Седница на Централното претседателство на ДУИ

Демократската Унија за Интеграција, во понеделник, 21 октомври 2024 година, го одржа 16-тиот состанок на Претседателството на Генералниот совет (Централното претседателство). 

На оваа средба се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и регионот, како и за агендата на активностите во наредниот период.

Поточно, Централното Претседателство на Демократската Унија за Интеграција:

- Оценува дека одвојувањето на Република Македонија од пакетот со Албанија на евроинтегративниот пат претставува лоша вест за земјата и за сите граѓани;

- ДУИ ги поддржува уставните измени согласно преговарачката рамка со ЕУ и ја повикува Владата без етнички легитимитет да покрене соодветна процедура за усвојување на измените во Собранието, во кој случај ДУИ ќе гласа за усвојување на истите час порано. Европската перспектива за ДУИ останува неоспорен приоритет и оваа позиција ја манифестиравме преку колективните оставки на министри во последниот мандат од причини за обезбедување на потребниот политички консензус, во кој случај докажавме дека за нас е поважна европската перспектива.

- Ги повикува сите парламентарни политички партии да го поддржат предлог-законот за ВЕТИНГ на ДУИ, правејќи го овој процес инклузивен и со кој ќе придонесеме за зголемување на кредибилитетот на граѓаните во правосудните органи;

- Повторно ја нагласува важноста на долгогодишната одлука на ДУИ за целосни истраги над сите политички партии, без исклучок, во изминатите 33 години;

- Бара проверка и контрола на потеклото на имотот за сите носители на јавни функции во последните 33 години;

- Повторно ја нагласува потребата од целосна истрага на процесот на приватизација и транзиција заедно со олигархијата создадена од тој процес;

- Ја нагласува потребата од почитување на етничкиот легитимитет на изборниот процес и меѓуетничкиот карактер на институциите во согласност со волјата на гласачите и заедниците;

- Изразува загриженост дека меѓуетничките односи се нарушени од владините политики без етнички легитимитет;

– Апелира до блиските пријатели на нашата земја, до потписниците на Охридскиот договор – САД и ЕУ, за уште поголема посветеност во овој момент за доследно почитување на Охридскиот договор од страна на институциите создадени по последните парламентарни избори;

- Ја нагласува потребата од блиска координација со стратешките партнери во рамките на НАТО за безбедносните институции во земјата;

-Смета дека одлуката на Уставниот суд за укинување на декларацијата за етничка припадност е неуставна одлука и против Охридскиот договор. ДУИ ги демантира сите клевети на Владата без етнички легитимитет за наводна вмешаност на ДУИ во минатото во усвојување на акти каде се елиминира изразувањето на етничката припадност. Одлуката на Уставниот суд ги подели судиите по етничка линија при одлучувањето, враќајќи нè на етничка мајоризација од минатото. Уставот во минатото беше генератор на криза, затоа апелираме до македонските политички партии и меѓународниот фактор да не ги прекршуваат елементите на Охридскиот договор во Уставот на државата.

- Смета дека легитимитетот е национална обврска на сите избрани претставници, затоа уште еднаш упатуваме јавна покана до ВРЕДИ да се откаже од владата каде се понижуваат Албанците, додека ДУИ и Европскиот Фронт не се заинтересирани да учествуваат на таков формат на власта, напротив, потребно е единство за да се запре понижувањето што им се прави на Албанците и на другите заедници.

Централното претседателство на ДУИ ја прифати иницијативата на своите ограноци за одржување на состаноци на ограноците со отворен карактер, со присуство на народ, со присуство на граѓани, на кои ќе учествува и највисокото раководство на ДУИ. Средбите со ограноците со народот почнуваат од среда, каде што првата средба ќе се одржи во Липково во 19 часот, а потоа продолжуваат со втората средба што ќе се одржи во Сарај.

ДУИ

Видео: Јутјубер сака да ја игра секоја игра некогаш создадена

Откако ја загуби колекцијата на видео игри во трагедија, Јутјуберот Џеф Вајерс обнови две од нив преку дигитална емулација. Сега има само една цел.

Јутјуберот Џеф Вајерс, познат на платформата како „Chronologically Gaming“, планира да игра што е можно повеќе игри.

Вајерс започна со игри од 1971 година и веќе ја постигна својата цел да игра голем процент на конзоли, аркадни, компјутерски и рачни игри од 70-тите години со помош на емулатори.

Неговата био на „YouTube“ детално ги прикажува неговите очекувања: „Пробувам нешто што никогаш порано не било направено. Ја играм секоја видео игра по редоследот што е објавена“, вели тој.

Меѓутоа, овој специјалист за игри има свои ограничувања, бидејќи една специфична игра има најмалку 28.000 варијации.

Списокот на игри што нема да ги игра вклучува игри само за возрасни (18+), „Mahjong“,„ Shougi“, „Mainframe“ компјутерски игри, коцкање или игри во казино, квизови, демо, било која компилација, кој било прототип, хакирање или бутлег, игри без микропроцесор, Сите „Commodore 64“ игри и секоја компјутерска видео игра.

Во презентацијата за тоа како го започнал своето хоби, Вајерс објаснил: „Бев голем колекционер. Имав трагедија и ја изгубив целата своја физичка колекција“.

Како резултат на тоа што повеќе не можеше физички да складира игри, Јутјуберот рече дека станал собирач на дигитални игри.

Вајерс моментално работи на видео игрите од ноември 1982 година, покрај неговиот канал на „YouTube“, ентузијастот исто така стримува во живо на „Twitch“, каде што гледачите можат да коментираат и да ги оценат неговите игри.

Извор: Б92

Аеродром во Нов Зеланд воведе правило за три минути гушкање

Знак на аеродромот Данедин во Нов Зеланд стана вирален затоа поставува ограничување за тоа колку долго луѓето можат да се гушкаат во зоната за оставање патници.

- Максимално време за гушкање 3 минути. За подолги збогувања, ве молиме користете го паркингот, стои на неодамна поставениот знак.

Забраната за подолги гушкања предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, но претставник на аеродромот рече дека сето тоа било со цел добра забава.

- Знакот е во согласност со нашето брендирање кое треба да биде малку необично и забавно во начинот на кој испраќаме порака, рече генералната менаџерка на аеродромот Данедин за развој на бизнисот, Меган Крафорд за веб-страницата Stuff.

Во септември, аеродромските оператори го преместија местото оставање патници со возила на друга локација со цел да го подобрат протокот на сообраќај и безбедноста околу терминалот.

Со промената дојдоа и новите знаци. На друг пишува: „Тешко е да се каже збогум, затоа направете го тоа брзо. 3 минути максимум“.

Данедин е втор по големина град на Јужниот Остров во Нов Зеланд со околу 135.000 жители.

Просечната нето-плата во август 41 097 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41 097 денари, што е за 12.9 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (18.9 %), Уметност, забава и рекреација (18.8 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (17.0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (5.3 %), Земјоделство, шумарство и рибарство (4.2 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.2 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во август годинава, изнесувала 61 806 денари.

притисни ентер