СДСМ: Закон за финансиска поддршка на градот и ЈСП, субвенциии за гориво

Како што најавивме, денес сме тука за да ги презентираме нашите конкретни предлози за надминување на кризата во која се наоѓа Град Скопје.

Состојбата е алармантна – јавниот превоз не функционира, сведоци сме на преполни контејнери, смет насекаде, а основните услуги што ги заслужуваат граѓаните се целосно запоставени.

Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска да се вразумат и да престанат да се инаетат на грбот на скопјани.

Не е време за политички препукувања – време е за носење итни, разумни одлуки за решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Скопје, но и сите останати граѓани кои секојдневно престојуваат во Скопје.

Советничката група на СДСМ и коалицијата демонстрира зрелост и лидерство во овие тешки моменти. Затоа, денес пред вас изнесуваме неколку разумни предлози за надминување на кризата во Скопје.

Ви ги претставуваме трите предлози што сметаме дека се клучни за надминување на кризата:

1. Измени и дополнување на Законот за финансиска поддршка на општините и јавните претпријатија основани од нив.

(Овој закон беше донесен во 2018 година од нашата Влада, кога беа сервисирани долговите на општините, вклучително и долгот на Град Скопје од над 30 милиони денари).

- Предлагаме, Собранието на РСМ, по скратена постапка, да ги усвои овие измени за да се обезбеди финансиска стабилност на Град Скопје. Нашите пратеници ќе го поднесат овој предлог.

2. Владата на РСМ итно да донесе одлука за доделување субвенции-евро дизел гориво од државните резерви за нафта.

- Предлагаме Владата на РСМ да обезбеди 2,5 милиони литри евро-дизел од државните резерви на нафта, кои би биле доволни за функционирање на јавниот превоз до крајот на 2024 година.

Ова е мерка што мора да се реализира веднаш, за да се стави крај на агонијата со јавниот превоз.

3. Предлагаме, пратениците во Собранието на РСМ да иницираат свикување на Надзорна расправа во Собранието за состојбата во Град Скопје. Одржувањето на надзорната расправа би било примерот на претходните расправи, за прашања од јавен интерес. Собранието на РСМ, како суверен претставник на волјата на граѓаните има легитимно право да расправа за овие прашања.

Се работи за доброто на сите граѓани, а не за мешање на надлежностите.

Почитувани,

Предлозите за надминување на кризата се СДСМ и коалицијата се реални, остварливи и насочени кон доброто на граѓаните.

Ги повикуваме сите советници во Советот на Град Скопје да ги поддржат овие предлози и да покажат одговорност.

Потребно е обединување на сите политички субјекти за доброто на Скопје.

Скопје не смее повеќе да биде жртва на политички битки. ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска мора да ја преземат својата одговорност и да почнат да работат за доброто на граѓаните.

СДСМ и коалицијата покажуваат и докажуваат дека се коалиција која нуди решенија.

Нашата заложба е јасна: скопјани заслужуваат град кој функционира, град кој обезбедува основни услуги, град кој го штити достоинството на своите жители.

Нема да дозволиме да бидеме параван за лошите политики што го уништуваат нашиот град.

Повикуваме на разум, обединување и заедничка акција за доброто на Скопје.

Време е за решенија. Граѓаните на Скопје тоа го очекуваат од нас.

Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје

Јаневска: Срамота е на учениците да им се ускратува правото поради состојбата со јавниот превоз

Ученици доцнат на училиште – студентите на предавање и испити,– ваква е и денеска сликата во Скопје откако градот се разбуди речиси без јавен превоз.

Ученици денеска не стигнале на првиот а некој од нив ниту на вториот час, а некои од поодалечените места и воопшто не дошле. Учениците велат добро е што наставниците засега имаат разбирање за ситуацијата и не се пишуваат неоправдани извостаноци.

„(Прашање: Доцневте на училиште утринава – ДА да, ви рекоа нешто класните- не не знаат дека нема авотбуси, значи има разбирање од училиштето да да ...“

„Не не нема, во 7.40 тргнав и 20 минути немаше автобус....“

„Пешки, блиску сум, но некогаш користам.... (Прашање: Има соученици кои што доцнеа? )Да на прв час доцнеа....да има разбирање....“

„Доцнат доцнат децата, од 9 доаѓаат наместо од 8, има некој се и од 7.30...Доцниме на работа не можеме работните обврски да си ги извршиме....“

„Ако не дојде автобус пешки ќе одам....“

Дел од директорите на средните училишта со кој стапивме во контакт, велат забележливо било остуство на ученици на првите часови, но во текот на наставата состојабата се стабилизирала. Дали ќе има кратење на часовите, или некоја друга мерка ќе зависи од тоа како ќе се одвива ситуацијата, но и дали надлежните ќе препорачаат такво нешто.

