Канал 5 во Стразбур: Македонија да го искористи моментумот и шансата за деблокада

Нема можности за промена на преговарачката рамка за Македонија, доколку Бугарија не се согласи на тоа - велат извори од ЕП.

Според нив, уставни измени со одложено дејство би можеле да бидат некаков вид на решение, но официјална Софија мора да се согласи на таков вид на толкување.

Очекувањата се по изборот на новата ЕК земјата да го искористи моментумот и шансата за деблокада на ЕУ интеграциите.

Во ЕП велат дека свесни се за односите меѓу Македонија и Бугарија, но и за геополитичкага ситуација на континентот.

На таа линија е и Карол Реслер, претседавачот на мешовитиот комитет ЕП -МК . Според него, не треба да се има илузија дека постои магично решение за деблокада на МК интеграциите. Но, вели дека Унијата мора да буде свесна за ситуацијата во која се наоѓа и да помогне преку отворен дијалог да се изнајде решение.

Поралите од Стразбур доаѓаат ден пред изборот на новата ЕК во ЕП и новата евроконесарка за прошриување Марта Кос која доаѓа на местото на Оливер Вархеји.

ЕУ воведе санкции кон тројца сириски министри поради кршење на човековите права

На листата на ЕУ на санкционирани поради случувањата во Сирија, воведена во 2011 година, сега се наоѓаат 318 лица и 86 ентитети. 

Советот на ЕУ донесе одлука на листата на физички и правни лица кон кои се воведени рестриктивни мерки поради случувањата во Сирија, да додаде тројца членови на сириската Влада поради поврзаност со континуираната репресија и кршењето на човековите права, соопшти денеска Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Станува збор за неодамна именуваните министри за внатрешна трговија и заштита на потрошувачите, Луаји Емад Ел-Дин ал-Мунајџид и за нафта и минерални ресурси, Фирас Хасан Гадур и за државниот министер Ахмед Мохамад Бустаџи.

Како што се наведува во одлуката на Советот на ЕУ, како членови на Владата на Сирија, тројцата ново санкционирани ја споделуваат одговорноста за „континуираната насилна репресија на сирискиот режим врз цивилното население“.

На тројцата сириски министри им се забранува патување во ЕУ и им се замрзнува имотот во Унијата, а на поединци и субјекти од блокот им се забранува директно или индиректно да им обезбедуваат средства или економски ресурси.

На листата на ЕУ на санкционирани поради случувањата во Сирија, воведена во 2011 година, сега се наоѓаат 318 лица и 86 ентитети.

- Европската Унија повторува дека единствениот пат кон одржлив мир во Сирија е политичко решение во согласност со Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на Обединетите нации. ЕУ ја осудува континуираната политика на репресија и кршење на човековите права врз сопственото население од страна на сирискиот режим, како и неговата децениска опструкција на политичкото решение (на конфликтот), се наведува во соопштението. /МИА

Јанчев: Интензивно се работи на изградбата на кејот на реката Луда Мара до болницата

Интензивно се работи на изградбата на кејот на реката Луда Мара до Општа болница Кавадарци која ќе го дополни убавиот кеј кој се протега се до с.Ваташа.

Во тек е изградбата на минор коритото, ќе се постави ново улично осветлување и урбана опрема, ќе се продолжи кеј-шеталиштето што претходно беше најзапуштениот дел во нашиот град. Проект од особено значење за овој дел на градот. Финансиската конструкција за овој проект изнесува 1 милион евра.

Кавадарци за сите, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Омилениот нискобуџетен филм на Тарантино

 Квентин Тарантино е познат по љубовта кон среднобуџетните и нискобуџетните тн. „Б-филмови“ и слични „жанровски експерименти“.

Оние филмови, пак, коишто тој ги режираше, како „Убиј го Бил“ 1. и 2. дел и „Отпорен на смртта“, се класици што неодоливо потсетуваат на акционите филмови од 1970-тите. Таа страст го навлекла режисерот и на култниот филм „Побрзо, маче, убиј, убиј!“ (Faster, Pussycat! Kill! Kill!) во режија на Рас Мајер, од 1965 година.

А пак, една од глумиците во тој филм - Сузан Бернард имала посебно влијание врз Тарантино. Следствено, нејзиниот син - режисерот Џошуа Џон Милер за „Колајдер“ (Collider) споделува како, додека работел на својот филм „Егзорцизам“, Тарантино неочекувано му се јавил...

- Тој ми рече: „Само што гледав филм со Вашата мајка, и тоа е најдобриот филм што некогаш сум го гледал, и никој не знае за тоа!“, открива Милер.

Тој тоа го сфатил како знак на поддршка и дополнителна мотивација да го заврши својот проект.

Филмот на Милер, во којшто глуми Расел Кроу, имал тежок пат до реализацијата. Снимањето почнало 2019 година, но пандемијата го одложило, па тоа продолжи дури во 2023 година „Егзорцизам“ беше премиерно прикажан на 21 јуни оваа година - на истиот датум, но пет години по смртта на Сузан Бернард. Тарантино, пак, дента го прикажа филмот „Побрзо, маче“ во полноќната програма на неговото омилено кино. Милер се пошегува:

- Ако не Ви се допаѓа филмот, внимавајте - мајка ми ќе дојде по вас.

Иако „Побрзо, маче, убиј, убиј!“ беше критички и комерцијален неуспех по издавањето, подоцна стана култно дело поради субверзијата на родовите улоги во 1960-тите. Очигледно, Тарантино го смета за еден од најдобрите филмови на сите времиња. /МИА

притисни ентер