Шокираше со своето деколте: Старлетата ги извади имплантите бидејќи сака да биде природна (фото)

Многумина беа во шок кога неодамна го видоа деколтето на познатата британска старлета.

Кејти Прајс (38) се одлучи да ги отстрани имплантите од градите и завршната мисија ја покажа на социјалните мрежи.

Обожавателите и пружија поддршка со зборовите дека нејзините деца ќе бидат горди на неа бидејќи нејзините гради во последно време делувале многу неприродно.

foto: Splash

Одлуката да ги извади силиконите ја донела бидејќи сака да биде поприродна.

Ова е втор пат Кејт да ги оперира градите откако пред некое време и се инфицира имплантот и мораа да го отстранат.


Successful 😋😋

A photo posted by Katie Price (@officialkatieprice) on


Кејт, наводно сака да ги продаде имплантите, а парите да ги донира во добротворни цели.

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со 26% доверба, СДСМ во друштво на ДУИ и ВЛЕН со 7%

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај граѓаните. 

Според најновата анкета на ИПИС, на прашањето за доверба во политичките партии граѓаните изразиле 26 отсто доверба во ВМРО ДПМНЕ.

Следуваат СДСМ, ДУИ и ВЛЕН сите со идентична доверба од 7 насто. По нив е Левица со 5% и ЗНАМ со 4 проценти, информираше на денешниот брифинг со новинарите премиерот Христијан Мицкоски, брифинг кој траеше околу два часа со 30-на новинари во Клубот на пратеници.

Едната анкета е спроведена во период од 9-ти до 13 октомври на 1.500 испитаници, а теренската анкета е спроведена од 1-ви до 20 октомври на 1005 испитаници.

Две лица уапсени откако без дозвола влегле во космодромот Бајконур

Две лица се уапсени откако без дозвола влегле во космодромот Бајконур во Казахстан, соопшти Обвинителството.

Во соопштението од казахстанското обвинителство се наведува дека уапсени се 21-годишен Французин и 26-годишен Германец откако влегле во космодромот за да ја видат руската ракета Енергија.

Во јули, двајца холандски државјани и еден Белгиец беа уапсени кога се обиделе да влезат во комплексот Бајконур.

Космодромот Бајконур се наоѓа во Казахстан, но е изнајмен од Русија. Пристапот до комплексот е ограничен, иако платени тури се достапни за оние кои сакаат да гледаат лансирање на вселенско летало. /МИА

Португалецот Аморим официјално нов тренер на Манчестер јунајтед

Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед денеска официјално за нов тренер го назначи Португалецот Рубен Аморим, кој ќе се пресели во премиерлигашот од клупата на Спортинг од Лисабон.

Аморим доаѓа на Олд Трафорд на местото на холандскиот стратег Ерик тен Хаг, кој беше отпуштен од должноста по поразот од Вест Хем.

Аморим официјално ќе го преземе клубот од „Олд Трафорд“ на 11 ноември, а дотогаш со тимот ќе раководи поранешниот напаѓач на Јунајтед и Холандија, Руд ван Нистелрој.

Како што е соопштено, Аморим потпиша договор до лето 2027 година, со опција за продолжување на уште една година.

„Рубен е еден од највозбудливите и најпочитуваните млади тренери во европскиот фудбал. Беше успешен и како играч и како тренер, со Спортинг двапати го освои португалскиот шампионат, а првата титула беше прва по 19 години“, се вели во соопштението на Јунајтед. /МИА

притисни ентер