Се премисли ли ДУИ за организирање протести или допрва ќе се мобилизира?

Се премисли ли ДУИ за организирање протести или допрва ќе го мобилизираат членството преку партиски собири? 

Според објаснувањето од партијата оваа тема не била на дневен ред на вчерашниот состанок на Централното претседателство, но не ја исклучија можноста за тоа да одлучуваат следниот месец, откако ќе ги завршат најавите средби со граѓаните и партиските ограноци што ќе ги почнат утре во Липково и Сарај..

-Уште еднаш упатуваме јавна покана до ВРЕДИ да се откаже од владата каде се понижуваат Албанците, додека ДУИ и Европскиот Фронт не се заинтересирани да учествуваат на таков формат на власта. Напротив, потребно е единство за да се запре понижувањето што им се прави на Албанците и на другите заедници. – стои во дел од заклучоците што ги увоило претседателството на партијата.

За исходот од состанокот на највисокото раковоство на ДУИ и пораките до власта, министерот за здравство од коалицијата Вреди,Таравари, им одговори - да се навикнат на опозиција и да си ја прочистат партијата.

-Им препорачувам на ДУИ прво да започнат со реформи во партијата. Имаат доста некредибилни луѓе меѓу нив. Им треба адаптација во опозиција. Така што, прво беа протести, сега ми се чини поради ниските температури, одлучија да се сретнат со граѓаните. Нека се сретнат. Дури мислам дека не требаше да направат толку долга апстиненција од четири месеци, воопшто да не се видат со граѓаните,- Арбен Таравари – коалиција „Вреди“.

Според политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи ДУИ тактизира со протестите поради намалената поддршка од членството откако не се на власт. Тој оценува дека најавените партиски собири ќе и служат на партијата само за пребројување во пресрет на локалните избори кои ќе се одржат следната година.

-За првпат немаат меѓународна поддршка и се соочуваат со немање на поддршка од страна на нивните членови. Во следниот период прво ќе се пребројуваат колку им останале од минатите изборни циклуси со цел да проценат каков ќе им биде исходот на следните локални избори. Љуљзим Фаризи – политички аналитичар.

ДУИ првично најавуваше дека ќе почнат со протести од септември, кои од страна на власта беа оценети како можни обиди за дестабилизација. Тие ги негираат ваквите обвинувања, со тврдење дека доколку излезат на улица тоа ќе биде на демократски начин. Прво поводот беше легитиметот, па балансерто, а сега , според најаваите, ќе се чека и олдуката на Уствавен за Законот за јазиците.

Мицкоски по средбата со австрискиот претседател: Продолжуваме да се бориме за Македонија

Со состанокот што го имавме со претседателот на Австрија, Ван дер Белен ја завршуваме официјалната билатерална посета во Австрија којашто започна со учеството на настанот во Салцбург.

Зборувавме со голем број европски дипломати на коишто ја пренесов пораката на македонските граѓани како и нашите очекувања како држава.

Ја завршуваме посетата со настанот, учеството на австриската дипломатска академија каде што ќе зборувам со што се соочуваме како држава и кои се нашите приоритети како Влада.

Имавме успешна и плодна билатерална посета во Австрија. Продолжуваме да се бориме за Македонија и македонските граѓани, како и за националните интереси, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Моника Белучи на Инстаграм објави фотографии на кои е гола: 20.000 лајкови за 10 минути

Моника Белучи со децении оправдано ја носи титулата една од најубавите актерки на сите времиња, а и во шестата деценија од животот редовно привлекува внимание. Сега реши да „додаде дополнителен зачин“.

Деновиве, можеби инспирирана од тоа што во септември наполни 60 години, убавата Италијанка на Инстаграм сподели серија фотографии на кои, како што објасни, „позирала пред неколку години за италијанското издание на Вог“ и каде, меѓу другото, таа е целосно гола и генерално „убиствено“ сензуална, пренесува Слободна Далмација.

Следеа безброј коментари и комплименти, Инстаграм експлодираше, за 10 минути собра 20.000 лајкови, а за неколку часа повеќе од 300.000.

Белучи ужива во својата новооткриена љубов од минатата година. Среќата и мирот ги нашла со американскиот режисер Тим Бартон, а нивната наклонетост и страсна врска е забележана на бројни филмски фестивали оваа сезона.

Во интервју за француски „Ел“, 60-годишната Италијанка многу отворено проговори за љубовта кон 64-годишниот американски режисер:

"Што да ви кажам, пред се, среќна сум што го запознав. Тоа е една од оние средби кои ретко се случуваат во животот. Го запознав како личност и го сакам", изјави минатата година филмската дива.

Моника Белучи долги години беше во брак со францускиот актер Винсент Касел, со кој има две ќерки, 20-годишната Дева и 14-годишната Леони.

Извор: Аваз

НБА: Гордон уште четири години во Денвер за 133 милиони долари

Ден пред почетокот на новата сезона во НБА, шампионот од 2023 година, Денвер Нагетс, се договори да ја продолжи соработката со својот крилен кошаркар Арон Гордон (29) за уште четири години.

Гордон, кој имаше договор со Денвер до лето 2025 година, ќе инкасира 133 милиони долари во периодот од 2025 до 2029 година, додека во сезоната 2024/25. неговата плата ќе изнесува 23 милиони долари.

Во сезоната 2022/23 во која Денвер ја освои шампионската титула, Гордон во лигашкиот дел просечно бележеше 16,3 поени, 6,6 скокови и 3,0 асистенции и 13,3 поени, 6,0 скока и 2,6 асистенции во плејофот, додека минатата сезона имаше просек од 13,9 поени, 6,5 скокови и 3,5 асистенции во лигашкиот дел, и 14. 7,3 скокови и 4,4 асистенции во плеј-офот.

Продолжувањето на договори со своите клубови за сума над 100 милиони долари потпишаа и Џејлен Сагс со Орландо Џејлен Џонсон со Атланта и Џејлен Грин со Хјустон. /MИА

притисни ентер