Расел излета од патеката на вториот тренинг за Големата награда на Мексико

Вториот тренинг на Големата награда на Мексико беше прекинат во 13. минута поради црвени знамиња.

Британскиот возач на Мерцедес Џорџ Расел имаше несреќа на работ од осмата кривина, удри во преградата. Пилотот сам го напушти болидот кој беше отстранет од патеката.

Дваесет и петгодишниот Британец, кој беше прв на првиот тренинг, успеа да комплетира само четири круга. Тој имашње 19. резултат - 1 минута 19.041 секунди.

Поради замена на заштитната ограда имаше прекин повеќе од 20 минути.

Вечер од 23 часот се квалификациите, додека главата трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Мексико ќе се вози утре од 21 часот./МИА

ЛДП: Забрана на Тик-Ток за малолетници по примерот на Албанија

Албанија се грижи за своите деца и во Албанија одлучуваат Албанците, изјави  првиот човек на Владата Еди Рама

Албанија се грижи за своите деца и во Албанија одлучуваат Албанците, изјави првиот човек на Владата Еди Рама, непосредно откако кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, побара „итно појаснување од албанската влада“ за одлуката за затворање на платформата во рок од една година.

Владата како што изјави Рама, одлуката ја донела по ладнокрното убиство на 14-годишниот мартин цани,ученик од училиштето „Фан Ноли’ во ноември годинава по кавга со негов соученик, и по едномесечни консултации меѓу претставниците на образованието и родителите

-Забраната на ТикТок за (најмалку) една година во Албанија не е избрзана реакција на еден инцидент, туку внимателно разгледана одлука донесена во консултација со родителските заедници во училиштата низ целата земја. ТикТок нема основа да бара појаснувања од Албанија бидејќи во Албанија одлуките ги носат Албанците, а не сопствениците на алгоритмот на ТикТок. Или ТикТок ги штити децата од Албанија или Албанија ќе ги заштити своите деца од ТикТок, се вели во реакцијата на албанскиот премиер.

Од друга страна, од кинеската компанија наведуваат дека не нашле докази дека сторителот или жртвата на тепачката пред училиштето „Фан Ноли“ во Тирана, ја користел платформата.

И во земјава во изминатиов период имаше десетици случаи на повредени деца, кои биле навлечени на предизвикот Супермен на апликацијата Тик Ток, поради што некои со потешки повреди завршија во болница, а најмладиот беше со само 10 години . забрана на тик ток но и регулирање на работата на другите социјални мрежи кај нас, побара партијата лдп.

-Децата стануваат жртви на опасни игри кои се пласираат преку социјалните мрежи. Тие содржини, под маската на „забава“, претставуваат сериозна закана за нивното физичко и ментално здравје, а ние како општество мора да преземеме одговорност и да ги спречиме ваквите несреќи. Немањето соодветна контрола врз содржините кои се достапни на социјалните мрежи овозможува ваквите „игри“ да стигнат до најранливите корисници, велат од лдп.

Комуникологот Бојан Кордалов смета дека наместо забрана Македонија треба да се насочи кон едукација и подигање на свеста за штетноста на Тик-Ток, но и да развие јасна статегија за можностите кои ги дава интернетот.

Албанија е првата земја во регионот која ја забрани платформата Тик-Ток. Користење на апликацијата е делумно или целосно забрането во повеќе земи, како Канада, Данска, ЕУ, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Велика Британија, и САД. Во Франција на децата до 15 годишна возраст не им е дозволено да користат социјални медиуми, освен ако имаат дозвола од нивните родители.

Австралија неодамна го усвои најстрогиот закон за социјални медиуми во светот, забранувајќи им на децата под 16 години да користат каква било платформа.

ДУИ ја обвинува ВРЕДИ за лажни ветувања за евроинтеграциите

Евроинтеграцијата е приоритет, ќе седнеме да разговараме како понатаму, вели Таравари.

ДУИ денеска го критикуваше застојот во евроинтергациите и ја обвини коалицијата ВРЕДИ за лажни ветувања дека ќе го преиспита своето учество во владата доколку за 6 месеци устваните измени не бидат усвоени.

Таравари одговори дека евроинтеграациите остануваат приоритет, а како понатаму ќе разговара со останатите лидери во ВРЕДИ.

Стручен надзор во Детската клиника за смртта на 7 месечното бебе

Денеска се очекува да заврши стручниот надзор оформен од Министерството за здравство кој треба да покаже дали имало пропуст во лекувањето на седум месечниот Дамјан, кој почина на Детската клиника, откако претходно беше одбиен за хоспитализација.

За случајот од СДСМ и ДУИ бараат оставка од Таравари и од директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди, поради направените пропусти кои резултирале со смрт на 19 бебиња и едно петгодишно дете во рок од шест месеци. Тарвари, не смета дека е логично и морално за секое починато дете да се бара оставка од министерот за здравство.

Од друга страна извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој утврди дека во моментот на прегледот во амбулантата немало доктор специјалист се уште не е испратен во Лекарската комора, поради што комората не може да преземе никакви мерки. Од таму велат дека ќе постапат според надлежностите дури откако ќе го добијат извештајот од ДСЗИ и од стручниот надзор од Министерството за здравство.

И покрај зачестените трагедии, граѓаните се уште имаат доверба во персоналот на Детска клиника.

Скопското обвинителство за овој случај се уште нема оформено предмет. Од таму информираат дека сепак имаат оформено предмет за 14 месчното бебе кое неодамна исто така почина на Детска клиника, откако не било навреме хоспитализирано.

притисни ентер