Прва читачка проба на претставата „Народен пратеник“

Првата читачка проба на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во адаптација и режија на Егон Савин започна денеска, а асистент на режија е Шенај Мандак, соопшти МНТ.

Во претставата играат: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов и Тања Кочовска. Како сценограф се потпишува Весна Поповиќ, костимограф е Роза Трајческа - Ристовска, а преводот е на Загорка Поп-Антоска Андовска.

Овој „Народен пратеник“ е трета постановка на познатата драма на Бранислав Нушиќ. Првата постановка премиерно е изведена на 8 мај 1945 година, во режија на Тодор Николовски, и таа е втората поставена драма на сцената на МНТ.

Поставена е уште еднаш - 24 април 1993 година, во режија на Димитрие Османли. Таа е една од најпосетените и најдолговечни претстави: се игра до 2008 година, со вкупно 188 изведби. Режисерот Савин и авторот Нушиќ се неминовен и неизоставен дел од МНТ.

Егон Савин се враќа во МНТ по подолг период – ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги има поставено „Злосторство и казна“ (1994) и „Лаж и паралаж“ (1996). Бранислав Нушиќ, пак, е еден од најпоставуваните автори на сцената на МНТ. Во 80 години постоење, од 1945 година до денес, поставени се осум негови дела со вкупно шеснаесет постановки од повеќе режисери и во различни верзии.

Данела Арсовска нема да се кандидира за нов мандат

„Апсолутно не размислувам за нов мандат“ – се зборовите со кои градоначалничката Данела Арсовска денеска откри и ги отфрли сите можности повторно да се кандидира за прв човек на Скопје на локалните избори догодина. 

Причина за тоа, како што кажа, е поларизираната атмосфера која ја наметнуваат политички елити во државата, кои според нејзе не заслужуваат соработка со луѓе кои сакаат да донесат позитивни промени. Обвини, ако некој не „игра“ по нивно, тогаш се соочува со блокади и саботажи од страна на градскиот совет, а на тој начин вели одбива да работи.

-Јас кога се кандидирав за градоначалник ја имав поддршката од страна на ВМРО-ДПМНЕ, која за жал не успеа да се надмине себеси, односно неговото раководство, суетите се преголеми да му дозволите некому да работи без да му кажувате што и како да прави и благодарам, меѓутоа јас од такви луѓе и од луѓе кои што знаат само да саботираат и да блокираат не би сакала ни сакала никогаш повеќе да работам. - Данела Арсовска – Градоначалник на Скопје.

Арсовка ова го откри на претставувањето на новите шест ЦНГ - автобуси со кои се поднови ЈСП и се од турско производство, а се донација од ЕУ. Засега истите не се знае на која линија ќе сообраќаат, а на улица граѓаните ќе можат да ги видат за околу две недели, откако ќе завршат техничките процедури. Амбасадорот на ЕУ во земјава Рокас и министерот за животна средина Меџити кажаа дека пред се, со ваков тип на автобуси, целта е да се намали загадувањето.

Сепак, овие шест автобуси се далеку од решение на моменталната состојба на ЈСП. Се уште се користат владините 250те тони гориво кои беа позајмени на претпријатието, а се доволни за 10 до 14 дена. Во меѓувреме распишана е јавна набавка по скратена постапка за директно преговарање со добавувач, но до каде е процедурата, градоначалничката не откри. Арсовска сепак посочи дека главниот проблем останува долгот од државата кон претрпијатието за студентски стандард кој во јануари ќе изнесува 10 милиони евра, пари кои се потребни за сервисирање на автобусите, од кои повеќето се со дефекти паркирани во депоата.

Хуманитарен концерт на неколку штипски здруженија

Здружението на слeпи лица-Штип заедно со фолклорниот ансамбл „Ветерани“ и здружението на пензионери организираат хуманитарен концерт, кој  вечер ќе се реализира на сцената на Центар на култура „Ацо Шопов“ Штип со почеток од 18 часот. 

