Стојановски: Во новиот буџет за 2025 година ќе има многу позитивни изненадувања за работниците

Она која што е важно да се нагласи е дека економијата е суштинско сериозна тема која што бара систематски пристап, а никако пристап на технички така наречени грешки во кој што се промашуваат процентите за покачување на минимална плата.

Додека во моментот пратеничката Тренчевска држеше прес конференција оквалификувајќи ги мерките на владата како мерки што не дале резултат, излезе соопштение во која што синдикалната кошничка на синдикатот ССМ укажа на тоа дека мерките на владата кој што се во моментот на сила дале резултати и цената на храната за еден месец е намалена за 965 денари.

Она која што е важно да се нагласи е дека економијата е суштинско сериозна тема која што бара систематски пристап, а никако пристап на технички така наречени грешки во кој што се промашуваат процентите за покачување на минимална плата и веднаш по тоа се абдицира тоа кој што е кажано во собранието.

Она која што е важно да се каже дека целокупната синдикална кошничка се има намалена за 57 денари, но доколку ги видите контрибуторите во синдикалната кошничка, ќе видите дека поскапувањето односно драстичното не намалување не доаѓа заради мерките кои што се од владата току заради поскапување на цената на облеката, додека оние мерки кои што се преземаа со проширувањето на позитивната листа на лекови имаат дадено резултат.

Исто и мерката за ограничување на бруто маржа како и стапување на сила законот за нефер трговски практики и за засилување на капацитетите кои што тие закони ќе треба да ги контролираат апелираме до пратеничката група на СДСМ да станат по-сериозни да не се случуваат повеќе технички грешки, бидејќи еднаш беше таков случај со амандманите за ребаланс на буџетот, сега е по нив и втората техничка грешка заради тоа што во Собранието е потребна сериозна опозиција, а не опозиција која што за дневно политички теми исфрла памфлет закони кој што нема да го подобрат животот на работниците.

Тоа што е нашата порака до нив е исто дека во наредниот период ќе пристигне и текстот на новиот буџет за 2025 година, таму има многу позитивни изненадувања за сите работници во Р. Македонија, без разлика дали се од приватниот или од јавниот сектор и нека припремат Амандмани на начин на кој што може сериозно да го подобрат тој текст,а не да се пишуваат вакви закони кои што повторно ќе кажам немаат врска со реалноста. Благодарам доколку има прашања повелете.

Изјава на Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Се премисли ли ДУИ за организирање протести или допрва ќе се мобилизира?

Се премисли ли ДУИ за организирање протести или допрва ќе го мобилизираат членството преку партиски собири? 

Според објаснувањето од партијата оваа тема не била на дневен ред на вчерашниот состанок на Централното претседателство, но не ја исклучија можноста за тоа да одлучуваат следниот месец, откако ќе ги завршат најавите средби со граѓаните и партиските ограноци што ќе ги почнат утре во Липково и Сарај..

-Уште еднаш упатуваме јавна покана до ВРЕДИ да се откаже од владата каде се понижуваат Албанците, додека ДУИ и Европскиот Фронт не се заинтересирани да учествуваат на таков формат на власта. Напротив, потребно е единство за да се запре понижувањето што им се прави на Албанците и на другите заедници. – стои во дел од заклучоците што ги увоило претседателството на партијата.

За исходот од состанокот на највисокото раковоство на ДУИ и пораките до власта, министерот за здравство од коалицијата Вреди,Таравари, им одговори - да се навикнат на опозиција и да си ја прочистат партијата.

-Им препорачувам на ДУИ прво да започнат со реформи во партијата. Имаат доста некредибилни луѓе меѓу нив. Им треба адаптација во опозиција. Така што, прво беа протести, сега ми се чини поради ниските температури, одлучија да се сретнат со граѓаните. Нека се сретнат. Дури мислам дека не требаше да направат толку долга апстиненција од четири месеци, воопшто да не се видат со граѓаните,- Арбен Таравари – коалиција „Вреди“.

Според политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи ДУИ тактизира со протестите поради намалената поддршка од членството откако не се на власт. Тој оценува дека најавените партиски собири ќе и служат на партијата само за пребројување во пресрет на локалните избори кои ќе се одржат следната година.

