Максимална победа за Алкалоид во второто коло на Европскиот шаховски клупски куп

Македонскиот шаховски шампион Алкалоид забележа убедлива победа со 6:0 против шампионот на Словачка, Церо Инвест Нитра во 2. коло на Европскиот клупски куп.

Победите за Алкалоид ги остварија Еригаиси Ајрун (прва табла), Веи Ји (втора табла), Ју Јангји (трета табла), Читамбарам (четврта табла), Нараунан (петта табла) и Александар Инѓиќ (шеста табла).

Следен противник на шахистите на Алкалоид е екипата Бир Шева од Израел, која e долгогодишен редовен учесник на Европскиот клупски куп.

По второто коло 18 екипи имаат максимални четири бода.

Аеродром во Нов Зеланд воведе правило за три минути гушкање

Знак на аеродромот Данедин во Нов Зеланд стана вирален затоа поставува ограничување за тоа колку долго луѓето можат да се гушкаат во зоната за оставање патници.

- Максимално време за гушкање 3 минути. За подолги збогувања, ве молиме користете го паркингот, стои на неодамна поставениот знак.

Забраната за подолги гушкања предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, но претставник на аеродромот рече дека сето тоа било со цел добра забава.

- Знакот е во согласност со нашето брендирање кое треба да биде малку необично и забавно во начинот на кој испраќаме порака, рече генералната менаџерка на аеродромот Данедин за развој на бизнисот, Меган Крафорд за веб-страницата Stuff.

Во септември, аеродромските оператори го преместија местото оставање патници со возила на друга локација со цел да го подобрат протокот на сообраќај и безбедноста околу терминалот.

Со промената дојдоа и новите знаци. На друг пишува: „Тешко е да се каже збогум, затоа направете го тоа брзо. 3 минути максимум“.

Данедин е втор по големина град на Јужниот Остров во Нов Зеланд со околу 135.000 жители.

Просечната нето-плата во август 41 097 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41 097 денари, што е за 12.9 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (18.9 %), Уметност, забава и рекреација (18.8 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (17.0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (5.3 %), Земјоделство, шумарство и рибарство (4.2 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.2 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во август годинава, изнесувала 61 806 денари.

Стојановски: Во новиот буџет за 2025 година ќе има многу позитивни изненадувања за работниците

Она која што е важно да се каже дека целокупната синдикална кошничка се има намалена за 57 денари, но доколку ги видите контрибуторите во синдикалната кошничка.

Додека пратеничката Тренчевска држеше прес конференција оквалификувајќи ги мерките на владата како мерки што не дале резултат, излезе соопштение во која што синдикалната кошничка на синдикатот ССМ укажа на тоа дека мерките на владата кој што се во моментот на сила дале резултати и цената на храната за еден месец е намалена за 935 денари. Она која што е важно да се нагласи е дека економијата е суштинско сериозна тема која што бара систематски пристап, а никако пристап на технички така наречени грешки во кој што се промашуваат процентите за покачување на минимална плата и веднаш по тоа се аплицира тоа кој што е кажано во собранието.

Она која што е важно да се каже дека целокупната синдикална кошничка се има намалена за 57 денари, но доколку ги видите контрибуторите во синдикалната кошничка, ќе видите дека поскапувањето односно драстичното не намалување не доаѓа заради мерките кои што се од владата току заради поскапување на цената на облеката, додека оние мерки кои што се превземаа со проширувањето на позитивната листа на лекови имаат дадено резултат.

Исто и мерката за ограничување на бруто маржа како и стапување на сила законот за нефер трговски практики и за симнување на капацитетите кои што тие закони ке треба да ги контролираат апелираме до пратеничката група на СДСМ да станат по-сериозни да не се случуваат повеќе технички грешки, бидејќи еднаш беше таков случај со амандманите за ребаланс на буџетот, сега е по нив и втората техничка грешка заради тоа што во Собранието е потребна сериозна опозиција, а не опозиција која што за дневно политички теми исфрла памфлет закони кој што нема да го подобрат животот на работниците.

Тоа што е нашата порака до нив е исто дека во наредниот период ќе пристигне и текстот на новиот буџет за 2025 година, таму има многу позитивни изненадувања за сите работници во Р. Македонија, без разлика дали се од приватниот или од јавниот сектор и нека припремат амандмани на начин на кој што може сериозно да го подобрат тој текст, а не да се пишуваат вакви закони кои што повторно ќе кажам немаат врска со реалноста.

Изјава на Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер