НАТО: Распоредување трупи на Северна Кореја е опасна експанзија во војната во Украина

Членките на НАТО денеска објавија дека распоредувањето на севернокорејските трупи е „опасно проширување“ на поддршката на таа земја во војната на Русија против Украина.

Во заедничката изјава, 32-те земји-членки на воената алијанса предупредија дека „продлабочувањето на воената соработка“ меѓу Русија и Северна Кореја „длабоко влијае на евроатлантската безбедност, со импликации и за Индо-Пацификот“, објави Ројтерс.

Сооопштението на НАТО беше поддржано и од Австралија, Јапонија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Украина.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кон крајот на октомври изјави дека севернокорејски војници биле испратени во Русија и дека севернокорејските воени единици биле распоредени во областа Курск.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера по средбата со Рута изјави дека „е потребен поодлучен одговор од западните земји на новата улога на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина“.

Мадона јасно покажа дека не го сака Трамп: Се прејадов (ФОТО)

Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД налути многу ѕвезди, меѓу кои и Мадона, која сподели со своите следбеници дека јадела торта со натпис „ Fuck Trump“.

„Изедов премногу“, напиша таа покрај фотографијата од тортата што ја објави во нејзината приказна на Инстаграм. После тоа, 66-годишната пејачка објави приказна во која размислува за неговата победа.

„Се обидувам да сфатам зошто осуден криминалец, силувач, фанатик е избран да ја води нашата земја. Затоа што е добар за економијата?“ напиша таа.

Во пресрет на изборите, Мадона ја поддржа американската потпретседателка и демократска кандидатка Камала Харис и на Инстаграм објави дека се враќа дома од Париз за да гласа.

„Париз беше многу забавен! Беше тешко да се напушти, но морав да одам дома за да гласам за Камала Харис. Претседателка!“ напиша таа минатиот четврток.

Покрај Мадона, Камала ја поддржаа и Тејлор Свифт, Бијонсе, Џенифер Лопез и Карди Би, која исто така го сподели своето незадоволство од резултатите на американските избори.

Девојка била силувана од двајца германски војници во касарна, едниот го снимал другиот

Млада девојка (18) запознала двајца војници во клуб во Келн кои наводно ја однеле во касарната по забавата каде брутално ја нападнале.

Ова се наведува во обвинението што јавниот обвинител го прочита во средата пред регионалниот суд во Келн.

Двајца од обвинетите, војниците Асмир Д.(23) и Хасан К.(24), тврдат дека немало сексуален однос за кој се обвинети.

Војниците тој ден дежурале во касарната Конрад Аденауер, од каде отишле во ќебапчилница, а потоа во „Дијамат клубот“ во центарот на Келн.

Таму сретнале млада жена која не можела да го најде својот пријател со кого излегла, па ѝ понудиле да ја одвезат дома, пишува Билд.

Како што тврдат, девојката била многу пијана и потенцијално под дејство на дрога.

Меѓутоа, обвинителството во обвинението ја претстави и другата страна на приказната: војниците ја прошверцувале жената на задното седиште од автомобилот покрај стражарите и ја донеле во касарната. Таму тие наизменично ја силувале и се снимале како го прават тоа. За време на малтретирањето, жртвата била во несвест и неподвижна лежела на креветот.

Откако завршиле со наводното малтретирање, двајцата војници ја сокриле 18-годишната девојка во автомобил и ја оставиле дома.

Бундесверот засега ги ослободи обвинетите војници, а судскиот процес продолжува. Се очекува пресудата да биде изречена кон средината на декември.

По 5 години од страшниот пожар, одекна камбаната на Богородичната црква во Париз (ВИДЕО)

Ѕвоната на северната камбанарија на катедралата Нотр Дам во Париз, која беше опустошена од пожар пред пет години, денеска за првпат од тогаш заѕвонија.

Оваа нова етапа во реставрацијата на една од најголемите катедрали, ставена на листата на светско наследство на УНЕСКО, се одржа речиси еден месец пред нејзиното повторно отворање за јавноста, објави Франс 24.

Денеска, осумте ѕвона на северната камбанарија на катедралата Нотр Дам во Париз, која се подготвува повторно да се отвори на 7 декември, пренесе Вашингтон Пост.

„Тоа е убав, важен, симболичен чекор“, рече Филип Јост, раководител на институцијата одговорна за реставрација на катедралата, кој исто така присуствуваше на „премиерата“.

Тој нагласи дека за прв пат по пожарот во април 2019 година, сите ѕвона заѕвониле заедно. За време на пожарот на 15 април 2019 година, се запали дел од северната камбанарија на катедралата, која мораше да се санира.

За да го направат тоа, осумте ѕвона сместени во оваа кула беа внимателно отстранети, исчистени од оловната прашина и обновени пред да се вратат во првобитната состојба.

Обновените ѕвона биле вратени во катедралата во средината на септември.

притисни ентер