Швајцарија го повлече пченкарното брашно од Србија од пазарот

Петпати повеќе афлатоксин од дозволеното.

Швајцарија повторно повлекува од пазарите пченкарно брашно со потекло од Србија - овојпат станува збор само за жолто брашно, а причината е значително поголема количина на афлатоксин од дозволеното со закон, објави РАСФФ, европскиот систем за брзо алармирање и информирање за храната.

Според веб-страницата на РАСФФ, дозволената количина на афлатоксин во пченкарното брашно е 2 µg/kg - ppb (два микрограми на килограм). Во примерок од брашно земен на 10 јули годинава, присуството на микотоксинот афлатоксин Б1 е откриено во поголема количина од дозволеното: во жолтото пченкарно брашно - 11,4 μg/kg, што претставува дури 5,7 пати повеќе од дозволеното.

Ризикот од користење на овој производ е оценет како „потенцијално сериозен“ и производот е повлечен од пазарот.

На 10 години затвор е осуден поранешен албански министер за животна средина, ќе одлежи помалку

Специјалниот суд против организиран криминал и корупција,  попладнево ја соопшти одлуката за обвинетите во случајот „инценератор во Елбасан" меѓу кои и поранешниот министер за животна средина Лефтер Кока.

На Кока, кој беше уапсен во средината на декември 2021 година му е изречена затворска казна во траење од 10 години, но поради согласноста за скратен судски процес, казната е намалена на 6 години и 8 месеци.

Обвинението го товареше за неколку кривични дела, во врска со истрагата за процедурата за договорот за концесија за изградбата на пречистителната станица за урбан отпад и производство на енергија во Елбасан, централна Албанија, која никогаш не профункционира.

Истрагата покажала дека не е спроведена нормална законска процедура што се однесува до видот на постапката што е користена за доделување на концесијата за која станува збор.

Од фирмите корисници на договорот за концесија побарал, Кока прифатил и примил на индиректен начин неправилни парични поволности преку формирање фиктивна шема за извршување на работите на фирмата концесионер, користејќи некои други фирми што се индиректно контролирани од негова страна, од членови на неговото семејство, како и од страна на трговски субјекти во негова сопственост.

Министер за животна средина на Албанија беше од 2013 до 2017 година.

Во овој коруптивен случај осудени се и бизнисмените Клодијан Зото и Мирел Мертири, кои добија идентична казна како и Кока.

Алќи Блако, поранешен пратеник од Социјалистичката партија, за злоупотреба на службената должност, доби 4 но ќе одлежи 2,8 години.

Осудени се и петмина други носители на високи функции во министерството.

Мицкоски: Нашата Влада искрено се залага за зајакнување на општините низ целата држава

Денеска заедно со директорот на Европската инвестициска банка, Габриел Бјорн и првиот вице премиер Изет Меџити одржавме информативна средба со 58 градоначалници.

Денеска заедно со директорот на Европската инвестициска банка, Габриел Бјорн и првиот вице премиер Изет Меџити одржавме информативна средба со 58 градоначалници, кои беа информирани за финансискиот договор во износ од 50 милиони евра, средства обезбедени преку Европската инвестициска банка (ЕИБ), а кои ги доделува Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање.

Оваа денешна средба е во насока на зајакнување и подобрување на ефикасноста и координацијата во користењето на средствата наменети за подобрување на водната инфраструктура на општините, а средствата се обезбедени од Европската инвестициска банка, а ќе се доделуваат преку Министерството за животна средина и просторно планирање, како неповратни средства на општините.

Денеска испративме силна и јасна порака дека нашата Влада искрено се залага за зајакнување на општините низ целата држава, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски..

Усвоена декларацијата од Будимпешта за новиот европски договор за конкурентност

Лидерите на Европската унија ја усвоија Будимпештанската декларација за новиот европски договор за конкурентност, во која се нагласува потребата од итно и одлучно дејствување за да се постигнат зацртаните цели.

„Соочени со нови геополитички реалности и економски и демографски предизвици, ние, лидерите на Европската унија, сме решени да го обезбедиме нашиот заеднички економски просперитет, да ја зголемиме нашата конкурентност, правејќи ја ЕУ првиот климатски неутрален континент во светот и обезбедувајќи го суверенитетот, безбедноста, издржливоста и глобалното влијание на ЕУ“, се нагласува во текстот на декларацијата.

Како што е наведено, европските политичари сакаат да ја направат Европската унија поконкурентна, продуктивна, иновативна и одржлива.

„Императив е итно да го намалиме јазот во иновациите и продуктивноста, како со нашите глобални конкуренти, така и во рамките на ЕУ. Ќе работиме во единство и солидарност за доброто на сите граѓани на ЕУ, компании и земји-членки“, се додава во текстот.

Во декларацијата се споменуваат седум главни цели, меѓу кои се интензивирање на напорите за обезбедување функционален единствен пазар на Европската унија, како и преземање „одлучни чекори“ кон Унијата на штедење и инвестиции до 2026 година и итен напредок во изградбата на пазарот на капитал на ЕУ.

Европската индустриска политика мора да обезбеди развој на технологии кои ќе бидат клучни во иднина и во исто време да ги надмине проблемите на транзицијата и да постигне декарбонизација, додаваат авторите на декларацијата.

Европската унија треба да ги поедностави своите бирократски процедури и да обезбеди јасна и едноставна регулаторна рамка за компаниите, да ја зајакне одбранбената индустрија и да застане на чело на истражувањето и иновациите на глобално ниво.

Како што е наведено, Европската унија исто така мора да ја следи двојната цел за стратешки енергетски суверенитет и постигнување климатска неутралност до 2050 година.

„Ќе изградиме вистинска енергетска унија која ќе се карактеризира со целосно интегриран и меѓусебно поврзан енергетски пазар како приоритет, преку декарбонизација на нашиот енергетски микс и снабдување со прифатлива и чиста енергија за сите наши граѓани и компании“.

притисни ентер