-За првпат немаат меѓународна поддршка и се соочуваат со немање на поддршка од страна на нивните членови. Во следниот период прво ќе се пребројуваат колку им останале од минатите изборни циклуси со цел да проценат каков ќе им биде исходот на следните локални избори. Љуљзим Фаризи – политички аналитичар.

ДУИ првично најавуваше дека ќе почнат со протести од септември, кои од страна на власта беа оценети како можни обиди за дестабилизација. Тие ги негираат ваквите обвинувања, со тврдење дека доколку излезат на улица тоа ќе биде на демократски начин. Прво поводот беше легитиметот, па балансерто, а сега , според најаваите, ќе се чека и олдуката на Уствавен за Законот за јазиците.

Муцунски одржа протоколарна средба со новите членови на комисијата за историски прашања

Муцунски одржа протоколарна средба со новите членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија.

Денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Тимчо Муцунски одржа протоколарна средба со новите членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Министерот Муцунски во краткото обраќање пред членовитете на Комисијата истакна дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со сите свои капацитети им стои на располагање во процесот на одговорно и непречено понатамошно извршување на нивните редовни активности. Тој посочи дека одлуките и дискусиите во рамки на комисијата треба да бидат водени врз основа на научни аргументи и со целосно почитување на академската слобода. Воедно, ја истакна и личната заложба за независност во одлучувањето на комисијата, без никакви политички влијанија и притисоци.

Антикорупциска отвора предмет за назначувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

Анонимна пријава пристигнала  до Антикорупциската комисија со која се бара членовите да утврдат дали новиот директор на АНБ Бојан Христовски ги исполнува  потребните законски услови за да биде назначен на оваа функција. 

Ова за Канал 5 го потврди претседателката на ДКСК Татјана Димитровска, која рече дека предметот е оформен, распределен и веќе се обезбедува потребната документација.

„ Денеска е пристигната анонимна пријава во која се содржани наводи за незаконско именувае на дир на АНБ. Предметот е оформен во државната комисија распределен кај член за надлежно постапување тоа подразбира доставување на барање за доставување на потребна документација во однос на условите кои законот ги бара. По добивањето на докуметнацијата и анализа на истаат, ќе донесеме одлука на јавна седница. “Татјана Димитровска – Претседателка на ДКСК.

Претставката до Антикорупциска доаѓа откако назначувањето на новиот директор на АНБ изминативе денови беше мета на критики од опозицијата. Од СДСМ побараа тој да биде разрешен бидејќи , како што велат, со назначувањето на Христовски да раководи со Агенцијата се врши нејзина директна партизација, бидејќи како што велат тој бил личен избор на премиерот Христијан Мицкоски.

„Се уште е отворено и прашањето дали Христовски воопшто има 5 години стаж на раководни позиции сигласно законските услови или не? Во неговата објавена биографија недостасуваат прецизни датуми за неговото раководно искуство од 2012 до 2017 година. Не е потврдено ниту дали Христовски има вистински документ за соодветно познавање на Англиски јазик. Затоа што документот што го приложил е од училиште во Пловдив Бугарија а во Пловдив воопшто нема TOEFL центар за тестирање.“- СДСМ.

Канал 5 го контактираше новоназначениот директор на АНБ Христовски кој во телефонски разговор кусо одговори дека доколку до него стигне официјално барање од ДКСК тој ќе им достави одговор со сите информации кои им се потребни.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека партизацијата на службите ја направила токму СДСМ, со назначувањето на претходниот директор на АНБ Виктор Димовски.

„Виктор Димовски беше член на ИО на СДС, долги години беше во голем број партиски комисии и совети. Тој на чело на АНБ дојде како чисто партиско решение. СДС наместо да ја професионализира службата, ја партизираше, дополнително на тоа шиканираа професионалци и избркаа од АНБ се што не е во нивната матрица,- Бране Петрушевски – ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, Христовски во интервју за КОД на ТВ Телма, потврди дека се уште нема безбедносен сертификат “Државна тајна”, кој, како што посочи, не му бил продолжен од 2019 година заради политички монтирана хајка од минатата власт. Штом ја презел функцијата директор на АНБ веднаш аплицирал за сертификат од највисок степен. Тој не смета дека со неговото назначување е прекршен законот за АНБ бидејќи од лани повеќе не бил партиски активен во ВМРО-ДПМНЕ.

притисни ентер