Претседателот на Здружението на слепи лица, Драги Витанов вели влезот е слободен, но со можност граѓаните, љубителите на народната музика да донираат средства, кои ќе се искористат за голем број активности на здружението на слепи лица, кои догодина слават 70 годишен јубилеј.

-Собраните средства ќе бидат наменти за активности на здружението на слепи лица на град Штип. Планираме да организираме меѓународни шаховски турнири, концерт, ќе имаме гости од Бугарија и Сребија и слично, изјави Витанов.

Овој концерт се реализира за првпат годинава, со тенденција да прерасне во традиција. Концертот ќе се одвива во неколку делови, а ќе има гости од повеќе градови од државата.

-Од нашиот град ќе бидат група „Бекрии“, оркестарот при здружение на пензионери Штип, пеачката група „Орнаменти“, народниот оркестар, гости ќе имаме од Кочани, пријатели од Пробиштип, Штип и солисти од слепите лица од Кочани и Штип, вели Ванчо Ристов претседател на Фолклорен ансамбл на ветерани-Штип.

Дали имало состанок за враќање на Груевски во Македонија?

Четири дена по ред, откако неделникот Фокус објави текст за наводната средба кај поранешниот претседател Пендаровски лани на која се договорало враќање на Груевски, коалицијата ВРЕДИ ги прозива ДУИ и Ахмети и бара одговори.

Преку соопштение од ВРЕДИ тврдат дека планот, кој за нив е нож во грб на Албанците, бил оркестриран токму од високо позиционирани луѓе во ДУИ.

-За враќање на Груевски и амнестија беа искористени тајните средби, притисокот врз институциите и вмешаноста на високи функционери. Но, овој срамен план пропадна и сега Албанците бараат одговори. Од Скопје му велиме на Али Ахмети, немој да се криеш во Швајцарија, туку врати се и дај отчет. Зошто сета оваа љубов кон Груевски? Што имаш ти со тоа? Какви пазарења направивте и што се обидувате да скриете од Албанците?....прашуваат од ВРЕДИ.

Темата за наводната средба што се одржала во март 2023 година во Вила Водно, за која и претходно се шпекурираше во јавноста, се актуелизира откако Фокус објави детали, според кои целата операција била пробиена од вработен во кабинетот, близок до Блерим Беџети, кој според информациите на недлелникот не забележан од никого успеал да го сними состанокот на кои присуствувал целиот државен врв, челниците на ДУИ и дел од највлителните амбсадори..

-Административен службеник во кабинетот на тогашниот претседател Стево Пендаровски тајно снимил дел од разговорите што се воделе на тој начин што влегол во кабината каде што се вршел превод за потребите на еден учесниците на таа средба, и успеал без никој да го забележи да го остави телефонот вклучен на снимање, после исто така без никој да го примети да го земе телефонот. Од таа аудио снимка која трае некои 40 минути направен е извештај. За тоа говореше и Груевски во контекст дека тој бил наводниот крунски доказ за тој да биде обвинет од сегашното раководство на ВМРО ДПМНЕ дека имал таен договор со власта за амнестија,- изјави – Влатко Стојановски – новинар во Фокус .

Транскриптот од средбата, како што пишува Фокус, завршил кај Блерим Беџети кој тогаш беше дел од огнената група која се отцепи од ДУИ, а откај него извештајот дошол до ВМРО ДПМНЕ.

Беџети, исто како и ДУИ претходно, во целост ги демантира наводите. Во телефонски разговор за Канал 5 вели дека ќе бара извинување од Фокус, а ако не го добие ќе поднесе тужба.

За оваа наводна средба, во јавноста уште тогаш се говореше во контекст на устваните измени и обидот да и се наштети на тогашната опозиција, но никој официјално не ја потврди. Единствено претседатлот Пендаровски во интервју кажа дека од некои актери на политичката сцена неформално бил консултиран за помилување на Груевски, но рече дека тоа експресно го отфрлил како можност.

притисни ентер