Средба Дурмиши-Рокас

Спроведување на реформите во економијата се приоритет на патот кон членството во ЕУ.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари состанок со новиот амбасадор на Европската унија во државава Михалис Рокас, соопштија од Министерството.

-Соработката со Европската унија и спроведувањето на економските реформи се едни од најважните приоритети на Министерството за економија и труд, истакнал министерот Дурмиши на состанокот и додал дека како министер ќе биде целосно ангажиран во спроведување на надлежностите во делот на реформската агенда.

Основната нејзина цел, според Дурмиши, е засилено спроведување на реформите преку забрзување на усогласувањето на нашиот јавен сектор со вредностите, законите, правилата, стандардите, политиките и практиките на јавниот сектор на Унијата, обезбедување негово транспарентно управување, развој на конкурентна и зелена економија и поддршка на процесот на пристапување.

Двајцата соговорници разговараале дека овие средби се од суштинско значење за зајакнување на соработката и потикнување реформи кои ни помагаат да ги исполниме стандардите и очекувањата на ЕУ.

Министерот на средбата потенцирал дека дека ЕУ е наш значаен партнер и се заблагодарил за континуираната поддршка на ЕУ кон земјата и изрази надеж дека таа ќе продолжи и во иднина, во насока на остварување на нашата цел – целосна интеграција во ЕУ.

Повторно катаклизма во Шпанија: Поплавата носи автомобили во Жирона (ВИДЕО)

Шпанија е погодена од нови катастрофални поплави, а поројниот дожд носи автомобили низ улиците на Жирона.

Снимката која кружи покажува како поројот од вода носи сѐ пред себе, вклучително и возила, додека уништува сѐ во центарот на каталонскиот град Кадакес.

Според градоначалникот, поплавата однела најмалку 30 возила. Како што објасни, блиската река се излеала од коритата и создала порои.

Во близина на мостот биле оставени многубројни возила наредени еден врз друг.

Меѓу уништените возила има и најмалку едно странско возило, судејќи по регистарските таблички.

Да потсетиме, пред нешто повеќе од една недела страшни поплави ја погодија Шпанија и однесоа повеќе од 200 животи. Најмногу настрада областа Валенсија.

Фото: Маск сака да направи Тесла лимузина за Трамп: „Се разбира отпорна на куршуми“

Сопственикот на Тесла, Илон Маск, на социјалната мрежа Икс ги праша своите следбеници дали треба да направи Тесла лимузина.

Тој постави фотографија на која е прикажано како би изгледала оваа лимузина од електричниот бренд, наменета за претседателот на САД, Доналд Трамп.

Маск додаде и дека оваа лимузина, секако, би била отпорна на куршуми.

„Да направам ли Тесла лимузина за Трамп?

Се разбира, отпорна на куршуми.“- стои во објавата.

Сиљановска Давкова: Македонската реформска агенда е најдобро оцената

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска присуствуваше и се обрати на седницата на собраниската Комисија за европски прашања.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска присуствуваше и се обрати на седницата на собраниската Комисија за европски прашања на која беше презентирана Реформската агенда на Владата (2024-2027), којашто се однесува на Планот за раст на Европската Комисија.

Во своето обраќање, Претседателката порача дека е неопходна поголема соработка помеѓу Министерството за европски прашања и Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции и дека Комисијата треба да се отвори и да ја зајакне соработката со сите инволвирани во процесот на евроинтеграциите, вклучувајќи го невладиниот сектор, експертската јавност и претставници од ЕУ.

Претседателката нагласи дека македонската реформска агенда е најдобро оценета од Комисијата, што претставува добар влог и дека се доближуваме до европските критериуми, а со тоа и до влезот во ЕУ.

„Мислам дека вреди да се биде оптимист. Зошто вреди да се биде биде оптимист? Вие знаете колкупати јас сум ја критикувала Европската Унија дека немала, после Солун, вистинска стратегија за Западен Балкан, дека доцнела, дека не преземала одговорност. Ова е мислам еден исчекор. Значи имаме агенда. Агендата, односно нејзиното спроведување, велиме дека не е невозможно, разбрани сме, нè поддржуваат“, нагласи претседателката Сиљановска Давкова, изразувајќи увереност дека Планот за раст и реформската агенда ќе можеме да ги направиме реалност, што особено позитивно ќе влијае на довербата кај граѓаните.

Претседателката порача дека Планот за раст е за поздравување бидејќи претставува своевидно содружништво, односно партнерство помеѓу Европската Унија и Западниот Балкан, учење во од, со финансиска помош, со советување и со оценување, каде резултатите ќе бидат заеднички, но и одговорноста споделена.

Во тој контекст таа посочи дека ова е можност да бидеме дел и од заедничкиот европски пазар. Во контекст на финансирањето, Претседателката потенцираше дека тоа мотивира, но домаќински е да не биде авансно, туку врзано со постигнатите резултати.

Во таа насока таа ја истакна улогата на Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија, важноста на постоењето на интегриран систем на мониторинг, односно контрола врз трошењето на финансиските средства и ревизија врз внатрешниот систем на контрола.

Осврнувајќи се на роковите, Претседателката посочи дека роковите се строги, но дека тоа значи дека ЕУ верува во нашата способност. Според неа е логично до Нова Година да се донесат двата закони, за буџети и Закон за јавна контрола врз внатрешната контрола, што е услов за ослободување на средствата за претфинасирањето.

Говорејќи за начинот на плаќање 1/3 грант и 2/3 кредит, Претседателката посочи дека ова е секогаш најважно за опозицијата и во овој контекст ги охрабри да критикуваат.

Во обраќањето таа истакна и дека мора да се стави крај на злоупотребата на европското знаменце и ја нагласи хармонизацијата со директивите и регулативите на ЕУ, соопштуваат од Кабинетот на претседателката.

притисни ентер