На 10 години затвор е осуден поранешен албански министер за животна средина, ќе одлежи помалку

Специјалниот суд против организиран криминал и корупција,  попладнево ја соопшти одлуката за обвинетите во случајот „инценератор во Елбасан" меѓу кои и поранешниот министер за животна средина Лефтер Кока.

На Кока, кој беше уапсен во средината на декември 2021 година му е изречена затворска казна во траење од 10 години, но поради согласноста за скратен судски процес, казната е намалена на 6 години и 8 месеци.

Обвинението го товареше за неколку кривични дела, во врска со истрагата за процедурата за договорот за концесија за изградбата на пречистителната станица за урбан отпад и производство на енергија во Елбасан, централна Албанија, која никогаш не профункционира.

Истрагата покажала дека не е спроведена нормална законска процедура што се однесува до видот на постапката што е користена за доделување на концесијата за која станува збор.

Од фирмите корисници на договорот за концесија побарал, Кока прифатил и примил на индиректен начин неправилни парични поволности преку формирање фиктивна шема за извршување на работите на фирмата концесионер, користејќи некои други фирми што се индиректно контролирани од негова страна, од членови на неговото семејство, како и од страна на трговски субјекти во негова сопственост.

Министер за животна средина на Албанија беше од 2013 до 2017 година.

Во овој коруптивен случај осудени се и бизнисмените Клодијан Зото и Мирел Мертири, кои добија идентична казна како и Кока.

Алќи Блако, поранешен пратеник од Социјалистичката партија, за злоупотреба на службената должност, доби 4 но ќе одлежи 2,8 години.

Осудени се и петмина други носители на високи функции во министерството.

Загина озлогласен руски генерал, чии трупи измачувале заробеници

Генерал-мајор Павел Клименко (47), командант на Петтата специјална моторизирана бригада, загинал на фронтот во Украина.

Како што јави „Радио Слободна Европа“ (РСЕ), неговите сестри ја потврдија смртта на рускиот командант и тој е осмиот генерал на армијата на Руската Федерација, кој загинал од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година.

Деталите за неговата смрт не се официјално соопштени, а британски „Сан“ наведува дека генералот Клименко возел мотор недалеку од линијата на фронтот кога бил цел на беспилотно летало камиказа на Вооружените сили на Украина.

Генералот Клименко бил ранет во тој напад и итно бил префрлен во болница во Доњецк, каде подоцна им подлегнал на повредите. Тој, наводно, ги проверувал контролните пунктови и набљудувачките пунктови кога бил погоден.

Украинските медиуми јавуваат дека генералот Клименко командувал со бригадата во Доњецк, позната по логорите за мачење. Во тие логори затворениците биле мачени и изгладнувани, а повеќе личеле на неформални затвори.

Тие често вклучувале руски војници кои морале да им дадат на генералот и неговите соработници дел од надоместокот што го добивале како резултат на ранетите на фронтот.

Во исто време, генералот Клименко е познат и по испраќањето руски војници во сигурна смрт во таканаречените бранови напади врз украинските позиции попознати како „мелници за месо“.

Тој бил унапреден во чин генерал-мајор пред шест месеци. Според непотврдени информации, по смртта на генералот, неговите соборци го разнеле неговото тело за да ги прикријат трагите од успешниот украински напад.

Протести во Нови Сад: Приведени активистки, блокиран мост (ВИДЕО)

Демонстрантите во Нови Сад вечерва го блокираа сообраќајот преку Варадински мост.

На протестот, кој треба да трае до полноќ, насобраните повикаа уште еднаш да се утврди одговорноста на сите одговорни за трагедијата на станицата во Нови Сад во која загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени, пренесе Индекс.

Во блокадата на Варадинскиот мост во Нови Сад учествуваат околу 1.500 луѓе кои бараат одговорност за трагедијата на станицата, јавува репортер на агенцијата Бета.

Неколку претставници на опозицијата и некои активисти и новинари се пред полициската станица Стари град во Нови Сад. Претходно приведените активистки Мила Пајтиќ и Доротеја Антиќ наводно ги нема, иако Антиќ пред неколку часа стапила во контакт со нејзиниот татко и му ја дала таа адреса.

Барањата се исти како и на протестот одржан во Нови Сад во вторник. Се бараат оставки од градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ и премиерот Милош Вучевиќ, како и отстранување на ознаката за тајност од договорот за реконструкција на станицата.

Мадона јасно покажа дека не го сака Трамп: Се прејадов (ФОТО)

Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД налути многу ѕвезди, меѓу кои и Мадона, која сподели со своите следбеници дека јадела торта со натпис „ Fuck Trump“.

„Изедов премногу“, напиша таа покрај фотографијата од тортата што ја објави во нејзината приказна на Инстаграм. После тоа, 66-годишната пејачка објави приказна во која размислува за неговата победа.

„Се обидувам да сфатам зошто осуден криминалец, силувач, фанатик е избран да ја води нашата земја. Затоа што е добар за економијата?“ напиша таа.

Во пресрет на изборите, Мадона ја поддржа американската потпретседателка и демократска кандидатка Камала Харис и на Инстаграм објави дека се враќа дома од Париз за да гласа.

„Париз беше многу забавен! Беше тешко да се напушти, но морав да одам дома за да гласам за Камала Харис. Претседателка!“ напиша таа минатиот четврток.

Покрај Мадона, Камала ја поддржаа и Тејлор Свифт, Бијонсе, Џенифер Лопез и Карди Би, која исто така го сподели своето незадоволство од резултатите на американските избори.

притисни ентер