Рекорден број милионери би можеле годинава да ја напуштат Велика Британија

 Околу 9.500 Британци би можеле да ја напуштат земјата поради политички превирања, со ликвиден имот во вредност од најмалку милион долари, што е повеќе од двојно до 2023 година.

Околу 9.500 Британци би можеле да ја напуштат земјата поради политички превирања, со ликвиден имот во вредност од најмалку милион долари, што е повеќе од двојно до 2023 година, изјави денеска советникот за миграција на компанијата „Хенли и партнерс“, Хана Вајт.

Рекорден број милионери оваа година би можеле да ја напуштат Велика Британија поради политичките превирања и можноста за зголемување на даноците под евентуалната идна лабуристичка влада, објави Си-Ен-Ен.

Исходот од предвремените парламентарни избори во Велика Британија, што ќе се одржат на 4 јули, на тој начин може да го загрози статусот на земјата како една од најпопуларните дестинации за богатите.

Вајт во својот извештај наведува дека има многу фактори кои ја прават Велика Британија помалку привлечна за богатите.

„Шокот од Брегзит се уште се чувствува, а Лондон повеќе не се смета за финансиски центар на светот“, нагласи таа.

Си-Ен-Ен забележува дека 16.500 милионери ја напуштиле Велика Британија меѓу 2017 и 2023 година.

Претседателот на Кенија го повлече законот за зголемување на данокот

Претседателот на Кенија, Вилијам Руто денеска најави дека нема да го потпише законот за зголемување на даноците еден ден по немирите во кои демонстрантите упаднаа во зградата на Парламентот, при што загинаа 22 лица.

Руто истакна дека предлог-законот предизвикал „општо незадоволство“ и оти ги слушал граѓаните и се „согласил“ со нив. Тој протестот го нарече предавнички.

Лидерот на кениската опозиција Раил Одинга го осуди убиството на демонстрантите и грубата сила на власта и повика на дијалог. /МИА

Шефот на израелската дипломатија го нарече турскиот претседател „воен злосторник“

Шефот на израелската дипломатија, Израел Кац, во објава на платформата „Х“ го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „воен злосторник“.

Кац напиша дека Ердоган „ја објави својата поддршка за Хезболах против израелската закана. Ердоган е воен злосторник кој убива невини Курди долж сириската граница и се обидува да му го одземе правото на Израел на самоодбрана од терористичка организација која напаѓа од Либан по иранска наредба“.

Турскиот претседател денеска изрази солидарност со Либан поради зголемените тензии со Израел и ги повика и другите земји во регионот да го сторат истото, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер.

Во својот говор Ердоган го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „ментално болен“. /МИА

притисни ентер