Русите тврдат дека зазеле две села во источна Украина

Русите тврдат дека зазеле две села во источна Украина, Укранците признаваат дека на фронтот има интензивни борби.

Руските сили ги зазедоа селата Серебријанка и Миколаивка во областа Доњецк во источна Украина, соопшти руското Министерство за одбрана, додека воените блогери известуваа за рускиот напредок во близина на клучните градови на фронтот.

Украинскиот Генералштаб соопшти дека неговите сили ги одбиле сите 12 руски напади во областа околу Серебријанка, на северната граница на регионот Доњецк. Се наведува дека жестоки борби ги зафатиле градовите на приодот кон Покровск, следниот клучен логистички град во континуираниот продор на руската војска кон запад во регионот на Доњецк.

Популарниот украински воен блогер DeepState вели дека украинските војници се соочиле со тешка задача да го одбранат Селидово, град југозападно од Миколаивка. Заземањето на Селидово би го отворило патот за руското напредување кон Покровск.

Претходно вчера, руските воени блогери известуваа за борбите околу Селидово и три други градови - Курахово и Хирник на југ и Торечко на североисток.

Руските сили, испратени во Украина во февруари 2022 година, напредуваа во септември со најбрзо темпо од март 2022 година и покрај тоа што Украина зазеде одредена територија по инвазијата на рускиот регион Курск во август.

Фон Дер Лајен: Проширувањето ќе остане врвен пориоритет на ЕK во следните пет години

Проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години

Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро. Речиси сме таму, треба да поминат уставните промени на кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе направат потребните заеднички чекори за напредок и уверена сум исто како и вас дека можеме да ги надминеме пречките кои постојат, рече претседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајен на заедничката прес-конфернција со премиерот Христијан Мицкоски.

- Драг Христијан, бидете сигурен дека проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години. Сега ги имаме сите потребни алатки и инструменти за да го овозможиме тоа, рече таа.

Претседателката на ЕК посочи дека Македонија постигна многу и дека покажа одлучност во преземањето на секој чекор.

- И навистина сакам да ја пофалам Македонија и да одадам почит на луѓето. Сега работата навистина мора да продолжи, рече Фон Дер Лајен.

Премиерот Мицкоски истакна дека Владата високо ја цени заложбата на претседателката на ЕК за нашиот евроинтеграциски пат и дека очекува ЕУ заедно со нас да помогне како да го продолжиме тој пат мпочитувајќи го ставот на граѓаните. Мицкоски изрази убеденост дека заедно може да се надминат овие пречки.

Опожарено возилото на сопственикот на регионалната Телевизија МНЕТ во Штип

 Рано утринава во дворот на семејната куќа на директорот на регионалната Телевизија М НЕТ, Благој Серсемов запален е неговиот автомобил. Во тек е истрагата од страна на истражните органи.

Од регионалниот актив на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) информираа дека во 15 часот е закажана прес-конференција за случајот со опожареното возило на директорот на Телевизија М НЕТ од Штип.

Во текот на вчерашниот ден се подигнати 80 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 80 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во неколку скопски општини.

Дел од активностите се одвиваа во општината Ѓорче Петров, каде што на улицата Лука Геров беше отстранета обемна дива депонија составена од 50 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад.

Воедно, расчистени се и приближно 10 кубни метри непрописно одложен отпад од картонско пакување на улицата Тодор Александров, на потегот што води кон Средно Водно.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на минатата ноќ повторно интервенираа и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) каде што на аголот со улицата Максут Садик се подигнати 20 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени на јавна површина, во непосредна близина на детското игралиште.

притисни ентер