За нашиот натпреварувач ова е втор медал од младинските мундијали, бидејќи пред две години во Коња освои сребро.
Стојановиќ денеска во борбата за бронзениот медал во категоријата над 84 килограми во младинска конкуренција го совлада Николаи Секот од Германија со 3-2 и тоа со одличен пресврт откако противникот ги освои првите два поени.
Македонецот многу лесно можеше да се бори и во финалето, бидејќи во полуфиналната борба ремизираше 3-3 со Италијанецот Матео Аванзини, но победата му беше доделена на домашниот натпреварувач поради правилото, „прв освоен поен“. Претходно нашиот каратист имаше три победи по ред на патот до полуфиналето.
За Стојановиќ ова беше втор медал од младинските Светски првенства, бидејќи пред две години освои сребро во Коња, Турција. Тој има освоено и два медали од младинските Европски првенства, злато како јуниор и бронза во младинска конкуренција (У21). Стојановиќ моментално се наоѓа и на првото место на Светската карате ранг-листа. На Светското првенство учествуваа 113 држави.