги прекина операциите на пристаништето во Њукасл, принудувајќи ги сите движења на бродовите на привремен прекин.

притисни ентер