„На првиот час имаше ученици кои каснеа тоа е генерално од приградските населби кои што доаѓаат, меѓутоа вече сите беа присутни од втор час. Ќе видиме како ќе биде сега во втора смена, други насоки се споменуваше околу тоа дали ќе има или нема да има кратење на часови не можеме да донесеме ние таква одлука, чекаме да видиме дали ќе им најава од надлежните институции за тоа...“ -изјави телефонска Митко Димовски – директор на СУГС Гиманзија „Орце Николов“.

Министерка за образование Весна Јаневска посочува дека согласно анализата на МОН од Е дневник утрово немало значајна разлика во отсуствата на учениците, односно неоправдани изостаноци, и таа е на ставот дека настаниците имаат разбирање – но истовремено упати апел до надлежните итно да се најде решение за јавниот превоз.

„Состојбата е многу лоша и срамота е во главниот град на Македонија во суштина да им се оневозможи правото на учениците да добијат соодветно образование, што им е загарантирано право и со Уставот. Искрено се надевам дека ќе се изнајде решение и за оваа ситуација затоа што е недозволиво сите напрои кои ги правиме, промените кои се обидуваме да ги спроведеме за подобробување на квалитетот на образованието да бидат на некој начин спречувани поради неорганизирансот на градските власти....“ -изјави Весна Јаневска – министерка за образование.

Колапсот со јавниот превоз се случува во време на колоквиумски недела – студентите револтирани велат се трудиме да стигенеме на испитите. Студентите од УКИМ синоќа испратија ултиматум до скопската градоначалничка Арсовска – ако не се реши хаосот со превозот тие утре ќе излезат на најавениот протест кој ќе се одржи пред град Скопје.

Средба на пратеникот Љупчо Пренџов со австралискиот амбасадор Даниел Емери

Љупчо Пренџов, претседател на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Австралија и со Парламентот на Нов Зеланд  оствари средба со амбасадорот на Австралија за Македонија, со седиште во Белград, Даниел Емери.

Пратеникот Љупчо Пренџов, претседател на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Австралија и со Парламентот на Нов Зеланд оствари средба со амбасадорот на Австралија за Македонија, со седиште во Белград, Даниел Емери.

На средбата се разговараше за односите меѓу двете земји, кои се оценети како мошне добри и пријателски, при што беа нагласени можностите за унапредување на економската соработка, пред се преку зголемување на нивото на инвестиции во земјава.

Беше истакнато дека следната година се заокружуваат три децении од воспоставувањето на дипломатските односи, како настан што ќе биде пригодно одбележан.

Беше нагласена и улогата на нашата дијаспора во Австралија, која е петта по бројност од неазиските заедници, како значаен мост во билатералната соработка.

Соговорниците се осврнаа и на можностите за унапредување на парламентарната соработка, посочувајќи и на взаемниот интерес за јакнење на политичкиот дијалог меѓу двете земји во рамки на мултилатералните организации, како ИПУ иНАТО.

Зовре атмосферата меѓу Апасиев и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

Собранието на раб на тепачка – пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, со пцовки, навреди и обид за физичка пресметка со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. 

Претходеше долга процедурална расправа меѓу координаторите на двете пратенички групи Мицевски и Крмов, околу тоа колку прашања најавиле а колку поставиле од Левица, во која беше спомнат и Апасиев.. Тој тогаш почна да довикува од место, фрли слушалки кон еден од пратениците, а неговите сопартијци се обидуваа да ја смират тензичната атмосфера.

Откако се смири ситуацијата, на говорницата излезе премиерот Мицкоски, кој беше прашан од Левица зошто Владата дала поддршка за именувањето на Радмила Шекеринска за втор човек на НАТО Алијансата. Тој и денеска повтори дека без ОГЛЕД на идеолошките разлики со неа, логично е да се поддржи единствената Македонка во конкуренција со кандидати од други држави.

Овие дополнителни пратенички прашања се алатка воведена со новиот деловник на Собранието. Целта е покрај редовната седница кадешто се поставуваат прашања до премиерот, министрите и првите луѓе на највисоките државни ограни, за прашања од опозиционерите да биде отстапен дополнителен простор од 2 часа.

притисни ентер