Аморим доаѓа на Олд Трафорд на местото на холандскиот стратег Ерик тен Хаг, кој беше отпуштен од должноста по поразот од Вест Хем.
Аморим официјално ќе го преземе клубот од „Олд Трафорд“ на 11 ноември, а дотогаш со тимот ќе раководи поранешниот напаѓач на Јунајтед и Холандија, Руд ван Нистелрој.
Како што е соопштено, Аморим потпиша договор до лето 2027 година, со опција за продолжување на уште една година.
„Рубен е еден од највозбудливите и најпочитуваните млади тренери во европскиот фудбал. Беше успешен и како играч и како тренер, со Спортинг двапати го освои португалскиот шампионат, а првата титула беше прва по 19 години“, се вели во соопштението на Јунајтед. /МИА