Со евроголот на Модриќ Хрватска дојде до победа против Турција

Во првиот натпревар од Групата „Д“ на Европското првенство во Франција, Хрватска славеше против Турција минимално со 1-0, благодарение на фантастичниот гол на Лука Модриќ.

Победата на “коцкестите” иако изразена со само еден гол е заслужена ако се земе в предвид фактот дека освен постигнатиот гол, Хрватска ја имаше иницијативата во целиот тек од натпреварот, уште два пати ја погодија пречката и создадоа шуте неколку шанси за гол кои не ги искористија за поуверлива победа.

Во вториот натпревар од оваа група, Шпанија утре од 15 часот ќе се соочи со Чешка.

Ф1: Серхио Перез убеден дека останува во Ред Бул

Мексиканскиот возач во Формула 1, Серхио Перез е убеден дека ќе остане во Ред Бул не само до крајот на оваа, туку ќе вози за истиот тим и во следната сезона во Ф1, и покрај коментарите од неговите претпоставени кои велат поинаку.

„Тоа се само гласини“, изјави денеска 34-годишниот возач од Мексико за сајтот Formula 1. com.

„Ќе ме видите во Вегас, ќе ме видите и следната година. Не сум загрижен за тоа“, додаде Перез.

Шпекулациите за можен крај на соработката меѓу Перез и Ред Бул. се засилија откако возачот заврши на последното 17. место на трката пред своите гледачи за Големата награда во Мексико во неделата.

Дурмиши: Есенската кошница ги даде резултатите, цените се стабилизираа и се намалија

Месечната заштеда изнесува од 690 ден до 1.360 ден.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска на прес-конференција во Министерството а економија и труд ги презентираше резултатите од Есенската потрпошувачка кошница.

Ви го пренесуваме неговиот говор:

Есенската кошница како мерка која што ја донесовме на крајот на септември веќе заврши, заклучно со вчерашниот ден.

Мерката беше спроведена успешно и според анализите на Министерството за економија ги даде очекуваните резултати.

Оваа мерка ја донесовме со цел да ги заштитиме граѓаните во време кога има зголемување на цените на основните прехранбени производи, пред се за време на празниците, односно да се стабилизираат цените и да не дојде до нивно нагло зголемување.

Тоа и се случи, со мерката успеавме да не дозволиме нагло зголемување на цените на основните прехранбени производи, туку нивни стабилизирање и намалување во одредени сегменти.

Нашите анализи кои ги споделивме покажуваат дека цените на производите од есенската кошничка се намалиле во просек од 5% до 10%, при што кај некои производи намалувањето на цените е помало, или воопшто и го нема (како на пр. лебот, маслото за јадење и млекото), додека кај други производи истото е значително поголемо (на пр. месо, зеленчук и млечни производи (сирење и кашкавал).

Секако дека за оваа мерка како што и самите знаете имавме забелешки во најголем дел од трговците и од дел од дистрибутерите, но таа сепак ги даде резултатите кои ги очекувавме, бидејќи заштитата на животниот стандард е наш приоритет.

Нашите податоци кажуваат дека искажано во заштеда во пари за едно четворочлено семејство, на месечно ниво заштедата од ограничените маржи и намалените цени на дел од производите изнесува од 690 ден до 1.360 ден по семејство, во зависност од начинот на исхрана, како и од изборот на маркети каде што се набавува истата.

Тоа го потврдуваат и податоците на Синндикатите од нивната синдикална кошница каде што во октомври во делот на храна и пијалоци е намалена за 935 денари.

Тоа укажува дека мерките на владата кој што се во моментот на сила дале резултати и цената на храната за еден месец е намалена.

Вкупното намалување на октомвриската синдикална кошница е 57 денари, но тука вклучува и кирија.

Во наредниот период како што најавивме ќе има божиќна кошница, рамазанска, велигденска кошница. Овие кошници ќе имаат различен состав на производи, во зависност од тоа штио најмногу се троши во тој период и во дијалог и со производителите и со трговците, оваа мерка ќе ја креираме да биде во интерес на сите и да биде лесно применлива.

Каков модел ќе одбереме ќе зависи од предлозите кои ќе ги добиеме, а секако треба да земеме во предвид дека во маркетите за време на празниците има попусти и акции на одредени производи, па ќе видиме како тие ќе можат да се вклучат во наредните кошници.

Она што е важно да кажам дека оваа мерка, односно кошничка нема да трае повеќе од еден месец.

Односно предвидени се со пократок рок на траење од 15 до максимум 30 дена.

Очекувам дека од почетокот на следниот месец ноември ќе има дополнително намалување на цените бидејќи како што знаете пред еден месец започна примената на Законот за нефер трговски практики и очекуваме со новите залихи на производи во маркетите да има и нови пониски цени.

Од денеска мерката за замрзнати маржи не е на сила, очекувам дека нема да има зголемување на цените од страна на трговците. Доколку се случи тоа односно доколку дојде до дивеење на цените без никаква основа тогаш Министерството за економија и труд ќе ги превземе сите мерки кои што ги има на располагање и ќе превземеме поригорозни одлуки се со цел да се заштити стандардот на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на мерки и проекти, СДС ја уништија државата

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на тоа економијата да застане на стабилни нозе и да се покачи животниот стандард на граѓаните.

Само во првите 4 месеци има повеќе нови странски инвестиции во износ од повеќе од 600 милиони евра и нови 1600 вработувања.

ВМРО- ДПМНЕ со своите мерки, постигна намалување на трошоците за храна и пијалоци за 5%, односно околу 1000 денари месечно, додека на годишно ниво тоа резултира со заштеда до 18000 денари за едно домаќинство, истовремено обезбедувајќи раст на платите и пензиите.

ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми платите наставниците и професорите за 5 % уште во октомври годинава и секоја година ќе растат со тенденција за раст од минимум 46 % вкупно до 2028 година.

Навиката на СДС е да прават театар таму каде што го нема.

СДС доколку имаше срам ќе направеше реформи во својата партија, но навиката не им го дозволува тоа.

На македонските граѓаните не им се потребни евтини политики, и покрај тоа што народот ги казни СДС, нивната беда не престанува.

ВМРО-ДПМНЕ обезбеди повисоки пензии, ги исплати заостанатите плати, постигна историски договор за платите на наставниците, ја прошири позитивната листа на лекови, обезбеди учебник за секое дете.

ВМРО-ДПМНЕ со замрзнување на маржите ги заштити граѓаните да не плаќаат повеќе од реалното.

ВМРО-ДПМНЕ не дозволи само одредени групи да се збогатуваат на грбот на граѓаните.

Економските мерки на ВМРО-ДПМНЕ даваат резултат на долгорочен план.

СДС да научи дека дека економијата е наука за заштита на средствата на граѓаните, а не печатница за пари за нивни лични интереси.

СДС не може да ја замајува јавноста со лажно зголемување на плати и предизвикување инфлација и обезвреднување на парите.

ВМРО-ДПМНЕ не прави долгови на штета на идни генерации.

ВМРО-ДПМНЕ работи за секоја генерација да живее достоинствен живот.

СДС ја уништија државата и го разрушија системот.

СДС да ја научи лекцијата дека со лага не се станува ага.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер