Антикорупциска отвора предмет за назначувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

Анонимна пријава пристигнала  до Антикорупциската комисија со која се бара членовите да утврдат дали новиот директор на АНБ Бојан Христовски ги исполнува  потребните законски услови за да биде назначен на оваа функција. 

Ова за Канал 5 го потврди претседателката на ДКСК Татјана Димитровска, која рече дека предметот е оформен, распределен и веќе се обезбедува потребната документација.

„ Денеска е пристигната анонимна пријава во која се содржани наводи за незаконско именувае на дир на АНБ. Предметот е оформен во државната комисија распределен кај член за надлежно постапување тоа подразбира доставување на барање за доставување на потребна документација во однос на условите кои законот ги бара. По добивањето на докуметнацијата и анализа на истаат, ќе донесеме одлука на јавна седница. “Татјана Димитровска – Претседателка на ДКСК.

Претставката до Антикорупциска доаѓа откако назначувањето на новиот директор на АНБ изминативе денови беше мета на критики од опозицијата. Од СДСМ побараа тој да биде разрешен бидејќи , како што велат, со назначувањето на Христовски да раководи со Агенцијата се врши нејзина директна партизација, бидејќи како што велат тој бил личен избор на премиерот Христијан Мицкоски.

„Се уште е отворено и прашањето дали Христовски воопшто има 5 години стаж на раководни позиции сигласно законските услови или не? Во неговата објавена биографија недостасуваат прецизни датуми за неговото раководно искуство од 2012 до 2017 година. Не е потврдено ниту дали Христовски има вистински документ за соодветно познавање на Англиски јазик. Затоа што документот што го приложил е од училиште во Пловдив Бугарија а во Пловдив воопшто нема TOEFL центар за тестирање.“- СДСМ.

Канал 5 го контактираше новоназначениот директор на АНБ Христовски кој во телефонски разговор кусо одговори дека доколку до него стигне официјално барање од ДКСК тој ќе им достави одговор со сите информации кои им се потребни.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека партизацијата на службите ја направила токму СДСМ, со назначувањето на претходниот директор на АНБ Виктор Димовски.

„Виктор Димовски беше член на ИО на СДС, долги години беше во голем број партиски комисии и совети. Тој на чело на АНБ дојде како чисто партиско решение. СДС наместо да ја професионализира службата, ја партизираше, дополнително на тоа шиканираа професионалци и избркаа од АНБ се што не е во нивната матрица,- Бране Петрушевски – ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, Христовски во интервју за КОД на ТВ Телма, потврди дека се уште нема безбедносен сертификат “Државна тајна”, кој, како што посочи, не му бил продолжен од 2019 година заради политички монтирана хајка од минатата власт. Штом ја презел функцијата директор на АНБ веднаш аплицирал за сертификат од највисок степен. Тој не смета дека со неговото назначување е прекршен законот за АНБ бидејќи од лани повеќе не бил партиски активен во ВМРО-ДПМНЕ.

Муцунски на средба со новите членови на експертската комисија за прашањата со Бугарија

Денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија одржав протоколарна средба со новите членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со Република Бугарија.

Во своето обраќање истакнав дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со сите свои капацитети им стои на располагање за одговорно и непречено извршување на нивните активности. Посочив дека одлуките и дискусиите во рамки на комисијата треба да бидат водени врз основа на научни аргументи и со целосно почитување на академската слобода.

Дополнително, ја нагласив и мојата лична заложба за независност во одлучувањето на комисијата, без никакви политички влијанија и притисоци, објави на ФБ министерот Тимчо Муцунски.

Мицкоски по средбата со австрискиот претседател: Продолжуваме да се бориме за Македонија

Со состанокот што го имавме со претседателот на Австрија, Ван дер Белен ја завршуваме официјалната билатерална посета во Австрија којашто започна со учеството на настанот во Салцбург.

Зборувавме со голем број европски дипломати на коишто ја пренесов пораката на македонските граѓани како и нашите очекувања како држава.

Ја завршуваме посетата со настанот, учеството на австриската дипломатска академија каде што ќе зборувам со што се соочуваме како држава и кои се нашите приоритети како Влада.

Имавме успешна и плодна билатерална посета во Австрија. Продолжуваме да се бориме за Македонија и македонските граѓани, како и за националните интереси, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Моника Белучи на Инстаграм објави фотографии на кои е гола: 20.000 лајкови за 10 минути

Моника Белучи со децении оправдано ја носи титулата една од најубавите актерки на сите времиња, а и во шестата деценија од животот редовно привлекува внимание. Сега реши да „додаде дополнителен зачин“.

Деновиве, можеби инспирирана од тоа што во септември наполни 60 години, убавата Италијанка на Инстаграм сподели серија фотографии на кои, како што објасни, „позирала пред неколку години за италијанското издание на Вог“ и каде, меѓу другото, таа е целосно гола и генерално „убиствено“ сензуална, пренесува Слободна Далмација.

Следеа безброј коментари и комплименти, Инстаграм експлодираше, за 10 минути собра 20.000 лајкови, а за неколку часа повеќе од 300.000.

Белучи ужива во својата новооткриена љубов од минатата година. Среќата и мирот ги нашла со американскиот режисер Тим Бартон, а нивната наклонетост и страсна врска е забележана на бројни филмски фестивали оваа сезона.

Во интервју за француски „Ел“, 60-годишната Италијанка многу отворено проговори за љубовта кон 64-годишниот американски режисер:

"Што да ви кажам, пред се, среќна сум што го запознав. Тоа е една од оние средби кои ретко се случуваат во животот. Го запознав како личност и го сакам", изјави минатата година филмската дива.

Моника Белучи долги години беше во брак со францускиот актер Винсент Касел, со кој има две ќерки, 20-годишната Дева и 14-годишната Леони.

Извор: Аваз

притисни ентер